Основи наБиблијата
Студија 11: Животот во Христа
Вовед | Светост | Употреба на сила | Политика | Светски задоволства | Библиско проучување | Молитва | Проповедање | Живот во еклезијата | Кршење леб | Брак | Дружење | Прашања

11.3.2 МОЛИТВА

Една друга важна пракса за изградување е молитвата. Ние сме потсетени дека "еден е Посредникот помеѓу Бога и луѓето- Човекот Христос Исус, Кој Се даде Себеси како откуп за сите", Павле го посочува практичниот исход од разбирањето на Христовото дело, "мажите сакам да се молат на секое место... без гнев и сомневање" (1Тим.2:5-8). "Оти, ние немаме таков Првосвештеник, што не може да не соучествува во нашите слабости, туку таков, Кој искусил се како и ние, освен грев. И така, слободно да пристапуваме кон престолот на благодатта, за да примиме милост и да најдеме благодат за благовремена помош" (Евр.4:15,16).

Вистинското ценење дека Христос е нашиот личен Првосвештеник кој ги нуди моќно, нашите молитви до Бога, треба да не инспирира за редовна молитва во вера. Меѓутоа, молитвата не треба да е само 'список на желби' понудени на Бога; благодарењето за храната пред оброците, за безбедно патување и. т.н. , треба да сочинуваат еден битен дел од нашите молитви.

Самото поставување на нашите проблеми пред Господа во молитва треба, само по себе, да даде големо чувство на мир "во се (ништо не е безначајно) преку молитва... со благодарност изјавувајте ги пред Бога своите барања, и мирот Божји, што го надвишува секој ум, ќе ги запази вашите срца и мисли" (Филип.4:6,7).

Ако молитвите ни се во согласност со Божјата волја, тие сигурно ќе бидат одговорени (1Јв.5:14). Ние можеме да ја запознаеме Божјата волја преку нашето проучување на Неговото Слово, кое ни го открива Неговиот Дух/ ум. Значи библиското проучување треба да не научи како и за што да се молиме, така, правејќи ги нашите молитви силни. Затоа ако се "зборовите Мои во вас, тогаш, што и да посакате, барајте, и ќе ви биде" (Јв.15:7).

Има многу примери за редовна молитва во Писмото (Пс.118:164; Дан.6:10). Утро и вечер, со неколку кратки молитви на благодарност преку денот барем најмалку.


  Back
Home
Next