Основи наБиблијата Студија 4: Бог и смрт Природата на човекот | Душата | Духот на човекот | Смртта е бесвесност | Воскресението | Судот | Местото на награда: небесата или земјата? | Одговорноста кон Бога | Пекол | Цигресии (Чистилиште, Духови и препородување, Со каква природа сме воскреснати?, Опфатеност) | Прашања |
Осврт 14: ОпфатеностРаширено е верувањето во 'евангелиските' цркви дека праведните ќе се 'опфатени' горе а небо при враќањето на Христос. Тоа верување е често поврзано со идејата дека земјата тогаш ќе биде уништена. Ние гледаме во Осврт 9, дека тоа е невозможно. Исто така покажавме во студија 4.7, дека местото на награда е на земјата, не на небо. Овие погрешни верувања се основани околу едно погрешно толкување на 1Сол.4:16,17: "Сам Господ... ќе слегне од небото, и најнапред ќе воскреснат мртвите; а потоа, ние, што сме останале живи, заедно со нив ќе бидеме грабнати на облаците, за да се сретнеме со Господа во воздухот, и така секогаш ќе бидеме со Господа". Освен за очевидната опасност на основање такво едно големо верување на само еден пасус од Писмото, треба да се забележи дека нема никакво спомнување тука, дека праведните ќе се однесат горе на небесата. Христос се спушта од небото пред да го пресретнат верниците. Христос ќе владее засекогаш на престолот Давидов во Ерусалим, и ние ќе бидеме со него, овде на земјава. Затоа е невозможно дека ние ќе ја проведеме вечноста со него, обесени во сред воздух. 'Воздухот' проширен само неколку километри над земјината површина значи дека тоа не може да се однесува на небесата, Божјото место на живеење. Грчката фраза преведена "грабнати" значи дословно тоа; и не содржи никаква идеја за некој одреден правец. Се појавува во Лев.6:4 и 5Мој.28:31 во грчкиот Стар завет (Септагинт) да опише 'грабење' на добра во грабеж. Исто се појавува во Дела 8:39: "Филипа го грабна ангел Господов. И Етиопјанинот не го виде веќе... Филип се најде во Азот". Тука е запишано како Филип беше чудесно пренесен од едно место на земјата до друго. Кога Христос ќе дојде, одговорните ќе бидат собрани на местото на судот; тие нема да бидат оставени да патуваат сами до таму. Можно е дека нашиот начин на пренос до таму ќе биде дословно низ воздухот. Исус рече "во денот, кога ќе се јави Синот Човечки... двајца ќе бидат на нива: едниот ќе го земат, а другиот ќе го остават" (Лк.17:30,36). Тоа ја нуди истата слика на ненадејно грабнување. Учениците нестрпливо прашаа "Каде Господи? А Он им рече: Каде што е телото, таму ќе се соберат и орлите" (Лк.17:37). Како што орлите нагонски летаат низ воздухот и слетуваат онаму кај што е мршата, така одговорните ќе бидат донесени на местото каде ќе го пресретнат својот Господ за суд. Треба повторно да ја истакнеме важноста на учењето за судот на Христос; одговорните мора прво да се појават, пред праведните од нив да бидат наградени. Површното читање на 1Сол.4:16,17 може да не одведе во заклучок дека сите одговорни ќе бидат грабнати во воздух, и ќе останат таму со Христа, засекогаш. Наместо тоа, ние знаеме дека одговорните ќе бидат собрани на местото на судот, со можноста дека ќе бидат пренесени низ воздухот, и дека потоа ќе ја примат својата награда. |