Основи наБиблијата
Студија 4: Бог и смрт
Природата на човекот | Душата | Духот на човекот | Смртта е бесвесност | Воскресението | Судот | Местото на награда: небесата или земјата? | Одговорноста кон Бога | Пекол | Цигресии (Чистилиште, Духови и препородување, Со каква природа сме воскреснати?, Опфатеност) | Прашања

4.3 Духот на човекот

Има жалосна забуна во свеста кај многу луѓе помеѓу душата и духот. Тоа е влошено од фактот што во некои јазици и библиски преводи, зборовите 'душа' и 'дух' имаат само еден еквивалент. Душата во основа се однесува на сите составности на една личност, може понекогаш да се однесува и на духот исто така. Меѓутоа, обично има разлика во значењето помеѓу 'душа' и 'дух' како што се употребувани во Библијата; душата и духот можат да се ‘разделат’ (Евр.4:12).

Еврејскиот и грчкиот збор за 'дух' ('руах' односно 'пнеума') се исто така преведени на следниве начини:

Живот
Дух
Памет
Ветар
Здив

Ние ја проучивме идејата на 'духот' во студија 2.1. Бог го употребува Својот дух да го заштити природното создание, вклучувајќи го и човекот. Божјиот дух кој е внатре во човекот е према тоа животната сила во него. ‘Телото без дух е мртво’ (Јак.2:26). Бог "му дувна во лицето дух животен; и човекот стана жива душа" (Бит.2:7). Јов говори за "духот Божји" дека му е "во ноздрите" (Јов 27:3 ср. Иса.2:22). Духот на животот во нас ни е значи даден при раѓањето, и останува се додека нашето тело е живо. Кога Божјиот дух се повлече од било што, тоа веднаш загинува, духот е животна сила. Ако Бог "го земеше при Себе Неговиот дух и Неговиот здив; за миг ќе загинеше секоја плот и човекот ќе се вратеше во правот. И така, ако имаш разум, чуј го ова" (Јов 34:14- 16). Последнава реченица повторно навестува дека човекот го наоѓа, ова изложување за својата вистинска природа, многу тешко поимање.

Кога Бог го одзема Својот дух од нас при смртта, не само што нашето тело умира, туку целата наша свесност престанува. Давидовото увидување на ова го одведе до вера во Бога наместо во суштества толку слаби како човекот. Пс.145:3-5 е тежок противудар на тврдењата од хуманизмот: "Не надевајте се на кнезовите и на синовите човечки, во нив нема спасение. Излегува духот негов, и тој се враќа во земјата своја: во тој ден исчезнуваат сите негови помисли. Блажен е оној, кому му е помошник Јакововиот Бог".

При смртта, "ќе се врати правот во земјата, како што си бил; а духот ќе се врати кај Бога, Кој го дал" (Проп.12:7). Порано покажавме дека Бог е присутен секаде преку Својот дух. Во оваа смисла "Бог е Дух" (Јв.4:24). Кога ние умираме тоа е 'нашиот последен здив' во смислата дека Божјиот дух во нас се разделува од нас. Тој дух се вовлекува во Божјиот дух кој е насекаде околу нас; така да при смртта "духот се враќа при Бога". Бидејќи Божјиот дух го одржува целото создание, истиот процес на смртта се појавува и кај животните. Луѓето и животните го имаат истиот дух, или животна сила, во нив. "Се што се случува со синовите човечки, се случува и со животните; крајот им е ист: како умираат едните, така умираат и другите, и едно (т.е. исто) е дишењето (духот) кај сите, и човекот нема предимство пред добитокот" (Проп.3:19). Писателот продолжува да вели дека нема никаква значителна разлика помеѓу, каде оди духот на луѓето и животните (Проп.3:21). Овој опис за луѓето и животните дека имаат ист дух и ја умираат истата смрт, изгледа алудира назад до описот за како и двете луѓето и животните, кои што и едните и другите го имаат истиот дух животен од Бога (Бит.2:7; 7:15), беа уништени со истата смрт при потопот: "Тогаш го изгуби животот секоја плот, што се движеше по земјата: и птиците, и добитокот, и ѕверовите, и сите лазачи, што се влечат по земјата, и сите луѓе; се, што на суво имаше здив (дух) во ноздрите свои, изумре. И се истреби секое живо суштество" (Бит.7:21-23). Забележи како Пс.89:5 (A.V.) ја поистоветува смртта со потопот. (во мак. изд. е изоставено: "Ти ги однесуваш како со потоп"). Записот во Бит.7 јасно покажува дека во основни термини, човекот е во иста група како и "секоја плот... секое живо суштество". Затоа што го има истиот дух животен во себе како и тие .


  Back
Home
Next