Основи наБиблијата Студија 11: Животот во Христа Вовед | Светост | Употреба на сила | Политика | Светски задоволства | Библиско проучување | Молитва | Проповедање | Живот во еклезијата | Кршење леб | Брак | Дружење | Прашања |
11.3.5 КРШЕЊЕ ЛЕБЗаедно со молитвата и читањето на Библијата, редовната покорност на Христовата заповед да се крши леб и да се пие вино во спомен на неговата жртва е важно. "Правете го ова за Мој спомен", заповеда Исус (Лк.22:19). Негова желба беше неговите следбеници редовно да го прават тоа до неговото II доаѓање, кога Исус пак ќе го дели лебот и виното со нив (1Кор.11:26; Лк.22:16-18). Лебот го претставува Христовото тело кое беше понудено на крстот, а виното неговата крв (1Кор.11:23-27). Раните верници изгледа ја држеа оваа служба често (Дела 2:42,46), веројатно еднаш неделно (Дела 20:7). Ако ние навистина го љубиме Христа, ние ќе се покориме на неговите заповеди (Јв.15:11-14). Ако имаме вистински личен однос со него, ние ќе посакаме да се потсетиме на неговата жртва како што тој ни кажа, и при тоа да се охрабриме со големото спасение кое го постигна. Периодот на тивко размислување врз неговите маки на крстот ќе ги избледи нашите сопствени маки до безначајност во споредба со оние на нашиот Господ. Кршењето леб во основа е една спомен служба; ништо волшебно не се случува во исход на тоа. Тоа е еквивалент на празникот Пасха под законот Мојсеев (Лк.22:15; 1Кор.5:7,8). Тоа беше средство за спомнување на големото избавување од Египет кое Бог го издејствува преку Мојсеј кај Црвеното море. Службата на кршење леб не враќа кон нашето спасение од грев преку Христа, кое беше овозможено на крстот и со кое се поврзавме со крштевањето. Затоа држењето на таа заповед треба да е нешто што природно ќе сакаме да правиме. Земањето на лебот и виното ја прави љубовта Христова за нас, и всушност сите работи во врска со нашето спасение, да бидат повторно толку вистински. Кршењето леб еднаш неделно е значи знак на една здрава духовна состојба. Ако некој не може да го стори тоа со соверници на Вистината треба да се стори тоа насамо. Ништо не треба да не спречи во држењето на таа заповед. Треба да направиме секаков обид за имање залиха на леб и вино со нас за службата, иако и во крајни околности дури и недостатокот на тоа не треба да не спречи во спомнувањето на Христа на одредениот начин најдобро што можеме. Исус го употреби "лозовиот плод" (Лк.22:18), затоа и ние треба да користиме црвено вино од грозје. Да се земат симболите на Христовите страдања и жртва е врвната чест која може да ја има еден човек. Да се учествува во нив со неприлично внимание од она што тие претставуваат е близу до хулење, бидејќи "кога ќе го јадете овој леб и кога ќе ја пиете оваа чаша, вие ќе ја објавувате смртта на Господа... Затоа, оној што недостојно јаде од овој леб и пие од чашата Господова, виновен ќе биде спрема телото и крвта на Господа" (1Кор.11:26,27). Службата на кршење леб поради тоа треба да се држи во време и место каде што ќе нема одвраќања и прекинувања на мисловниот тек. Тоа можда ќе значи да се прави тоа рано наутро или доцна во ноќта, во спална соба или друго прикладно место. Ние сме понатака советувани, "Но, човекот да се испита самиот себе и потоа (во тој понизен дух на самоиспитување) да јаде од овој леб и да пие од оваа чаша" (1Кор.11:28). Ние треба значи да се усредоточиме на Христовата жртва, можеби со погледнување низ записите во евангелието за неговото распетие, пред да ги земеме симболите. Со исправното правење на тоа, ние неминовно ќе ја испитаме и сопствената совест кон Христа. Еден прикладен ред на службата за кршење леб е следен: 1. Молитва- молење за Божји благослов врз средбата; да ни ги отвори очите за Неговото Слово; спомнување на потребите од другите верници; славење на Него за Неговата љубов, посебно како што е покажана во Христа, и молитви за некои други работи. 2. Читање на Библијата за тој ден према "Библискиот прирачник". 3. Размислување врз лекциите да се поучиме од нив, или читање едно 'светување'- библиско проучување на оние поглавја кои не водат кон целта на нашата служба- спомнувањето за Христа. 4. Читање 1Кор.11:23-29 5. Период на самоиспитување во тишина. 6. Молитва за лебот. 7. Се крши лебот и се јаде мало парче од него. 8. Молитва за виното. 9. Се зема мала голтка. 10. Заклучна молитва. Целата служба треба да трае нешто преку еден час. |