Основи наБиблијата
Студија 11: Животот во Христа
Вовед | Светост | Употреба на сила | Политика | Светски задоволства | Библиско проучување | Молитва | Проповедање | Живот во еклезијата | Кршење леб | Брак | Дружење | Прашања

11.3.4 ЖИВОТ ВО ЕКЛЕЗИЈАТА

Досега во оваа студија говоревме за личните духовни одговорности. Но, имаме и обврска за среќавање со другите кои ја делат нашата надеж. Повторно, тоа треба да е нешто што природно ќе го посакаме. Ние покажавме дека по крштевањето започнуваме едно пустинско патување кон царството. Тек е природно да сакаме да контактираме со сопатници. Ние живееме во последните дни пред доаѓањето на Христа; за да ги совладаме многуте сложни тешкотии кои не напаѓаат во ова време, треба да се дружиме со оние кои се во иста состојба, "не напуштајќи го своето собрание... туку да се поучуваме еден друг, и тоа во толку повеќе, до колку гледате дека се приближува судниот ден" (на II доаѓање Евр.10:25 ср. Мал.3:16). Верниците треба значи да прават секаков обид за меѓусебно контактирање со писма и да патуваат во меѓусебна средба да го поделат библиското проучување, заедничката служба, и активностите за проповед.

Секој од нас поединечно е 'повикан' во големата надеж за царството. Зборот 'светец' значи 'повикана особа', и може да се однесува до сите вистински верници а не само на неколку забележливи верници од минатото. Грчкиот збор кој е преведен 'црква' во Библијата е 'еклезија', и значи 'собир на повикани', т.е. верници. Према тоа 'црква' се однесува на групата верници, а не на физичката градба каде се состануваат. Да се избегне забуната во употребата на овој израз, христаделфијанците се склони да ги нарекуваат своите 'цркви' 'еклезии'.

Каде и да има еден број на верници во некој град или област, логично е дека ќе најдат место за состанок каде ќе се среќаваат редовно. Тоа може да е нечиј дом или изнајмена сала. Христаделфијански еклезии има ширум светот во места како, општински центри, хотелски сали, сали кои ги изградиле сами или приватни куќи. Целта на еклезијата е да ги изгради верниците со здружено библиско проучување, а и здружено да сведочи на светот со допуштање на нивното светло да свети преку проповедта. Типичниот распоред за христаделфијанската еклезија е нешто ваков:

НЕДЕЛА 11:00 Служба на кршење леб

18:00 Активност на јавно проповедање

СРЕДА 20:00 Библиско проучување

Еклезијата е дел од Божјото семејство. Во секое тесно поврзано општество, секој член треба да е приемчив и покорен на другите; самиот Христос беше врвен пример за тоа. Во пркос на неговата очита духовна надмоќ, тој се однесуваше како ‘слуга на сите’, на учениците им ги изми нозете додека тие се расправаа меѓу себе кој е најголем меѓу нив. Исус ни заповеда да го следиме неговиот пример во тоа (Јв.13:14,15; Мт.20:25-28).

Сега бидејќи се чудесните дарови на Светиот Дух повлечени, нема никакво место за 'старешини' како што имаше во раната црква; "зашто еден е вашиот Учител- Христос, а вие сте сите браќа" (Мт.23:8). Затоа христаделфијанците меѓусебно се ословуваат со 'брат' или 'сестра', и се нарекуваат по име без оглед на нивната различна положба во светниот живот. Вака речено, јасно е дека треба да има почит кон верниците кои го познавале вистинскиот Бог многу години, или кои брзо созреале во духовните работи преку своето извршување на Божјото Слово. Советот на тие верници треба да се цени од оние кои бараат да го следат Божјото Слово. Меѓутоа, тие едино ќе го прифатат советот на другите верници ако е согласен одраз на Божјото Слово.

Учењето кое се нуди во еклезијата треба јасно да е темелено врз Божјото Слово. Оние кои го вршат јавното говорење во еклезијата, према тоа го одразуваат Бога, говорејќи во Негово име. Бидејќи Бог е машки пол, следува дека единствено браќата треба да ја вршат јавната подука од Божјото Слово. 1Кор.14:34 не може да биде појасно: "Жените ваши по црквите да молчат: ним не им е позволено да зборуваат". 1Тим.2:11-15 ја следи причината за тоа во настаните од градината едемска; бидејќи Ева го поучи Адама да згреши, жената не треба сега да го учи мажот. Фактот што Бог го создаде Адама пред Ева е знак дека "на жена глава е мажот" (1Кор.11:3), и затоа мажот треба духовно да ја води жената а не обратно.

Поради сите овие работи, "Жената да се учи во мир и потполно покорство. На жена не и позволувам да поучува, ниту да господари над мажот, туку да биде мирна. Бидејќи порано беше создаден Адам, а потоа Ева; и Адам не беше измамен, туку жената беше измамена и направи престап : но ќе се спаси преку раѓање деца, ако остане во верата, љубовта и во светоста со чесност" (1Тим.2:11-15).

