Основи наБиблијата
Студија 10: Крштевањето во Исуса
Суштественото значење на крштевањето | Како треба да сме крстени? | Значењето на крштевањето | Крштевањето и спасението | Цигресии (Повторното крштевање, Степенот на знаење потребен за крштевање, Распнатиот крадец, Еден пример на крштевка) | Прашања

Осврт 32: Распнатиот крадец

Крадецот "Му рече на Исуса: Сети се на мене, Господи, кога ќе дојдеш во царството Свое. А Исус му рече: Вистина ти велам: денес ќе бидеш со Мене во рајот" (Лк.23:42,43). Овие стихови се земени дека значат дека крштевањето не е битно за спасение, и дека ние одиме право на небо при смртта. Одделно од сите други докази за спротивното, едно поблиско читање на пасусот го открива следново:

1. Заповедта за крштевање во Христовата смрт и воскресение беше дадена после Христовото воскресение (Мк.16:15,16). Крадецот се уште живееше под законот Мојсеев кога Христос му говореше.

2. Вистинското крштевање е во смртта и воскресението на Исус. Бидејќи кога Исус му проговори на крадецот ништо од тоа не беше случено, крштевањето во Христа не беше можно.

3. Крштевањето го претставува нашето умирање со Христа (Рим.6:3-5). Крадецот беше единствената личност која дословно го направи тоа.

4. Многу е веројатно дека крадецот бил еден од оние кои беа крстени од Јована крстител. Многу од неговите преобратеници биле претходно сомнителни карактери (Мт.21:32). Да се рече дека крадецот не бил крстен е расправање од тишина; што е едвај едно цврсто начело врз кое ќе се оправдаме од заповедта за крштевање. Исто така, пасусот молчи околу зборовите 'душа' и 'небо'.

5. Крадецот го праша Исуса да се сети на него, кога Исус ќе дојде "во царството Свое". Према тоа тој не беше незапознат со евангелието за царството Божјо кое Исус го проповедаше (Мт. 4:23). Тој знаеше дека ќе има суден ден при уредувањето на царството, и затоа го замоли Исуса, за кој знаеше дека ќе воскресне и ќе е конечно судија во тој ден, да го запомни. Крадецот сигурно не беше незапознат; тој увиде дека спасението во денот на воскресението и судот ќе биде објавено од устата Христова.

6. Исус одговори дека крадецот ќе биде со него во ‘рајот’. Овој грчки збор секогаш се однесува за една идеална состојба на земјата. Употребен е во врска со обновената градина едемска која ќе биде видена во идното царство Божјо на земјава (Отк.2:7). За време на царството Божјо, светот ќе се врати во налик на рајските услови од градината на Едем (Иса.51:3; Јез.36:35), заради отстранетата клетва (Отк.22:3). Грчкиот Стар завет (Септагинтот) го употребува истиот грчки збор за ‘рај’ во врска со една идилична состојба на земјава во Проп.2:5; Неем.2:8; Песна 4:13; Бит.13:10. 'Рај' едино стана поврзан со небото преку употребата во фикцијата како 'Изгубениот рај' на Милтон. Ветувањето од Исус за едно место за крадецот во рајот беше во одговор на желбата да биде во Христовото царство. Ние покажавме во студија 5 дека царството ќе биде на земјава; и 'рајот' према тоа ќе биде тука.

7. Начинот на кој v.43 е обично преведуван прави да изгледа дека Христос и крадецот ќе бидат заедно тој исти ден во 'рајот'. Но очевидно е дека царството се уште не е уредено на земјава. Тие не отидоа во царството тој ден. Исус отиде в гроб (Дела 2:32); како што пророкуваше, тој беше "во срцето на земјата три дни и три ноќи" (Мт.12:40 ср. 16:21) после неговата смрт на крстот. Дури и по воскресението тој рече "Не допирај се до Мене, оти уште не сум се вратил при Мојот Отец" (Јв.20:17). Па така Исус не отиде на небо дента кога умре.

Сепак се чини дека Исус му ветува на крадецот "денес ќе бидеш со Мене во рајот". Одговорот на оваа очевидна противречност може да се најде во фактот што во изворните еврејски и грчки текстови на Библијата, нема никаква интерпункција дури ни големи букви. Можно е да се репунктира па да читаме "Исус му рече: Вистина ти велам денес, ќе бидеш со мене во рајот" (Лк.23:43). Rotherham's Translation всушност ја става запирката после ‘денес’. Тоа прекрасно се вклопува во контекстот. Крадецот го замоли Исуса да се сети на него на денот на судот; тој знаеше дека е одговорен и дека ќе се појави таму. А Исус му даде чудесно уверување- 'Јас можам да ти кажам веднаш сега! Не мора да чекаш до тогаш за да ја дознаеш мојата пресуда за тебе- ти ќе бидеш со мене во царството!'.

8. Од точките бележани погоре, може да се направи список на учењата кои крадецот очевидно ги сфатил:

-Божјото царство

-Второто доаѓање на Христа

-Воскресението и судот

-Одговорноста

-Спасение преку вера во Христа

-Воскресението Христово

-Совршеноста Христова ("Он ништо лошо не направил")

-Потребата да се следи Христос (го нарече "Господи")

-Грешноста на човекот ("ние сме праведно осудени")

И према тоа не приличи да се користи овој човек за изговор во мислењето дека секој може да биде спасен ако покаже и најмал интерес за христијанството, мора тука да постои видот на доктринерска темелност која ја имаше тој. Без тоа, тој не ќе ја достигнеше верата што ја имаше. Христос не направи никаква понуда на спасение до другиот крадец, чиј став беше, "Ако си Ти Христос, спаси Себеси и нас". Тоа беше човек кој вели, 'Ако има нешто во оваа Исусова работа, не гледам зошто не би добил и јас нешто'. Поради недостигот на доктринерско разбирање кое го имаше вториот крадец, беше неспособен да најде вистинско спасение на крајот од своите дни, неговиот минлив интерес во Христа не истраи.


  Back
Home
Next