Основи наБиблијата
Студија 10: Крштевањето во Исуса
Суштественото значење на крштевањето | Како треба да сме крстени? | Значењето на крштевањето | Крштевањето и спасението | Цигресии (Повторното крштевање, Степенот на знаење потребен за крштевање, Распнатиот крадец, Еден пример на крштевка) | Прашања

Осврт 33: Еден пример на крштевка

Да се даде една идеја за извршување на исправно крштевање, следново е приказ на крштевка извршена од христаделфијанците во Hartlepool, Англија во едно саботно попладне во ноември, 1990. Меѓутоа, треба да се забележи дека крштевањето е во основа едно потопување во вода пропратено со едно вистинско покајание и вера во евангелието. 'Службата' е само дополнителен избор кој дава соодветна смисла на важност на настанот. Редоследот на постапката беше следен:

Воведна молитва

Читање на Рим.6

Кратко обраќање за крштевката (долу; имињата се променети)

Молитва

Потопување на лицето во базен

Молитва

ЧИН НА КРШТЕВАЊЕ

Несомнено е денес најважниот ден во животот на Дејв; за неколку мига тој ќе зарони под вода и ќе изрони потполно "во Христа", семето Авраамово, и ќе ги има тие славни ветувања кои го сочинуваат евангелието, направени до него.

Крајната едноставност на тој чин може да е измамлива, сепак Дејв и сите ние овде потполно веруваме дека тоа потопување ќе го поврзе со смртта и воскресението на Исус, како што читаме во Рим.6:3-5:

"Зар не знаете дека сите ние што се крстивме во Исуса Христа, во Неговата смрт се крстивме. И така, ние се погребавме со Него во смртта, та како што Христос воскресна од мртвите преку славата на Отецот, така и ние да одиме во обновен живот. Зашто, ако сме сраснати со Него во еднаква смрт, ќе бидеме соучесници и во воскресението.

За неколку мига да се обидеме да го замислиме призорот на воскреснувањето на Исус, бидејќи видовме дека кога Дејв ќе изрони од водата ќе биде поврзан со воскресението на Исус.

Можеме да ја замислиме свежината и тишината на ноќниот воздух, и величенственото чувство на новиот живот во Исуса. Тој ќе можеше да ги види светлата во Ерусалим како светкаат во далечина; луѓето таму беа потполно несвесни за чудесното нешто што се случуваше до нив- еден човек воскреснуваше во обновен живот.

Па така и Дејв кога ќе изрони од водата, околниот свет нема да има увид во славното нешто што се случува; се што ќе можат да видат, ако се потрудат да погледнат, ќе е мала група на луѓе кои чекорат кон еден базен и еден човек како го потопува другиот. Но како што ангелите се радуваа при воскресението на Исус, така и сега, невидливи за нас, ангелите се радуваат за еден грешник кој се покајува.

Ние читавме во Рим.6 дека треба да "одиме во обновен живот"- радоста која ќе ја има Дејв сега треба остане со него и понатаму во неговиот животен од. Како што прочитавме, тој веќе нема да му робува на гревот, туку на Бога, и ќе извршува Неговата волја како што е откровена во Библијата. Примамливо е да се расудува дека треба да си посакуваме слобода, но со служењето себе не сме слободни, ние сме робови на гревот. Дејв сега менува господари, да му служи на Бога. Повремено ќе изгледа дека очевидните пречки кои живеењето на новиот живот ни ги наметнува се премногу за поднесување, и сме искушувани да се ослободиме од нив. Но со тоа, ние не ќе сме слободни, ние повторно ќе му служиме на гревот.

Павле објаснува во 1Кор.10:1,2, дека нашето поминување низ водите на крштевањето е како поминувањето на Израел низ водите од Црвеното море. Еден вид парабола може да се развие од ова, со многу поуки за нас. Израелците робуваа во Египет, и живееја еден живот без смисла, работеа тешко во своето ропство и им служеа на идолите од Египет. Низ своето животно искуство тие заплакаа кон Господа да најдат некој начин за бегство, иако веројатно немаа никаков поим како Тој ќе им одговори.

