Основи наБиблијата
Студија 4: Бог и смрт
Природата на човекот | Душата | Духот на човекот | Смртта е бесвесност | Воскресението | Судот | Местото на награда: небесата или земјата? | Одговорноста кон Бога | Пекол | Цигресии (Чистилиште, Духови и препородување, Со каква природа сме воскреснати?, Опфатеност) | Прашања

Осврт 11: Чистилиште

Римокатоличката црква учи дека душите на Божјиот народ можат да одат во едно место наречено 'чистилиште' по смртта, кое е на пола-пат куќа, помеѓу 'небото' и 'пеколот'. Тие учат дека е тоа место на чистење, каде душата страда некое време пред да добие спасение во небото. Молитвите, палењето свеќи и паричните подароци на црквата, од лицето и неговите пријатели, би требало да го скратат времето на страдање на душата во 'чистилиштето'. Големата заблуда на тие идеи ќе се утврди од следново:

-Библијата молчи за постоењето на вакво едно место.

-Ние покажавме дека душата се однесува на нашето тело, а не на некој бесмртен елемент во нас, и дека 'пеколот' е гроб а не место на мачење.

-На праведниците никогаш не им е ветено спасение на небото. Доделувањето спасение ќе биде кај судот, по враќањето на Христос, а не во некое време по смртта кога ние наводно го напуштаме ‘чистилиштето’ (Мт.25:31-34; Отк.22:12).

-Сите праведници ги примаат своите награди истовремено, а не секој да добива спасение во различно време (Евр.11:39,40; 2Тим.4:8).

-Смртта е пропратена со целосна бесвесност, повеќе отколку со активностите предложени со учењето за чистилиштето.

-Ние сме прочистени од своите гревови преку крстењето во Христа и развивањето цврста вера во неговото дело за време на нашиов сегашен живот, а не преку некаков период на страдање по смртта. Нам ни е речено "очистете го стариот квас" на грев во својот живот (1Кор. 5:7); да се очистиме од делата грешни (2Тим.2:21; Евр.9:14). Нашето време за прочистување, према тоа е сега, во овој живот, а не во некое место на чистење ('чистилиште') во кое влегуваме по смртта. "Сега е денот на спасението... сега е времето благопријатно" (2Кор.6:2). Нашата послушност кон Бога со крстењето и развивањето еден духовен карактер во овој живот, води кон нашето спасение (Гал.6:8), не поминувањето на некој период во 'чистилиште'.

-Напорите на другите да не спасат со палење свеќи и други даноци кон католичката црква, воопшто не делуваат врз нашето спасение. Оние што се надеваат на "големото богатство свое, чујте: братот не може да се искупи; а може ли човекот да се откупи? На Бога нема да му даде откуп за него, ниту цена за откуп на душата своја" (Пс.48:6-9).


  Back
Home
Next