Основи наБиблијата
Студија 11: Животот во Христа
Вовед | Светост | Употреба на сила | Политика | Светски задоволства | Библиско проучување | Молитва | Проповедање | Живот во еклезијата | Кршење леб | Брак | Дружење | Прашања

11.4 Брак

Ние ќе го почнеме овој оддел со земањето во обзир на положбата од оние кои се самци во време на крштевањето. Ние расправавме во студија 5.3 за потребата да се венчаваат само крстени верници. Има неколку пасуси, здружени со примерите од Исус, Павле и други, кои ги охрабруваат оние кои се самци барем да размислат врз изборот на останување самци за да можат целосно да се предадат на Господовото дело (1Кор.7:7-9, 32-38 ср. 2 Тим.2:4; Мт.19:11,12,29; Проп.9:9). "Но, ако се ожениш, нема да згрешиш" (1Кор.7:28). Многу од апостолите беа женети (1Кор.9:5), и бракот како што намераваше Бог е направен да донесе многу физички и духовни ползи. "Бракот на сите треба да е чесен, и (употребата на) брачното легло - чисто" (Евр.13:4). "Не е добро за човекот да биде сам", освен ако се снајде со едно високо ниво на вршење духовни работи, и така Бог го установи бракот (Бит.2:18-24). Оттука "Кој нашол добра жена, нашол добро и добил благодат од Господа... разумна жена е дар од Господа" (Изрек.18:23; 19:14).

Даден ни е еден урамнотежен збир на состојбата во 1Кор.7:1,2: "добро е човек да не се допира до жена. Но, за да се избегне блудството, секој нека си има своја жена, и секоја жена свој маж" (ср. v.9).

Импликацијата на овие стихови е дека предавањето на сексуалните желби вон бракот е блуд. Предупредувања против блудот (секс помеѓу небрачни партнери), прељубата (секс каде едната или двете партии се во брак со други партнери) и секој облик на неморалност се чести низ целиот Нов завет; скоро секое писмо ги содржи. Следниве се тек некои од нив: Дела 15:20; Рим.1:29; 1Кор.6:9-18; 10:8; 2Кор.12:21; Гал.5:19; Еф.5:3; Кол.3:5; 1Сол.4:3; Јуда 7; 1Пет.4:3; Отк.2:21.

Во светло на сите овие повторувани истакнувања, да се оди против јасно изразената волја Божја е всушност озбилно нешто. Додека гревовите на моментална слабост, ако се покајат, Бог радосно ги простува, (Давидовата прељуба со Вирсавија на пр.), да се живее еден живот со вакви редовни постапки може да исходи само во осуда. Павле често говореше "прељубодејство, блудство... и други слични работи; однапред (судот) ви велам, како што ви реков и порано, дека оние што (постојано) го прават тоа, нема да го наследат царството Божјо" (Гал.5:19,21), затоа "Бегајте од блудството (ср. 2Тим.2:22)! Секој грев, што го прави човекот, е надвор од телото, а блудникот греши против своето сопствено тело" (1Кор.6:18).

Се прифаќа скоро во целиот свет дека млади парови можат да живеат заедно пред бракот, уживајќи во полни сексуални односи. Употребата на називот 'граѓански брак' да се опише тоа е придавање сосема погрешен назив. Бракот за верникот треба да е во согласност со Божјата одредба за него; ние не можеме да допуштиме една дефиниција создадена од околниот телесно задоволувачки свет да превладува врз Божјите изјави за бракот- најпосле, бракот беше востановен од Бога а не од човекот. Библиски бракот е составен барем од три елементи:

1. Еден вид брачен ритуал, колку и да бил едноставен. Записот за Воз каде се жени за Рут во Рут 3:9- 4:13 покажува дека бракот не е однос во кој само ќе се вплови; треба да има еден одреден момент кога некој потполно влегува во брак. Христос е поистоветен со младоженец а верниците со невеста, за која тој ќе се 'жени' во неговото II доаѓање. Ќе има и "свадбена вечера при Агнецот" за да се прослави тоа (Отк.19:7-9). Односот помеѓу сопругот и сопругата е типичен за оној помеѓу Христа и верниците (Еф.5:25-30); како што ќе има една одредена точка за стапување во брак помеѓу нас, така треба да има и венчавање меѓу верниците со кое им почнува бракот, кој ќе го претставува обединувањето Христово со нас при судот.

