Основи наБиблијата Студија 11: Животот во Христа Вовед | Светост | Употреба на сила | Политика | Светски задоволства | Библиско проучување | Молитва | Проповедање | Живот во еклезијата | Кршење леб | Брак | Дружење | Прашања |
11.5 ДружењеГрчките зборови преведени 'дружење' и 'заедница' во основа опишуваат една состојба на имање нешто заедничко: општина. 'Општина' е во сродство со зборот 'општење'. Поради познавањето и практикувањето на Божјите начини, ние се дружиме со Него и со сите други кои го прават истото со тоа што се "во Христа". Лесно е да се запостават одговорностите кои ги имаме за дружење со другите: "а доброчинството и милосрдноста (изв. ‘дружењето’) не ги заборавајте" (Евр.13:16). Филип.1:5 говори за нашето "дружење во Евангелието"; основите на нашето дружење се значи учењата кои го содржат вистинското евангелие. Затоа дружењето уживано од вистинските верници е далеку поголемо отколку кај некоја друга организација или црква. Поради тоа дружење тие патуваат големи далечини да бидат еден со друг и да посетуваат одделни верници, и треба секогаш да ги користат поштенските и телефонските услуги. Павле говори за "дружење со Духот" (Филип.2:1) т.е. дружење кое се темели врз заедничкото следење на Духот/умот Божји, како што е откриен во Неговото Дух/Слово. Една од најголемите изразитости на нашето дружење е со заедничката служба на кршење леб. Раните верници "беа постојани во учењето апостолско, во општувањето, во кршењето леб и во молитвите... кршејќи леб... со радост и едно срце" (Дела 2:42,46). Симболите го претставуваат средишниот столб на нашата надеж, заедничкото делење, треба да не здружи во "едно срце". "Чашата на благословот, која ја благословуваме, не е ли општување (делење) со крвта Христова? Лебот, што го кршиме, не е ли општување со телото Христово? Бидејќи лебот е само еден, едно тело сме ние многуте, зашто сите се причестуваме од еден леб", т.е. Христос (1Кор.10:16,17). Поради тоа имаме обврска да ги делиме симболите на Христовата жртва со сите оние кои ползуваат од неговото дело, кои се "соучесници на тој еден леб". Само оние кои се исправно крстени во Христа, после познавањето на вистината, се во таа состојба, и потсмевање е на симболите, да се делат со било кој освен нив. Јован се сеќава како го делеше евангелието на вечен живот со други "та и вие да имате општење со нас; а нашето општење е со Отецот и Неговиот Син, Исус Христос" (1Јв.1:2,3). Ова покажува дека дружењето е темелено врз едно заедничко разбирање на вистинското евангелие, и дека ова не води во дружење со други вистински верници, и исто така со Бога и Исуса на едно лично ниво. Што повеќе го применуваме евангелието во нашиот живот, совладувајќи ги нашите грешни склоности, и колку подлабоко напредуваме во нашето разбирање на Божјото Слово, толку подлабоко ќе биде нашето дружење со Бога и Христа. Нашето дружење со Бога и Христа и други верници не зависи само од заедничката согласност на научните вистини кои ја опфаќаат "едината вера". Нашиот начин на живот мора да е соодветен на начелата кои се изразени во нив. "Бог е светлина, и во Него нема никаква темнина. А ако речеме дека со Него општиме, а одиме во темнина, тогаш лажеме и не постапуваме според вистината. А ако пак, во светлина одиме, како што е Он самиот во светлина, тоа значи дека ние еден со друг општиме, и крвта на Исуса Христа, Неговиот Син, не очистува од секаков грев" (1Јв.1:5-7). 'Одењето во темнина' мора да се однесува за еден начин на живот кој е непрекинато и јавно во несклад со светлото на Божјото Слово (Пс.118:105; Изрек.4:18); тоа не се однесува на нашите повремени гревови од слабост, бидејќи следниот стих продолжува, "Ако кажеме дека немаме грев, се лажеме сами себе, и вистината (т.е. Божјото Слово- Јв.17:17; 3:21; Еф.5:13) не е во нас" (1Јв.1:8). Оттука е јасно дека дружењето престанува кога еден верник почнува со учења, или живее живот, кои се отворено спротивни на јасното библиско учење: "Не учествувајте во бесплодните дела на темнината, туку изобличувајте ги" (Еф.5:11). Секаков напор треба да се направи да се придобијат назад по примерот на добриот овчар кој ја барал изгубената овца (Лк.15:1-7). Ако братот или сестрата се упорни во лажното учење или погрешното однесување, нужно е да се завери настанатиот прекид на дружење (Мт.18:15-17). Во пракса тоа се прави преку интервју со одговорни членови од една еклезија, и известување за фактот во едно христаделфијанско списание. Меѓутоа, не може да се преистакне дека тој процес се става во дејство само во отворено јасни случаи на држење лажно учење или настојување во недуховен начин на живот. Секој треба да знае дека има малку заедничко помеѓу нас, поради отстапувањето од библиските основни учења, и дека формалното раздружување е нужно. Еден од најјасните пасуси кој говори за дружењето се наоѓа во 2Кор.6:14-18: "Не впрегнувањете се заедно со неверниците; зашто какво општување постои помеѓу правдата и беззаконието? Што општо има меѓу светлината и темнината? Затоа излезете од нивната средина и одделете се! Вели Господ... и Јас ќе ве примам! И Јас ќе ви бидам Отец, а вие ќе Ми бидете синови и ќерки, вели Господ Седржителот". Ние покажавме дека Словото Божјо е светло. Овие стихови објаснуваат зошто не треба да се дружиме со цркви кои учат лажни учења; зошто да не стапуваме во брак со оние кои не ја познаваат Вистината, и да ги избегнуваме светските начини. Поради нашата одвоеност од светот ние имаме голема чест да постанеме синови и ќерки на Самиот Бог, дел од едно светски распространето семејство од други, кои го имаат истиот однос- нашите браќа и сестри. Има само "едно тело", т.е. една вистинска црква (Еф.1:23), која е основана врз оние кои држат една надеж- еден Бог, едно крштевање и "една вера", т.е. едната вистинска постава на учења кои ја сочинуваат едната вера (Еф.4:4-6). Не е можно да се биде дел од тоа "едно тело" и исто така да се дружи со други религиозни организации кои не ја држат вистинската вера. Бидејќи светлото нема ништо заедничко со темнината, ние се изјаснуваме за темнина ако одбереме дружење со неа. Ако навистина го цениме целиот систем на научната вистина откриена во Писмото, ќе видиме дека оние кои веруваат во лажно учење во име на христијанството, немаат ништо поголемо дружење со Бога од атеистите. Ако внимателно се следеа студииве, треба да е јасно дека не може да има никаква на пола-пат позиција во односот со Бога. Или сме во Христа со крштевањето во него, или сме надвор од него. Или сме во светло поради нашето држење на вистинското учење и практикуваната покорност на него, или во темнина. Не може некој да држи една нога во два логора. Нашето познавање на тие работи ни дава еден степен на одговорност кон Бога. Ние сега не одиме по улица ниту продолжуваме со секојдневниот живот како просечниот човек. Бог упорно го очекува нашиот одзив. Тој, како и Господ Исус и сите вистински верници можат скоро да те 'одлучат' во вистинскиот избор. Но како и Бог, Христос и ние ќе направиме се што можеме да помогнеме- а во Божјиот случај до таму што го дал Својот единствен Син да умре за нас- конечно твоето спасение зависи од волната одлука да се прифати големата Надеж што е сега понудена. |