Основи наБиблијата
Студија 4: Бог и смрт
Природата на човекот | Душата | Духот на човекот | Смртта е бесвесност | Воскресението | Судот | Местото на награда: небесата или земјата? | Одговорноста кон Бога | Пекол | Цигресии (Чистилиште, Духови и препородување, Со каква природа сме воскреснати?, Опфатеност) | Прашања

4.8 Одговорноста кон Бога

Доколку човекот има 'бесмртна душа' природно, е присилен да има и вечна судбина некаде, било во местото на награда или казна. Тоа имплицира дека секој е одговорен пред Бога. Спротивно на тоа, ние покажавме како Библијата учи дека по природа човекот е сличен на животните, без било какво својство на бесмртност. Меѓутоа, некои луѓе се понудени со очекувањето вечен живот во Божјото царство. Треба да е јасно, дека не секој што некогаш живеел, ќе биде воскреснат; како и животните, човекот живее и умира, се распаѓа во прав. Сепак бидејќи ќе има суд, со некои осудени и други наградени со вечен живот, мора да заклучиме дека ќе има одредена група од човечкиот род кои ќе бидат воскреснати за да бидат судени и наградени.

Дали некои ќе бидат воскреснати или не, зависи од тоа дали се одговорни на судот. Основата на нашето судење ќе биде, нашиот одзив во нашето познавање на Божјиот збор. Христос објасна: "Кој се откажува од Мене и не ги прима зборовите Мои, има Кој да го суди: Словото што го кажав, тоа ќе го осуди во последниот ден" (Јв.12:48). Оние кои не го знаеле или не го разбрале словото Христово, а со тоа немале ни прилика да го прифатат или отфрлат, нема да бидат подложни на судот. "Оние, што згрешиле без (да знаат) Закон без Закон ќе загинат; а оние што згрешиле при Закон (т.е. го знаеле), според Законот ќе бидат и судени" (Рим.2:12). Така оние кои не ги познавале Божјите побарувања ќе загинат како и животните; додека оние кои со знаење го кршат Божјиот закон ќе треба да им се суди, и затоа ќе се воскреснат за да се соочат со судот. Пред Бога "гревот како таков не се смета, кога нема закон"; "гревот е безаконие (кршење на Божјиот закон)"; "преку законот се познава гревот" (Рим.5:13; 1Јв.3:4; Рим.3:20). Без свесност за Божјите закони какви што се откриени во Неговото Слово, "гревот не се смета" кај една личност, и затоа нема да биде судена или воскресната. Оние кои не го знаат Божјото Слово према тоа ќе останат мртви, како и животните и растенијата, бидејќи се во иста положба. "Човекот кој... не разбира, е како животните кои гинат" (Пс.48:20). "Тие се како овци положени во гробот" (Пс.48:14 евр. текст).

Познавањето на Божјите начини е она што не прави одговорни на Него за нашите постапки и затоа нужно го бара нашето воскресение и појавување кај судот. Се разбира дека не ќе бидат воскреснати само праведните или крстените, туку сите кои Му се одговорни, поради своето знаење за Него. Тоа е постојано повторувана тема во Писмото:

-Јв.15:22 покажува дека знаењето за Словото носи одговорност: Исус: "да не бев дошол и да не бев им зборувал, грев немаше да имаат. Но сега тие немаат изговор за својот грев". Рим.1:20-21 исто говори дека познавањето на Бога ги остава луѓето "без изговор".

-Исус: "Секој што чул од Отецот и се научил... ќе го воскреснам во последниот ден" (Јв.6:44, 45).

-Бог не се обзирнува на постапките од оние кои искрено не знаат за Неговите начини. Оние кои ги познаваат Неговите начини, ги посматра и очекува одзив (Дела 17:30).

-"А оној слуга, кој ја знае волјата на својот господар и не се приготвил и не постапил според волјата негова, ќе биде многу биен. Кој, пак, не знаел и направил нешто достојно за казнување, ќе биде малку биен (пр. со останување мртов). Кому е многу дадено, многу и ќе се бара од него; и кому му е (од луѓе) поверено повеќе, повеќе ќе... бара(ат) од него" (Лк.12:47,48)- а колку повеќе Бог?

-"така, грев е за оној, кој знае да прави добро, а не го прави" (Јак.4:17).

-Израел имаше посебна одговорност кон Бога заради Неговите откровенија на нив, во врска со Него (Амос 3:2).

-Поради оваа доктрина за одговорност, "За нив би било подобро (кои подоцна се одвратија од Бога), да не беа го познале патот на правдата, отколку, откако го познаа, да се вратат назад од светата заповед, која им е предадена" (2Пет.2:21). Други битни пасуси вклучуваат: Јв.9:41; 3:19; 1Тим.1:13; Ос.4:14; 5Мој.1:39.

Знаењето за Бога не прави одговорни на судот, следува дека оние без тоа знаење нема да бидат воскреснати, бидејќи нема потреба да бидат судени зашто нивното незнаење ги прави "како животните кои гинат" (Пс.48:20). Постојат многу показатели дека не сите кои некогаш живееле ќе бидат воскреснати:

-Луѓето од древниот народ вавилонски ‘нема да станат’ по нивната смрт бидејќи не знаеја за вистинскиот Бог (Јер.51:39; Иса.43:17).

