Основи наБиблијата Студија 11: Животот во Христа Вовед | Светост | Употреба на сила | Политика | Светски задоволства | Библиско проучување | Молитва | Проповедање | Живот во еклезијата | Кршење леб | Брак | Дружење | Прашања |
11.2.2 ПОЛИТИКАЈасното разбирање за, и цврстата вера во, Божјото идно царство значи увидување дека човечката влада е неспособна да постигне совршенство. Секое вклучување во политиката е према тоа несодветно со надежта на царството. Исус прорече дека нештата ќе се влошат во ‘последните дни’ што ќе го претходат неговото доаѓање (Лк.21:9-11,25-27). Не е можно да се верува во неговите зборови а истовремено да се обидува за подобрување на положбата во светот преку политика или помошни посредувања. Параболата за добриот Самарјанин покажува како христијанот треба да го помага околниот свет- со правење добро на сите луѓе према околностите (Гал.6:10). Записот за раните верници ги покажува дека биле обврзани да живеат еден духовен живот во предвиденото Христово враќање, главно ја покажувале својата грижа за околниот свет преку проповедањето на нив. Нема никаков запис за нивно обраќање на социјалните, економските и политичките проблеми на околниот свет. "Не е во власта на оној кој оди, за да ги исправа стапките свои" (Јер.10:23); увидувањето на основното зло и грешката на човечката природа значи признавање дека човечкото водење е неприкладно за Божјиот народ. Гласањето према тоа е недоследно на вистинското разбирање за тоа. "Севишниот владее над човечкото царство и дека го дава кому сака" (Дан.4:29). На човечките владетели им е според тоа, конечно дадена нивната моќ од Бога (Рим.13:1); да се гласа во еден демократски систем, може према тоа да вклучува гласање против оној кого Бог го одредил да биде на власт. Оттука е запишано дека Бог дал некои народи под управа на Навуходоносора царот на Вавилон (Јер.27:5,6). Поради нашето познавање дека Бог дал народи во рацете на нивните владетели, треба да сме многу внимателни да бидеме примерни граѓани, и да се придржуваме на законите од земјата во која живееме, ако не се во противност со законот на Христос. "Секоја душа да им се потчинува на претпоставените власти, зашто нема власт, што не е дадена од Бога... Затоа и данок плаќате... така, дајте секому што сте му должни: кому данок -данок... кому чест- чест" сте му должни (Рим.13:1-7). Вклученоста на таканаречените христијански организации во облици на политички протести и даночни штрајкови е значи еден показател на нивно смислено запоставување на тие основни библиски начела. Меѓутоа, примерот на Петар каде продолжи да го проповеда Христа кога му беше забрането од владата да го прави тоа, е еден показател дека едино можеме да се покоруваме на човечки заповеди кога не се противни со законот Христов: "Судете дали е справедливо пред Бога- вас да ве слушаме повеќе отколку Бога" (Дела 4:17-20; 5:28,29). Христаделфијанскиот став за принудната војничка служба во недамнешни години е друг пример. |