Основи наБиблијата
Студија 4: Бог и смрт
Природата на човекот | Душата | Духот на човекот | Смртта е бесвесност | Воскресението | Судот | Местото на награда: небесата или земјата? | Одговорноста кон Бога | Пекол | Цигресии (Чистилиште, Духови и препородување, Со каква природа сме воскреснати?, Опфатеност) | Прашања

4.1 Природата на човекот

Мнозинството луѓе поминуваат малку време размислувајќи околу смртта, или за својата природа, која е основна причина за смртта. Тој недостиг на самоиспитување води кон еден недостиг на самоспознавање, и затоа луѓето пловат низ животот, правејќи одлуки према диктатите на своите природни желби. Има одбивање, иако тешко прикриено, да се прифати фактот дека животот е прекраток и дека премногу рано конечноста на смртта доаѓа врз нас. "Оти, што е вашиот живот? Тој е пара, која се појавува за кратко време, па исчезнува". "Ние ќе умреме и ќе станеме како разлеана вода на земјата, која не може да се собере". "Како трева- изутрина; наутро (нашата младост) ќе процути и ќе помине, а навечер паѓа и се исушува" (Јак.4:14; 2Цар.14:14; Пс.89:5,6). Мојсеј, вистински обзирен, го увиде тоа, и се молеше на Бога: "Научи не така со десницата Твоја, па да се здобиеме со мудро срце" (Пс.89:12). Така, во поглед на животната краткост, здобивањето вистинска мудрост треба да ни е прв приоритет.

Човечкиот одговор за конечноста на смртта варира. Некои култури се обидоа да ја направат смртта и погребувањата дел од животот, да го олеснат чувството на губиток и конечност. Мнозинството од оние кои се нарекуваат 'христијани' заклучиле дека човекот има 'бесмртна душа' или некој бесмртен елемент во него кој ја преживува смртта, и потоа оди на некое место на награда или казна. Смртта е најосновниот проблем и трагедија од човечкото искуство, и за очекување е дека човечкиот ум има доста извежбано да го олесни душевниот удар, затоа еден цел круг на лажни теории се произлезени и се однесуваат за смртта и самата човечка природа. Како и секогаш, тоа треба да се испита наспроти Библијата за да се пронајде стварната вистина за таа важна тема. Треба да се запомни дека првата лага запишана во Библијата е онаа на змијата во градината едемска. Спротивно на Божјата едноставна изјава дека човекот засигурно "ќе умре" ако згреши (Бит.2:17), змијата тврдеше, "Не, вие нема да умрете!" (Бит.3:4). Тој обид да се негира конечноста и целосноста на смртта стана одлика на сите лажни религии. Јасно е дека во оваа област поготово, едно лажно учење води кон друго, и друго, и друго. Обратно пак дел на вистина води кон друг, како што е покажано во 1Кор.15:13-17. Овде Павле скока од една вистина до друга (забележи "ако... ако... ако...").

Да ја сфатиме нашата вистинска природа, треба да земеме во обзир што Библијата вели за создавањето на човекот. Записот е во едноставен јазик, кој ако се земе дословно, не не остава во сомнение за тоа што сме точно по природа (види Осврт 18 за дословноста на Битие). "Го создаде Господ Бог човекот од прав земен... земјата, од која си земен; зашто си земја, и во земја ќе се вратиш" (Бит.2:7; 3:19). Тука нема апсолутно никакво навестување дека човекот има во својот состав бесмртност; нема никаков дел од него кој би живеел после смртта.

Има значителни библиски истакнувања на фактот дека човекот е основно составен од проста прашина: "Ние сме глина" (Иса.64:8); "човек е од земја, земјен" (1Кор.15:47); човечките "основи се од прав" (Јов 4:19); "човекот ќе се вратеше во правот" (Јов 34:14,15). Авраам призна дека е "земја и пепел" (Бит.18:27). Веднаш по непослушноста на Божјата заповед во Едем, Бог "го изгони Адама... да не ја испружи раката своја и да земе од дрвото на животот, и да вкуси, па да заживее вечно" (Бит.3:24,22). Ако човекот имаше бесмртен елемент во него природно, ова не ќе беше потребно.

УСЛОВЕНА БЕСМРТНОСТ

Постојано повторуваната порака на евангелието е дека човекот може да најде начин да добие вечен живот и бесмртност преку делото Христово. Бидејќи тоа е единствениот вид на бесмртност за кој говори Библијата, следува дека идејата за вечно свесно страдање заради грешности е без библиска поддршка. Единствениот начин да се добие бесмртност е со покорност на Божјите заповеди, и оние кои се толку покорни ќе проведат бесмртност во состојба на совршенство, наградата за праведните.

Наредниве пасуси треба да се достатен доказ дека таа бесмртност е условена, и не нешто што природно поседуваме:

-Христос "ја уништи смртта и го осветли животот и нераспаѓањето преку Евангелието" (2Тим.1:10; 1Јв.1:2).

-"Ако не го јадете телото на Синот Човечки и не ја пиете крвта Негова, не ќе имате живот во себе (т.е. 'составен во вас '). Кој го јаде Моето тело и ја пие Мојата крв, има живот вечен и Јас ќе го воскреснам во последниот ден"- да му дадам "вечен живот" (Јв.6:53,54). Христовото расудување низ Јован 6. е дека е тој "лебот на животот", и дека само со правилно одзивање кон него може да има некаква надеж за бесмртност (Јв.6:47,50,51,57,58).

-"Бог (на верниците) дарувал живот вечен; и тој живот е во Неговиот Син" (1Јв.5:11). Не може да има надеж за бесмртност за оние кои не се ‘во Христа’. Само преку Христа бесмртноста е овозможена; тој е "творецот на (вечен) живот" (Дела 3:15 A.V. mg.)- "стана причина за вечно спасение на сите оние, кои Му се послушни" (Евр.5:9). Бесмртноста за човекот значи потекнува од делото Христово.

-Вистинскиот верник ја бара бесмртноста, и ќе биде награден за тоа со дарот на вечен живот, нешто што природно не поседува (Рим.2:7; 6:23; Јв.10:28). Нашето смртно тело треба ‘да се облече во бесмртно’ (1Кор. 15:53), значи бесмртноста е нешто ветено, а не сега поседувана (1Јв.2:25).

-Единствено Бог има својствена бесмртност (1Тим.6:16).


  Back
Home
Next