-Исаија се охрабруваше: "Господи, Боже наш (израелски)! Други господари, освен Тебе, владееле над нас (пр. Филистејци и Вавилонци); Мртвите нема да оживеат; нивните сенки нема да станат, зашто Ти... го уништи секој спомен за нив" (Иса.26:13,14). Забележи го тројното истакнување за нивното невоскреснување: "нема да оживеат (пак)... нема да станат... го уништи секој спомен за нив". За разлика, Израел очекуваше воскресение, поради своето познавање на вистинскиот Бог: "Твоите (израелски) мртовци ќе оживеат, мртвите тела ќе воскреснат" (Иса.26:19).

-Во кажувањето за Божјиот народ Израел, ни е речено дека по враќањето Христово, "многумина од оние што спијат во земниот прав ќе се разбудат-едни за живот вечен, а други за укор и срам" (Дан.12:2). Значи ‘многумина’, но не сите Евреи ќе бидат воскреснати, поради одговорноста кон Бога како Негов избран народ. Оние од нив кои потполно не Го познаваат својот Бог "ќе паднат и веќе нема да се кренат", бидејќи се неспособни да го најдат "словото Господово" (Амос 8:12,14).

НИЕ СЕГА НАУЧИВМЕ ДЕКА:

1. Знаењето на Божјото Слово носи одговорност кон Него.

2. Единствено одговорните ќе бидат воскреснати и судени.

3. Оние кои не го знаат вистинскиот Бог ќе останат према тоа мртви како животните.

Импликациите на овие заклучоци вршат тежок удар врз човечкото достоинство и на она што природно би сакале повеќе да веруваме: многуте луѓе и сега и низ историјата, кои не го познавале вистинското евангелие; душевно болните, кои не можат да ја разберат библиската порака; бебиња и млади деца кои умреле пред возраста за доволно почитување на евангелието; сите тие групи припаѓаат во категоријата на оние кои го немале вистинското знаење за Бога, и затоа не Му се одговорни. Тоа значи дека нема да бидат воскреснати, без оглед на родителскиот духовен статус. Тоа потполно се коси со структурата на хуманизмот и сите наши природни желби и чувства; сепак вистинската понизност на Божјото Слово на крајна вистина, здружено со соодветното скромно мислење за нашата природа, ќе не одведе кон прифаќање на таа вистина. Едно искрено испитување на фактите од човечките искуства, дури и без водство на Писмото, исто ќе одведе до заклучокот дека не може да има никаква надеж за иден живот за гореспоменатите групи.

Нашето сомневање во Божјите начини по овие прашања е сосема неисправно; "Ама ти, човеку, кој си, та спориш со Бога?" (Рим.9:20). Ние можеме да признаеме дека не разбираме, но никогаш не смееме да го обвиниме Бога за неправда или неправичност. Импликацијата дека Бог може да е на некој начин без љубов или во грешка ја отвора ужасната перспектива за еден семоќен Бог, Отец и Творец кој ги третира Своите суштества на неразумен и неправеден начин. Записот за цар Давидовата загуба на неговото бебе помогнува да се чита; 2Цар.12:15-24 бележи како Давид се молел упорно за детето додека било живо, но реално ја прифати конечноста на неговата смрт: "Додека детето беше живо, јас постев и плачев, бидејќи мислев: кој знае, нема ли да се смили над мене Господ и нема ли детето да остане живо? А сега е умрено; зошто да постам? Зар можам да го вратам?... тоа нема да се врати при мене". Давид потоа ја утеши својата сопруга, и имаа друго дете.

Најпосле, треба да се напомни дека многу луѓе, сфаќајќи го тоа начело, за одговорноста кон Бога, чувствуваат дека не сакаат веќе, да се здобијат со повеќе знаење за Него, како не би постанале одговорни кон Него и судот. Сепак донекаде, тие луѓе се веќе одговорни кон Бога, бидејќи нивното знаење за Божјото Слово, ги направило свесни за фактот дека Бог им дејствува во животот, и им нуди еден вистински однос со Него. Секогаш мора да се помни дека "Бог Е Љубов"', не Му е по волја "да изгинат некои" и го "даде својот Единороден син, та секој што верува во Него да не погине, но да има живот вечен" (1Јв.4:8; 2Пет.3:9; Јв.3:16). Бог сака ние да бидеме во Неговото царство.

Таква чест и привилегија неминовно носи одговорности. Сепак тие не се направени да се претешки или обременети за нас; доколку навистина го љубиме Бога, ќе увидеме дека Неговата понуда за спасение не е автоматска награда за одредени дела, туку прекрасна желба од Негова страна да направи се што може за Своите деца, да им додели вечен живот на радост, преку нивното поимање за Неговиот чудесен карактер.

Како што доаѓаме до ценење и слушање на повикот Божји до нас преку Неговото Слово, ќе сфатиме дека Тој не посматра внимателно кога одиме низ толпите, и нестрпливо го очекува нашиот одзив на Неговата љубов, повеќе отколку да го очекува нашиот неуспех да се носиме со своите одговорности. Никогаш тоа око што љуби не го трга од нас; никогаш не можеме да го заборавиме или отправиме нашето знаење за Него за да се предадеме на телото, ослободени од одговорноста кон Бога. Наместо тоа, можеме и треба да се радуваме во посебната блискост што ја имаме со Него, и да имаме доверба во големината на Неговата љубов, и секогаш да сакаме да знаеме повеќе за Него, наместо помалку. Љубовта за Божјите начини и желбата да ги знаеме, за да можеме поточно да Го копираме, треба да го претежнува природниот страв од Неговата врвна светост.


  Back
Home
Next