Основи наБиблијата
Студија 11: Животот во Христа
Вовед | Светост | Употреба на сила | Политика | Светски задоволства | Библиско проучување | Молитва | Проповедање | Живот во еклезијата | Кршење леб | Брак | Дружење | Прашања

11.3.3 ПРОПОВЕДАЊЕ

Едно од најголемите искушенија кое настанува кај познавањето на вистинското евангелие е духовната себичност. Можеме да сме толку задоволни со личниот однос со Бога, и вовлечени во библиското учење и духовност, што можеме да го запоставиме делењето на тие работи со другите наши соверници и со околниот свет. Словото Божјо и вистинското евангелие кое е основано во него, е споредено со едно светло или светилка која гори во темно (Пс.118:105; Изрек.4:18). Исус посочи дека никој кој има такво светло не го покрива, туку јавно го изложува (Мт.5:15). "Вие сте светлината на светот" поради крштевањето во Христа "светлината на светот" (Мт.5:14; Јв.8:12). "Не може да се сокрие град, што се наоѓа на врв планина", продолжи Христос (Мт.5:14).

Ако навистина живееме еден живот према вистинското евангелие кое го разбираме, нашата 'светост' ќе биде очевидна на оние со кои живееме. Ние не ќе можеме да го прикриеме фактот дека сме 'одвоени во' надежта на царството, и исто така 'одвоени од' нивните светски работи.

На еден тактичен начин треба да бараме да го делиме нашето знаење на Вистината со сите оние со кои сме во додир: насочувајќи ги разговорите околу духовните работи; да го расправаме учењето со членови од други цркви; доставување брошури, па дури и ставање мали реклами во месните медиуми, сите тие се начини на кои ќе допуштиме да свети нашето светло. Не треба да мислиме дека можеме да ја оставиме работата на сведочење на други верници; секој од нас има една поединечна одговорност. Христаделфијанците имаат релативно неколку организирани, поразмерни иницијативи за проповедање во споредба со другите групи. Ние, секој поединечно, правиме што можеме, главно на сопствен трошок.

Еден од најуспешните начини на проповедање е преку објаснување на нашите верувања, на нашите семејства и на оние со кои сме во непосреден додир. Оние чии партнери не се во верата треба јасно да им ги објаснат своите верувања, и откако ќе се направи тоа не е мудро да се продолжи со поттикнување на темата или да се врши некаков притисок врз нив. Бог не сака присилени обратеници. Наша должност е да сведочиме на Вистината без претерана грижа за размерот на одзив кон неа. Имаме голема одговорност да го правиме тоа сведочење (Јез.3:17-21); ако дојде Христос во текот на нашиот живот "двајца ќе бидат на нива: едниот ќе го земат, а другиот ќе го остават" (Лк.17:36). Навистина би било необично ако не сме разговарале со нашето семејство и со пријателите од работа за II доаѓање Господово кога тоа ќе се случи.


  Back
Home
Next