Основи наБиблијата
Студија 11: Животот во Христа
Вовед | Светост | Употреба на сила | Политика | Светски задоволства | Библиско проучување | Молитва | Проповедање | Живот во еклезијата | Кршење леб | Брак | Дружење | Прашања

11.3 Практичен христијански живот

11.3.1 УЧЕЊЕ НА БИБЛИЈАТА

По крштевањето, ние треба да донесуваме ‘плод во’ светоста, да живееме еден живот воден од Духот наместо од телото (Рим.6:22; 8:1; Гал.5:16,25). Преку Божјото Слово кое борави во нас ние донесуваме духовен плод (Јв.15:7,8). Ние видовме дека ние сме водени од Духот во смисла дека Божјиот Дух е во Неговото Слово. Целиот наш живот треба да се држиме близу до тоа Слово преку редовно библиско читање и проучување.

Темелното проучување на Словото исходува во тоа лицето да ја сфати потребата за крштевање, и значи, да го изврши тој чин. Тој процес на допуштање на Словото да влијае на нашите дела и да го управува нашиот живот треба да продолжи; крштевањето е само првиот чекор во еден животен век на покорност кон Божјото Слово. Постои една многу реална опасност од запознавањето со Библијата и основните учења на евангелието, кои ќе не доведат во состојба каде Словото повеќе не би влијаело на нас: каде што зборовите кои ги читаме нема да имаат никаков практичен учинок врз нас (види Додаток 2). Затоа е мудро да се каже една сожета молитва пред секое читање на Писмото: "Отвори ги очите мои, и ќе ги разберам чудесата од Твојот закон" (Пс.118:18).

Божјото Слово треба да е нашата дневна храна- всушност, да сме зависни од него, и природната желба за тоа, треба да е дури поголема од нашиот нагон за храна, "ги вреднував зборовите од Неговата уста повеќе отколку мојата неопходна храна" беше чувството на Јов (Јов 23:12 евр. текст). Јеремија исто: "Ги најдов зборовите Твои и ги проголтав; Твоето Слово ми беше за радост и веселба на срцето мое" (Јер.15:16). Да се најде време во текот на денот за редовно библиско читање е значи важно нешто да се направи во секојдневниот животен шаблон. Едни непрекинати 30 мин. на библиско проучување како прво нешто наутро обврзува да го започнеме денот со права духовна спрема. Навиките кои ја обликуваат верата ќе вредат злато во судниот ден.

Да се избегне природната склоност да се читаат само оние делови од Писмото кои природно ни се привлечни, христаделфијанците измислија програма наречена ‘Библиски прирачник’ (на располагање од издавачите на оваа книга). Овој нуди еден број на поглавја да се читаат секој ден, и исходува во читање на Новиот завет два пати и Стариот завет еднаш во текот на 1 година. Како што ги читаме поглавјата дневно, се охрабруваме со мислата дека илјадници други верници ги читаат истите поглавја. Било кога да се сретнеме, значи имаме една моментална врска; неодамна прочитаните поглавја ќе ја обликуваат основата на нашиот разговор.


  Back
Home
Next