Основи наБиблијата
Студија 11: Животот во Христа
Вовед | Светост | Употреба на сила | Политика | Светски задоволства | Библиско проучување | Молитва | Проповедање | Живот во еклезијата | Кршење леб | Брак | Дружење | Прашања

11.1 Вовед

Крштевањето ни дава една сигурна надеж за имање вечен живот во Божјото царство. Што повеќе веруваме и ја цениме сигурноста на таа надеж, станува поочито дека има и некои одговорности за нас. Тие се однесуваат на живеењето живот кој е соодветен за некој кој ја има надежта дека ќе му се даде Божја природа (2Пет.1:4), дека всушност ќе го дели Неговото Име (Отк.3:12) со тоа што ќе е осовршен во секој поглед.

Ние објаснавме во студија 10.3 дека после крштевањето сме обврзани на еден живот на постојано распнување на злите желби на нашата природа (Рим.6:6). Ако не сакаме да го правиме, тогаш крштевањето е без смисла. Тоа едино треба да се случи ако лицето е подготвено да ги прифати одговорностите на новиот живот кои би следеле.

Во крштевањето ние умираме во овој стар, природен начин на живот, и сме симболично воскреснати во Христа. "Ако сте воскреснале заедно со Христа (во крштевање), барајте го она што е горе, каде што Христос седи оддесно на Бога: мислете за небесното, а не за земното. Зашто вие умревте... Затоа умртвете ги... блудството, нечистотата... лакомството" (Кол.3:1-5). После крштевањето ние се обврзуваме на еден живот каде ќе ги гледаме работите од Божјата небесна перспектива, и ќе размислуваме за небесни (т.е. духовни) работи, заменувајќи го светскиот стремеж, со еден стремеж да ги совладуваме телесните склоности и со тоа да влеземе во Божјото царство.

Склоност на човечката природа е повремено да покажува волност за покорност на Бога. Често Бог не предупредува против тоа. За Своите заповеди, вели "она преку кое човекот, откако ќе го исполнува, ќе биде жив" (Јез.20:21). Ако сме свесни за Божјите заповеди, и почнеме да ги извршуваме во крштевањето, треба да им сме предани цел живот.


  Back
Home
Next