Основи наБиблијата
Студија 4: Бог и смрт
Природата на човекот | Душата | Духот на човекот | Смртта е бесвесност | Воскресението | Судот | Местото на награда: небесата или земјата? | Одговорноста кон Бога | Пекол | Цигресии (Чистилиште, Духови и препородување, Со каква природа сме воскреснати?, Опфатеност) | Прашања

4.7 Местото на награда: небесата или земјата?

Без оглед на горните причини, некои кои се уште мислат дека повеќе небото отколку земјата би била местото на Божјото царство, т.е ветената награда, треба исто така да ги објаснат следниве точки:

-'Божјата Молитва', бара за Божјото царство да дојде (т.е моли за враќањето Христово), каде што Божјите желби ќе се извршуваат на земјата, како што се сега извршувани на небо (Мт.6:10). Ние значи се молиме за Божјото царство да дојде на земјата. Трагично е што илјадници луѓе невнимателно ги молат тие зборови секој ден додека се уште веруваат дека Божјото царство е веќе уредено на небо, и дека земјата ќе биде уништена.

-"Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата!" (Мт.5:5)- а не... 'зашто душите ќе им одат на небо'. Ова алудира на Пс.36 кој во целост истакнува дека конечната награда на праведните ќе биде на земјата. Во самото место каде што злите уживале во својата времена надмоќ, праведните ќе добијат надомест во вечен живот, и поседување на истата земја каде што еднаш владееле злите (Пс.36:34,35). "Кротките ќе ја наследат земјата... оние, кои Господа Го благословуваат, ќе ја наследат земјата... Праведниците ќе ја наследат земјата и ќе живеат на неа вечно" (Пс.36:11,22,29). Живеењето на земјата/ветената земја засекогаш, значи дека вечниот живот на небото е невозможност.

-Давид "умре и погребан беше... Давид не отиде на небесата" (Дела 2:29,34). Наместо тоа Петар објасна дека неговата надеж беше воскресението од мртвите по враќањето Христово (Дела 2:22-36).

-Земјата е арената за Божјите справувања со човечкиот род: "Небото е Господово небо, а земјата Он им ја даде на синовите човечки (Пс.113:24).

-Отк.5:9,10 се однесува на една визија за тоа што праведните ќе речат кога ќе бидат прифатени кај судот: Христос "не направи пред нашиот Бог цареви и свештеници; и ќе царуваме на земјата". Оваа слика за владеење во Божјото царство на земјата е прилично вон неодредената замисла дека ќе уживаме во 'блаженството' некаде на небото.

-Пророштвата на Даниел поглавја 2 и 7 изразуваат еден след на политички сили, што ќе бидат конечно заменети со царството Божјо по Христовото враќање. Владеењето на ова царство ќе биде по "целиот поднебесен свод", и ќе ја исполни "целата земја" (Дан.7:27; 2:35 ср. v.44). Тоа вечно трајно царство "ќе му се даде на народот од светиите на Севишниот" (Дан.7:27); нивната награда значи е вечен живот во тоа царство што ќе е сместено на земјата, под небесата.


  Back
Home
Next