Основи наБиблијата
Студија 4: Бог и смрт
Природата на човекот | Душата | Духот на човекот | Смртта е бесвесност | Воскресението | Судот | Местото на награда: небесата или земјата? | Одговорноста кон Бога | Пекол | Цигресии (Чистилиште, Духови и препородување, Со каква природа сме воскреснати?, Опфатеност) | Прашања

4.5 Воскресението

Библијата истакнува дека наградата на праведните ќе биде при воскресението, при враќањето Христово (1Сол.4:16). Воскресението на одговорните мртви (види студија 4.8) ќе е првото нешто што Христос ќе направи; тоа ќе се проследи со судот. Ако 'душата' отишла на небо при смртта, не би имало потреба за воскресение. Павле рече дека, кога не би имало воскресение, тогаш сите напори на покорност кон Бога се бесмислени (1Кор.15:32). Сигурно не би расудувал така, ако верувал дека неговата награда ќе биде 'душата' да му оди на небо по смртта. Импликацијата е таа, што верувал дека воскресението на телото е единствениот вид награда. Христос не охрабри со очекувањето дека отплатата за верното живеење сега, ќе биде при воскресението (Лк.14:14).

Повторно мора да се посочи, дека Библијата не учи за никаков облик на постоење освен телесниот, тоа се однесува за Бога, Христа, ангели и луѓе. При неговото враќање, Христос "ќе го преобрази нашето понизено тело така, што тоа ќе стане подобно на Неговото славно тело" (Филип.3:20,21). Како што тој сега има буквално телесен облик, исполнет со чиста енергија од Духот наместо крв, така и ние ќе ја споделиме истата награда. При судот ние ќе примиме надомест за тоа како сме го живееле својот живот во телесен облик (2Кор.5:10). Оние кои живееле телесен живот (сензуален) ќе се остават со своето смртно тело, кое ќе се распадне назад во прав; додека оние кои во своите животи се труделе да го премавнат телесниот ум со оној од Духот, ‘од духот ќе пожнеат вечен живот’ (Гал. 6:8) во вид на едно духовно, исполнето тело.

Има уште многу докази дека наградата на праведните ќе биде во телесен облик. Штом еднаш се прифати тоа, суштествената важност на воскресението треба да е јасна. Нашето сегашно тело јасно престанува да постои по смртта; ако ние единствено можеме да искусиме вечен живот и бесмртност во телесен облик, следува дека смртта мора да е состојба на бесвесност, се до она време кога нашето тело ќе биде пресоздадено и ќе му се даде Божја природа.

Цело 1Кор.15 говори подробно за воскресението; секогаш се исплатува внимателното читање. 1Кор.15:35-44 објаснува како семето е посеано и потоа никнува од земјата за од Бога да му се даде тело, така и мртвите ќе станат, да бидат наградени со тело. Како што Христос стана од гроб и неговото смртно тело беше изменато во бесмртно, така вистинскиот верник ќе ја дели неговата награда (Филип.3:21). Преку крштевањето ние се поврзуваме со Христовата смрт и воскресение, покажувајќи го своето верување дека ние исто, ќе ја делиме наградата што тој ја прими преку своето воскресение (Рим.6:3-5). Со споделување на неговите страдања сега, ние исто ќе ја споделиме и неговата награда: "И секогаш во телото наше ја носиме смртта на Господа Исуса, така што и животот Исусов да се открие во телото наше" (2Кор.4:10). "Оној , Кој Го воскресна Христа од мртвите, ќе ги оживотвори и вашите смртни тела преку Својот Дух" (Рим.8:11). Со таа надеж, према тоа чекаме за "откупување на нашето тело" (Рим.8:23), преку чинот да се направи тоа тело бесмртно.

Оваа надеж за дословно телесна награда беше сфатена од Божјите луѓе од најрани времиња. На Авраам му беше ветено дека, лично ќе ја наследи земјата хананска засекогаш, толку сигурно колку што одеше горе долу по неа (Бит.13:17; види студија 3.4). Неговата вера во тие ветувања би му го произвела неопходното верување, дека неговото тело некако, во иднина би било препородено и обесмртено, за да се овозможи тоа.

Јов јасно го изрази своето разбирање за тоа како, во пркос на тоа што телото ќе му го изедат црви во гробот, тој ќе ја прими својата награда, во телесен облик: "Јас знам, Искупителот мој е жив, и Он во последниот ден ќе ја крене мојата гнилежна кожа, и јас во телото мое ќе го видам Бога. Јас сам ќе го видам; моите очи, не очите на друг, ќе Го видат. Срцето ми се топи во градите мои" (Јов 19:25-27). Надежта на Исаија беше иста: "Твоите мртовци ќе оживеат, мртвите тела ќе воскреснат" (Иса.26:19).

Слични зборови има во приказот за смртта на Лазар, личен пријател од Исус. Наместо да ги теши сестрите негови со говор дека душата му отишла на небо, Господ Исус зборуваше за денот на воскресението: "Твојот брат ќе воскресне". Моменталниот одговор од сестрата на Лазар, Марта покажува колку многу тоа беше увидено од раните христијани: "Марта Му рече: Знам дека ќе воскресне при воскресението, во последниот ден" (Јв.11:23,24). Како и Јов, таа не ја подразбираше смртта како излез кон живот во блаженство на небото, туку, се надеваше на воскресение "во последниот ден". Господ ветуваше: "Секој што чул од Отецот и се научил... Јас ќе го воскреснам во последниот ден" (Јв.6:44,45).


  Back
Home
Next