Во одговор Бог им го прати Мојсеј да ги одведе од Египет, низ Црвено море и потоа низ пустината, да влезат во Ветената Земја. Израелците во Египет беа како Дејв и сите кои доаѓаат до крштевање; сега Дејв е доведен, како и тие, на бреговите од Црвено море. Штом ќе помине низ водата, тој нема веднаш да биде во Ветената Земја на царството, тој ќе ни се придружи на нас останатите овде во чекорењето низ пустината. Бог го водеше на Израел низ пустината со ангел, кој беше постојано со нив ден и ноќ. Така, исто, секој од нас има ангел кој се улогорува околу нас и не води низ нашиот живот кон спасение (Пс.33:7; Евр.1:14).

Израелците беа хранети секој ден со мана, која Исус ја толкува во Јв.6 како Божјо Слово. Ако тие не ја јадеа наскоро ќе умреа во таа пустина- таму немаше друга храна за јадење. На Израелците им беше речено да не се обидуваат да собираат неколку дневна мана во само еден ден, туку да се прави секојдневен напор да се излегува и да се собира. Нашето хранење со Словото треба да е дневно. Како што не би го заборавиле природното јадење, така треба нагонски да го правиме дневниот обид за хранење со Словото Божјо; така, Јов можеше да каже дека ги цени зборовите Божји "повеќе отколку мојата потребна храна".

Израелците исто така пиеја од потокот што извираше од удрената карпа; 1Кор.10 ни кажува дека таа го претставува ‘Христа’.

Така ние треба да јадеме и пиеме по примерот на Исус, кое што можеме да го правиме со помен службата секоја седмица. Говорејќи за состаноци, треба да ни е природна желба состанувањето со други кои ја делат нашата Надеж. Еден патник во дословна пустина би скокнал при некаква можност да се сретне со друг патник да разговора за можните проблеми кои можат да наидат, да поделат искуства. Па ние во пустината на животот од овој зол свет треба да правиме секаков обид да држиме контакт едни со други. Често тие средби не се можни колку што би сакале, но треба да ја земеме секоја прилика за држење врска со допишување, читање списанија и.т.н.

Ние говоревме за одговорностите на новиот живот, но погрешно е да даваме впечаток дека ако правиме некои работи, како е дневно читање на Библијата, дека Бог ќе мора да не награди. Божја добра волја, Негово задоволство, е да ни го даде царството како дар, не како плата за нашите дела (Рим.6:23). Погрешно би било за нас да мислиме дека крштевањето е добра идеја зашто ќе имаме чесна прилика за влегување во царството. Вистината и љубовта Божја, победата Христова, се многу попозитивни од тоа. Бог навистина сака Дејв и сите ние да бидеме во царството. Тој факт е толку величенствен што треба повремено да се потсетуваме дека е вистина и дека во тоа светло треба да се одзвиеме кон Божјата љубов.

Кога Израелците излегуваа од Црвено море беа радосни; Мојсеј ја пееше својата песна и сите луѓе се радуваа. Пс.104:35-41 добро го изразува тоа, и покажува како Бог обезбеди се што беше потребно за нивното патување:

"И ја изедоа (Господ) сета трева по земјата (египетска), ги испојадоа сите плодови на нивите нивни. И го порази секое првородено во земјата нивна, првините од сиот нивни труд. Ги изведе Израелците со сребро и злато, и немаше болен во племињата нивни. Се зарадува Египет поради нивното излегување, бидејќи го беше обзел страв од нив. Им простре облак како покрив и оган, за да им свети ноќе. Бараа, и Он им прати потполошки и со леб небесен ги наситуваше. Расцепи камен и потекоа води, потекоа како река по безводната земја".

Таа радост е и наша радоста, на твоите идни браќа и сестри, кои се овде да го сведочат твоето крштевање. Тоа е радоста Божја, од Исуса и од ангелите кои упорно не гледаат сега. Нека секој од нас ја држи оваа Надеж и радост "истрајно до крајот", за да чекориме заедно во царството.

Сега ќе слеземе во пресоблекувалните, па потоа ќе одиме во базенот...


  Back
Home
Next