Основи наБиблијата
Студија 4: Бог и смрт
Природата на човекот | Душата | Духот на човекот | Смртта е бесвесност | Воскресението | Судот | Местото на награда: небесата или земјата? | Одговорноста кон Бога | Пекол | Цигресии (Чистилиште, Духови и препородување, Со каква природа сме воскреснати?, Опфатеност) | Прашања

4.2 Душата

Во светло на претходното треба да е непоимливо дека човекот има 'бесмртна душа' или било каков бесмртен елемент природно во себе. Сега ќе се обидеме да ја разјаснеме забуната која го опкружува зборот 'душа'.

Еврејскиот и грчкиот збор кои се преведени 'душа' во Библијата ('нефеш' односно 'психа') се исто преведувани на следниве начини:

Тело
Здив
Суштество
Срце
Памет
Особа
Тој
самиот

'Душа' према тоа се однесува на личноста, телото или себе. Славното 'Save Our Souls' (S.O.S) значи јасно 'спасете не од смрт!' 'Душата' си према тоа 'ти', или збирот на сите работи кои ја прават личноста. Разбирливо е, затоа, што многу современи верзии на Библијата (пр. N.I.V.) ретко го користат зборот 'душа', преведувајќи го во замена со 'ти' или 'личноста'. Животните кои ги создаде Бог се наречени "живи суштества" (Бит.20,21). Еврејскиот збор овде преведен ‘суштества’ е 'нефеш', кој е исто преведен ‘душа’ на пример во Бит.2:7: "и човекот стана жива душа". Значи човекот е 'душа', како што се и животните 'души'. Единствената разлика меѓу човечкиот род и животните е тоа што човекот е душевно посупериорен; тој е создаден во физичкиот образ Божји (Бит.1:26; види студија 1.2), и некои луѓе се повикани да го знаат евангелието со кое им е откриена надежта за бесмртност (2Тим.1:10). Во поглед на основната ни природа и природата на нашата смрт, нема никаква разлика меѓу човекот и животните:

"Зашто се што се случува со синовите човечки, се случува и со животните; крајот им е ист (забележи го двојното истакнување): како умираат едните, така умираат и другите... и човекот нема предимство пред добитокот... Се (т.е. човекот и животните) оди на едно место (в гроб); се произлегува од земја, и се ќе се врати во земјата" (Проп.3:19,20). Вдахновениот писател на Еклизијастот се молеше Бог да им помогне на луѓето да го увидат овој факт, "и ќе им покаже (на луѓето) оти тие сами по себе се животни" (Проп.3:18). И затоа е за очекување дека многу луѓе ќе го најдат овој факт тежок за прифаќање; всушност, може да биде понижувачко спознавањето дека по природа сме тек животни, кои ги доживуваат истите нагони на самоодбрана, опстанување на способните и раѓање. Преводот во N.I.V. на Проп.3:18 вели дека Бог го 'тестира' човекот со тоа што го тера да увиди дека е само едно животно; т.е. оние кои се доволно покорни да Му бидат вистински народ ќе ја увидат таа вистина, но оние кои не се, ќе паднат на тој ‘тест’. Филозофијата на хуманизмот, идејата дека луѓето се од врвна важност и вредност, се има тивко раширено низ светот за време на 20 век. И е значајна задача да ги исчистиме нашите мисли од влијанието на хуманизмот. Јасните зборови на Пс.38:5 се од помош: "навистина, се е суета, секој човек што живее". "Не е во власта на оној кој оди, за да ги исправа стапките свои" (Јер.10:23).

Една од најосновните работи која ја знаеме е дека сите човечки тела, всушност сите "живи суштества", конечно умираат. 'Душата', према тоа, умира; тоа е точно спротивното од нешто што е бесмртно. Не е за изненадување дека околу една третина од сите употреби на зборовите преведени 'душа' во Библијата се поврзани со смртта и уништувањето на душата. Самиот факт што зборот 'душа' се користи на овој начин покажува дека не може да биде нешто што е неуништиво и бесмртно:

-"Која душа греши, таа ќе умре" (Јез.18:4).

-Бог може да ја погуби душата (Матеј 10:28). Други препораки за душите дека се погубуваат се: Јез.22:27; Изрек.6:32; Лев.23:30.

-Сите ‘души’ кои беа во градот Асор беа погубени со меч (Исус 11:11; ср. Исус 10:30 - 39).

-"се живо изгина" (Отк.16:3; ср. Пс.77:50).

-Честопати законот Мојсеев заповедаше дека било која ‘душа’ да е непокорна на одредени правила треба да се погуби (пр. Бро.15:27-31).

-Препораки за душата дека е фатена во стапица, или задавена имаат смисла само ако се сфати дека душата може да умре (Изрек.18:7; 22:25; Јов 7:15).

-"Никој не може да ја одржи во живот својата душа" (Пс.21:29 евр. текст).

-Христос "душата Своја на смрт ја предаде" така да неговата ‘душа’, или живот, беше понуда за грев (Иса. 53:10,12).

Дека 'душата' се однесува на личноста или телото, повеќе отколку на некаква бесмртна искра во нас е покажано во многуте стихови каде што се појавува зборот. Некои очигледни примери се:

-"Крв од бедните" (‘душите’ евр. текст (Јер.2:34)).

-"А кога некој (душа) згреши со тоа што изрекол клетва... па не кажал ... ако некој (душа) се допре до каквагоде нечиста работа... ако некој (душа) изјави со устата своја... клетва" (Лев.5:1- 4).

-"Душо, моја... целата моја внатрешност... Благословувај го душо моја Господа... Кој ја исполнува со блага твојата желба" (Пс.102:1,2,5).

-"Кој сака да ја спаси својата душа, ќе ја загуби; а кој ја загуби душата своја заради Мене... ќе ја спаси" (Мк.8:35).

Ова е доволен доказ дека душата не се однесува на некој духовен елемент во човекот; овде 'душа' (грчки 'психа') само значи нечиј физички живот, како што е и преведено тука.

-Бро.21:4 покажува дека група луѓе можат да имаат една ‘душа’. Према тоа ‘душата’ не може да се однесува на една искра на лична бесмртност во било кој од нас.


  Back
Home
Next