Основи наБиблијата Студија 4: Бог и смрт Природата на човекот | Душата | Духот на човекот | Смртта е бесвесност | Воскресението | Судот | Местото на награда: небесата или земјата? | Одговорноста кон Бога | Пекол | Цигресии (Чистилиште, Духови и препородување, Со каква природа сме воскреснати?, Опфатеност) | Прашања |
Осврт 12: Духови и препородувањеВерувањето дека човекот продолжува да живее во обликот на друга особа или животно да е опседнато со неговиот дух, беше еден од најраните начини со кој човекот се обиде да се увери дека смртта не беше така конечна како што изгледаше. Ние покажавме дека духот на човекот се однесува на здивот/животната сила во него, која се враќа кај Бога по умирањето (Проп.12:7). Тоа значи дека неговиот дух не се движи наоколу како 'сениште', ниту е слободен да опседне друго лице или животно, за да човечката суштественост продолжи преку нив. Секој од нас ќе биде суден за своите дела (2Кор.5:10). Ако нашите дела и одлики се една дејност на нечиј претходен карактер, тогаш замислата за судењето и наградувањето од Бога према делата наши (Отк.22:12) е бесмислена. Духот се враќа кај Бога при смртта и сета свест престанува. Секаков обид да се контактира со мртвите према тоа покажува озбилно неразбирање на обемното библиско учење во врска со тоа (види Иса.8:19,20). Библијата е многу јасна дека луѓето не се враќаат во своите претходни куќи или места на никој начин откако ќе умрат; не може никакво 'сениште' да престојува некаде откако лицето умрело. Јов 20:7-9 отворено го изложува тоа: човекот "за секогаш ќе пропадне, како и гадотиите негови; оние што го виделе, ќе кажат:- каде е тој?... и нема да го најдат... Кое око го видело, повеќе нема да го види, и местото (куќа/град) негово повеќе нема да го забележи". Јов 7:9,10 е слично "така слезениот во гроб... нема повеќе да се врати во куќата своја; ни местото негово нема веќе да го познае". Едно скромно прифаќање на ова ќе не одведе во отфрлање на сите тврдења што виделе 'духови' на мртви луѓе, кои престојуваат во нивните стари куќи. Ваквите искуства мора во најдобар случај да се измислени обмами. |