2. Божјиот брак со Израел вклучуваше влегување во меѓусебен духовен завет на верност (Јез.16:8), тоа исто така треба да се појави во бракот на верниците.

3. Сексуалниот однос е нужен за да се потполни бракот (5Мој.21:13; Бит.24:67; 29:21; 3Цар.11:2). Затоа, 1Кор.6:15,16 објаснува зошто полното општење вон бракот е толку погрешно. Полното општење означува, во физичка смисла, како Бог го составил венчаниот пар заедно (Бит.2:24). Да се биде здружен како "едно тело" во привремен однос е према тоа една злоупотреба на телата што ни ги даде Бог. Тој ги направил за да можат да го употребуваат во физичка смисла она што Тој го соединил во брак.

Од ова следува дека паровите кои 'живеат заедно' пред бракот всушност живеат во грев. Освен ако го формализираат својот однос со исправно венчавање- или да се одвојат- нема никаква смисла за нивно крштевање.

Потешкотија настанува во некои култури од светот во развој каде што нема никаква претстава за брачен ритуал или договор за обичните луѓе. Еден пар можеби живеел заедно веќе долги години без тоа, а се сметаат за венчани. Препорака на присутниот писател е дека во тој случај оние кои го изведуваат крштевањето треба да му ја објаснат положбата на кандидатот за крштевање, и да ги натераат со партнерот да потпишат некој вид брачен договор. Односот тогаш треба да се завери во односната државна управа што е можно поскоро.

Оние кои се крстени, а нивниот партнер не, не треба во никој случај да ги остават (1Кор.7:13-15), туку да прават секаков обид да ги љубат, и така да покажат, со своето однесување во животот дека имаат, едно оригинално верување во вистинскиот Бог, наместо дека само ги промениле религиите. 1Пет.3:1-6 ги охрабрува оние во таква состојба дека тоа, само по себе, може да биде средство за преобраќање на партнерот кој не верува.

Начелата кои го управуваат бракот се сожети во Божјата изјава која се однесува за него: "Затоа ќе го остави човекот таткото свој и мајката своја и ќе се прилепи кон жената своја; и обата ќе бидат едно тело" (Бит.2:24). Ова настојување за соединување помеѓу мажот и жената на сите можни начини е слично на нашиот непрекинат напор за соединување со Христа, преку совладувањето на основниот грев и себичност на нашите природи. Тоа настојување е против нас самите повеќе отколку против Христа или нашиот партнер. Колку повеќе успеваме во тоа, посреќен и поуспешен ќе биде нашиот однос.

Меѓутоа, ние живееме во еден вистински свет од грев и неуспех, од неможност на потполно истрајување до крајните мерила на светоста кои ни се поставени во Библијата, и во примерот за љубовта Божја и Христова. Идеалното мерило дадено во Бит.2:24 е од еден маж и една жена, кои живеат заедно во целосна соединетост за живот.

Верниците треба да се подготвени да прифатат дека некогаш тоа мерило нема да биде постигнато во нивниот живот како ни во оној од другите верници. Сопружниците можат да се препираат и ја изгубат таа обединост на свеста која би требало да ја имаат; може да е физички невозможно да се дополнува бракот; еден маж може да има неколку жени, земени пред неговото крштевање, ако живеат во општество каде е допуштено многуженството. Во тој случај треба да остане со жените, но да не зема повеќе. Затоа апостол Павле, еден мајсторски спој на човечко сочувство и непоколеблива преданост на Божјите начела, го препорача одвојувањето за можно во крајни случаи на неподносливост: "жената да не се разделува од мажот,- ако, пак, и се раздели, нека не се премажува" (1Кор.7:10-11).