Од ова е јасно дека Библијата одредува некои посебни улоги за мажите и жените верници. На жените им е заповедано во некои случаи "да се мажат, да раѓаат деца, да вртат куќа" (1Тим.5:14), покажува дека нивната сфера на духовен труд е онаа на домот. Јавната работа во еклезијата е значи оставена на мажот. Ова е во остра противност со хуманистичките теории за полова еднаквост, каде жената од кариера може да тврди еднаквост со својот сопруг во секој поглед, од управување со семејниот буџет до носење на унисекс облека. Раѓањето деца е сведено на непријатна должност, на која се гледа како потреба да се сочува едно ниво на душевен разум во целосно материјалистичкиот и себичен свет. Вистинските верници ќе го избегнат тој дух на времето, иако, како и секогаш, една рамнотежа е потребна.

Сопругот не смее да господари врз сопругата, но да ја љуби како што Христос не љубеше (Еф.5:25).

"Така и вие, мажите, живејте со своите жени разумно (т.е. третирајте ги грижливо, согласно познавањето на Божјото Слово), и почитувајте ги како послабо суштество, и како сонаследници на благодатниот живот" (1Пет.3:7).

Во духовен поглед, крштевањето во Христа ги прави мажот и жената еднакви (Гал.3:27,28 ср. 1Кор.11:11). Но, тоа не влијае врз јасното правило дека 'на жена глава е мажот' (1Кор.11:3) во практични и духовни работи, во семејството и во еклезијата.

За да се изложи познавањето на тоа правило, верничката треба да носи покривало на главата кога еден брат предава од Божјото Слово. Тоа во пракса значи дека еден шешир или шамија треба да се носи на сите средби во еклезијата. Разликата во улогите помеѓу мажот и жената треба да се истакне по начинот на кој тие ги носат косите (1Кор.11:14,15). "Секоја жена, која се моли... гологлава, ја срамоти главата своја (т.е. својот сопруг v.3), зашто сеедно е- како да е истрижена. Ако жената не сака да се покрива, тогаш нека се стриже; ако, пак, е срамно жена да се стриже или бричи, тогаш нека се покрива... Затоа жената треба да има на главата своја знак од власта на мажот над неа" (1Кор.11:5,6,10 A.V. mg.).

‘Непокриената’ глава "како да е истрижена", покажува дека една непокриена глава не е онаа без коса. Према тоа една ‘покриена’ глава не е една со коса, туку една која свесно набавила покривало. Без покривало на главата жената не може да се ослони на своето природно покривало, косата; да се направи тоа, е како да е без коса пред Бога. Погрешно е мажот да има покривало на главата (1Кор.11:7); тоа не се однесува на имањето коса, туку носење на одредено покривало на главата.

Во околните култури во времето на Новиот завет, единственото време кога една жена ја бричела главата било кога ќе се откриела за курва или прељубница, или кога ќе го жалела изгубениот сопруг. За жена да биде бричена би покажало дека го изгубила или се откажала од сопругот- т.е. Христа еден вид.

Жената ја претставува еклезијата, додека мажот го претставува Христа. Како што ние треба да направиме свесна одлука да ги покриеме нашите гревови со Христа, така и жената треба да направи свесна одлука да ја покрива својата глава. Да верува во природната покриеност со косата е исто како верувањето дека нашата сопствена праведност ќе не спаси наспроти онаа од Христа.

Пошто долгата коса кај жената "е (од Бога дадена) слава за неа, бидејќи косата и е дадена место покривало" (1Кор.11:15 A.V. mg.), жената треба да ја расте косата на начин кој ќе ја истакне нејзината различност од мажот. Разликите помеѓу машките и женските фризури треба да се искористи од жената како можност за истакнување на својата посебна улога.

По овие прашања за жената да има долга коса и да носи покривало на главата, мора да сме внимателни да не направиме од тоа еден вид симболизам. Ако сестрата има вистинско духовно и покорно однесување (ср. 1Пет.3:5), таа ќе е подложна на браќата како што се верниците кон Христа, и ќе биде воодушевена да ја покаже таа покорност во секој поглед, вклучувајќи го и носењето покривало на главата. Ако причината за овие заповеди е разбрана, како и со сите Божји заповеди, тогаш ќе нема никаква несклоност во согласувањето со неа.

Секогаш има работа за сестри во еклезијата- училишна настава во недела, и домаќинка на други должности кои не вклучуваат јавно предавање или говорење, пр. сметководство. Духовно зрелите жени можат да бидат охрабрени да водат наставни сесии за помладите сестри (Тит 2:3,4 ср. Маријам ги води жените израелски, Исх.15:20).


  Back
Home
Next