Основи наБиблијата
Студија 4: Бог и смрт
Природата на човекот | Душата | Духот на човекот | Смртта е бесвесност | Воскресението | Судот | Местото на награда: небесата или земјата? | Одговорноста кон Бога | Пекол | Цигресии (Чистилиште, Духови и препородување, Со каква природа сме воскреснати?, Опфатеност) | Прашања

Осврт 13: Со каква природа сме воскреснати?

Ние покажавме дека вечниот живот и претворувањето во Божја природа се доделуваат на верните по судот. Христос прво ќе ги воскресне оние одговорните на неговиот суд, потоа ќе ги суди откако ќе бидат собрани при него. Бидејќи наградата на бесмртна природа се дава по судењето, следува дека сите кои се воскреснати имаат смртна природа пред се. Ако се тие воскреснати со бесмртни тела, тогаш ќе нема причина за судот кај што ќе се делат наградите.

Ние влегуваме во Божјото царство веднаш по судот (Мт.25:34); верните према тоа не се во Божјото царство пред судот. "Телото и крвта не можат да го наследат царството Божјо... а ние ќе се измениме... распадливото треба да се облече во нераспадливо, а смртното- да се облече во бесмртно" (1Кор.15:50,51,53). Следува дека смената на природа, од смртна во бесмртна, настанува кај судот, бидејќи тогаш влегуваме во царството.

Меѓутоа, вдахновениот апостол Павле често говори за ‘воскресението’ во смисла на "воскреснување во живот", воскреснување на праведните, кои потоа ќе примат вечен живот по судот. Тој разбираше, секако, "оти ќе има воскресение на мртвите, на праведните и неправедните" (Дела 24:15). Тој знаеше дека одговорните "ќе излезат (од гроб): кои правеле добро ќе воскреснат за живот, а кои правеле зло, ќе воскреснат за" осуда (Јв.5:29).

На својот позитивен начин, Павле изгледа често мислеше на тоа "воскреснување во живот" кога говори за ‘воскресението’. Праведните излегуваат од гробовите "во воскресението на живот"- по излегувањето од земјата ќе бидат судени и ќе им се даде вечен живот. Целиот овој процес е "воскреснување во живот". Има разлика меѓу ‘излегувањето’ од гроб и "воскреснување за живот". Павле говори за своето настојување да живее христијански живот, и "некако да го достигнам воскресението на мртвите" (Филип.3:11). Бидејќи одговорен, тој секако ќе биде воскреснат да даде сметка при судот; настојувањето да го достигне ‘воскресението’ према тоа значи дека ‘воскресението’ овде се однесува на "воскреснувањето за живот".

Други примери за воскресението со значење "воскреснувањето во живот" (ср. Лк.14:14) вклучува Лк.20:35; Јв.11:24; 1Кор.15:21,42; Евр.11:35; Отк. 20:6. Во Пс.16:15 Давид говори за примање на својата награда во мигот на неговото ‘будење’. Тој го имаше истото гледање на воскресението, иако знаеше дека ќе има суд. Употребата на фразата, ‘воскресението’, како во 1Кор.15 помага во објаснувањето на 1Кор.15:52- "мртвите ќе воскреснат нераспадливи". Вредно е за бележење дека фразата ‘мртвите’ понекогаш (а нарочито во 1Кор.15) се однесува на праведните мртви, кои ќе бидат воскреснати за да примат вечен живот при судот: 1Кор.15:13,21,35,42; 1Сол.4:16; Филип.3:11; Отк.14:13; 20:5,6.

1Сол.4:16,17 ги наведува настаните поврзани со враќањето на Христа:

1. Христос видливо се враќа

2. Мртвите се кренати

3. Одговорните кои се живи тогаш ќе бидат грабнати кон судот

Давањето вечен живот е после тоа собирање (Мт.25:31-34; 13:41-43); значи бесмртноста не може да биде дадена при воскреснувањето, бидејќи тоа го претходи собирањето. Ние покажавме дека сите праведни ќе бидат наградени истовремено (Мт.25:34; Евр.11:39-40). Тоа би било невозможно ако бесмртноста беше доделувана при воскреснувањето, бидејќи воскреснувањето го претходи собирањето на одговорните живи.

Меѓутоа, треба да се забележи, дека нашето поимање за времето е многу човечко; Бог воопшто не подлежи на тоа. Може да се отиде предалеку во обидот да се обработи одреден редослед на настаните кои ќе бидат околу Христовото враќање. Воскреснувањето и нашето обесмртување при судот се опишани дека ќе бидат "одеднаш, во еден миг" (1Кор.15:51,52). Заради нужност, времето ќе влезе во една друга димензија во моментот на Христовото враќање, барем за оние кои ќе бидат судени. Општо библиско начело е дека секој од одговорните кон судот, ќе дадат сметка за својот живот при судот, и донекаде ќе разговораат со својот судија, Господ Исус (Мт.25:44; Проп.3:17; 12:14; Лк.12:2,3; 19:23; Јез.18:21,22; 1Тим.5:24,25; Рим. 14:11,12). Заради големиот број на одговорни, мора да претпоставиме дека значењето на времето ќе биде отстрането или многу збиено, како би биле сите судени веднаш, а сепак поединечно. Бидејќи времето ќе биде збиено во тој стадиум, така да целиот процес на воскреснувањето и судот настане "одеднаш, во еден миг", разбирливо е што за воскресението се говори некогаш како за начинот со кој праведните ќе примат вечен живот. Меѓутоа, тоа е поради брзината со која ќе сме пренесени од гробот до судот, и потоа, со Божја милост, обесмртени. Фактот се уште останува, од стиховите веќе раправани, дека Библијата учи дека вечен живот ќе биде даден при судот, а не со воскреснувањето. Затоа 1Сол.4:16 говори за праведните, дека се повикани на судење со труба, а 1Кор.15:52 говори за истата труба, поврзана со давањето бесмртност на нив. Тоа исто така објаснува зошто Павле мислеше за воскреснувањето како идентично со прифаќањето при судот (пр. Филип.1:23).


  Back
Home
Next