Тоа нудење на идеално мерило, но волноста да се прифати едно пониско мерило, се додека не се подбива со едно основно Божјо начело (пр. дека прељубата е погрешна), е многу вообичаена појава во Писмото. Советот на Павле во 1Кор.7:10-11 е сроден со 1Кор.7:27,28: "разврзан ли си од жена, не барај жена (остани сам). Но, ако се ожениш, нема да згрешиш". Меѓутоа, волниот развод е засновано потсмевање на Божјото начело дека луѓето треба да признаат декаТој ги здружил во едно тело, дури ако и во практични работи го најдат тоа тешко за применување. Христовите зборови се болно едноставни:

"Во почетокот на светот, пак, Бог ги создаде маж и жена. Затоа човек ќе го остави татка си и мајка си, и ќе се прилепи до жената своја, и обата ќе бидат едно тело; и така, (Исус истакнува) тие веќе не се двајца, а едно тело. А Бог што составил, човек да не разделува (со развод)... Кој ќе ја напушти својата жена и се ожени со друга, тој прељубодејствува спрема неа; а и жена ако го напушти својот маж и се омажи за друг, прељубодејствува" (Мк.10:6-12).

Во оваа сфера на сексуални односи, телото е како рака која лесно тупка кон уверливи изговори за оправдување на предавањето кон природните желби. Оние кои ќе се најдат во нарочито примамливи ситуации едино ќе најдат сила и духовна издржливост која им е потребна од повторувано размислување врз стиховите цитирани во овој оддел. Некои се обиделе да ја оправдаат хомосексуалноста и лезбејството за законски, природни желби. Меѓутоа, не постои никакво сомневање дека тие пракси се севкупна одвратност пред Бога.

Основното начело во Бит.2:24 го изложува гревот на хомосексуалноста; Божјата намера е мажот и жената да се земаат и прилепуваат еден кон друг. Бог ја создаде жената да му помага на Адам, а не еден друг маж. Сексуални врски помеѓу мажи се повторувано осудувани во Библијата. Тоа беше еден од гревовите за кои беше Содом уништен (Бит.18,19); апостолот Павле многу појаснува дека истрајувањето во тие пракси изложува на гневот Божји, и исклучување од Неговото царство (Рим.1:18-32; 1Кор.6:9,10).

Фактот за некогашната вклученост во тие работи, не треба да не прави да мислиме дека сме далеку од Божјата помош. Во Бога постои простување, за да Му се оддаде почитување со љубов од оние кои ќе го искусат Неговото простување (Пс.129:4). Коринтската еклезија имаше добар свој дел на playboy-и покајници: "такви беа и некои од вас; туку се измивте (во крштевање), се осветивте, се оправдавте (со крштевање), во името на нашиот Господ Исус" (1 Кор.6:9-11).

Поплаката дека некој не е природно привлечен од спротивниот пол делува како обвинување дека Бог е неправеден со тоа што ни забранува да ја задоволуваме хомосексуалноста, а не создал со тоа силно искушение. Бог не би допуштил да сме искушувани повеќе од она што би можеле да издржиме без да даде пат за излез (1Кор.10:13). Со неумереното предавање, во секоја смисла, на телото, може да се стигне до точка, каде што ќе е тоа нечиј природен одраз. Така, еден алкохоличар или зависник од дрога не може да живее без редовното внесување на некои супстанци; но од него се бара да го промени својот поглед, и со помош на терапија да се врати на еден урамнотежен, нормален начин на живеење.

Хомосексуалците мора да поминат низ истиот процес. Бог ќе ги потврди човечките напори во тоа; ако тие целосно се предадат, на попуштање на природните желби, Бог ќе ги третира како стариот Израел:

"Затоа Бог ги предаде на срамни страсти: жените нивни природните потреби ги заменија со противприродни; и мажите исто така; оставајќи го природното зближување со женскиот пол, се распалија со желби еден кон друг, и вршеа срамни работи мажи со мажи, добивајќи (во своите тела) отплата каква што одговараше на нивната заблуда" (Рим.1:26,27).

Само намерното слепило може да не успее да види тука едно јасно пророштво за СИДА, и ударниот принос на други сексуално преносиви заболувања кои нашиот расипан свет сега ги жнее.


  Back
Home
Next