Основи наБиблијата Студија 4: Бог и смрт Природата на човекот | Душата | Духот на човекот | Смртта е бесвесност | Воскресението | Судот | Местото на награда: небесата или земјата? | Одговорноста кон Бога | Пекол | Цигресии (Чистилиште, Духови и препородување, Со каква природа сме воскреснати?, Опфатеност) | Прашања |
4.4 Смртта е бесвесностОд она што научивме досега за душата и духот, би требало да следи дека додека умрена, личноста е сосема бесвесна. Додека делата на оние одговорни кон Бога ќе бидат паметени од Него (Мал.3:16; Отк.20:12; Евр.6:10), нема ништо во Библијата да сугерира дека ние имаме некаква свесност за време на состојбата на смрт. И тешко е да се расправа со следниве јасни изјави околу тоа:- -"Излегува духот (човечки), и тој се враќа во земјата своја; во тој (момент) ден исчезнуваат сите негови помисли" (Пс.145:4). -"Мртвите ништо не знаат... љубовта нивна, и омразата нивна, и зависта нивна веќе исчезнале" (Проп.9:5,6). Нема никаква мудрост во гробот (Проп.9:10), ни размислување и према тоа ни свесност. -Јов вели дека во смртта, ќе биде ‘како да не бил’ (Јов 10:19); тој ја виде смртта како заборав, бесвесност и целосно непостоење какво што имавме пред раѓањето. -Човекот умира како и животните (Проп.3:18); ако човекот свесно ја преживува смртта некаде, исто мора и тие, сепак и Писмото и науката молчат за тоа. -Бог "помни дека ние сме земја. Дните на човекот се како трева; како полски цвет, така прецутува тој... и веќе го нема, и местото веќе нема да се познава" (Пс.102:14-16). Дека смртта е навистина бесвесност, дури и за праведните е покажано со повторуваните молби на Божјите слуги да допушти нивните животи да бидат продолжени, бидејќи знаеја дека после смртта не ќе можат да го величат и слават Бога, зашто смртта е состојба на бесвесност. Езекија (Иса.38:17-19) и Давид (Пс.6:4,5; 29:9; 38:13; 113:25) се добри примери за тоа. За смртта повторувано се говори како за спиење или починка, и за праведните и за злите (Јов 3:11,13,17; Дан.12:13). Доволно докази се сега изнесени за грубо да изјавиме за народниот поим дека праведните одат во состојба на блаженство и награда во небото, право после смртта, едноставно не е основан во Библијата. Вистинската наука за смртта и човечката природа нуди огромно чувство на мир. После сите трауми и болки на човечкиот живот, гробот е место на целосен заборав. За оние кои не ги знаеле Божјите барања, тој заборав ќе трае засекогаш. Никогаш повеќе старите рани на овој трагичен и неисполнет природен живот нема да бидат отварани; залудните надежи и стравувања на природниот човечки ум нема да бидат остварени ниту заканувани. Во библиската студија, има систем за вистината да се открие; сепак, тажно има и систем на погрешки во човечкото религиозно размислување, поради невнимателност кон Библијата. Човечките очајни напори да се омекне конечноста на смртта го одвеле во верување дека има 'бесмртна душа'. Еднаш штом се прифати дека таков бесмртен елемент постои во човекот, станува за потребно да се помисли дека тој мора некаде да оди после смртта. Тоа одвело до помислата дека при смртта мора да постои некоја разлика помеѓу судбините на праведните и злите. Да се прилагоди тоа, заклучено е дека мора да има место за 'добрите бесмртни души' да одат, наречено рај, и друго место за 'лошите бесмртни души'- пекол. Ние веќе покажавме дека 'бесмртната душа' е библиска невозможност. Другите лажни идеи содржани во народното расудување ќе бидат сега разгледани: 1. Дека наградата за нашите животи се дава при смртта во вид на 'бесмртна душа' која бива назначена на едно одредено место. 2. Дека одвојувањето помеѓу праведните и злите настанува во смртта. 3. Дека наградата за праведните е да одат во рајот. 4. Дека ако секој има 'бесмртна душа', тогаш секој мора да оди или во рајот или во пеколот. 5. Дека злите 'души’ одат на место за казна наречено пекол. Целта на обработкава не е само негативна; со разгледување на тие точки во подробност, веруваме дека ќе изразиме многу елементи од библиската вистина, кои се важни делови од стварната слика за човечката природа. |