Основи наБиблијата Студија 10: Крштевањето во Исуса Суштественото значење на крштевањето | Како треба да сме крстени? | Значењето на крштевањето | Крштевањето и спасението | Цигресии (Повторното крштевање, Степенот на знаење потребен за крштевање, Распнатиот крадец, Еден пример на крштевка) | Прашања |
Осврт 31: Степенот на знаење потребен за крштевањеМногу читатели биле соочени со оние во 'евангелиските' цркви кои расудуваат дека учењето е неважно за спасение, и дека едно едноставно усмено признание 'верувам дека Исус Христос е Синот Божји' е основниот предуслов за спасение. Површно ова звучи веројатно поради начинот на кој се запишани преобраќањата во Дела, кои исто така повикуваат на идеите за 'љубов' и 'толеранција' кои се духот на нашиов век. ЗОШТО ТОЛКУ БРЗО? Нема сомнение дека едно брзо читање на Делата дава впечаток дека многуте крштевања беа извршувани со многу малку подучување за основите на евангелието, и со само едно сожето признание на вера во Христа како Божји син. Изговарањето само три збора 'верувам во Христа' е очито бесмислено како начин за спасение- и мнозинството 'евангелисти' ќе допуштат дека мора да има и некое друго знаење или разбирање во свеста на лицето кое ги говори тие зборови за тие да имаат значење. Оваа точка не треба да е тешка за воспоставување. Потешкотијата е, тогаш, да се расправа дека пасусите, кои ги бележат признанијата на вера во Христа како син Божји, докажуваат дека говорењето на тие зборови е се што е потребно. Скоро да е логично да се каже дека само велењето една сожета реченица, без оглед на чувствата и верувањата од лицето, не може да го стави на патот кон спасение тоа лице. Следниве точки можат да помогнат во објаснувањето на овие привидно брзи преобраќања: -Записот во Дела- како и многу други во Писмото- е нужно збиен. Интересна вежба е гласно да се читаат некои од говорите запишани во Делата и да се забележи времето кое е потребно за тоа; прилично е сигурно дека би им требаше многу повеќе време во реалност, вклучувајќи го и повеќето што не е запишано. Неколку примери: Одбраната на Павле во Ерусалим зема 4 мин. за читање (Дела22); онаа пред Феликс 1 мин.; пред Агрипа 4; Петровиот говор за Педесетницата само 4; она за Корнилије 3 мин.; Господовиот говор по нахранувањето 5000 (Јв.6) души 6 мин.; проповедта на гората 18 минути. Петровото проповедање во Дела 3:12-16 зема околу 2 минути за гласно читање; но во реалност беше доволно долго за вестите околу содржината на неговото проповедање да се рашират до "свештениците, старешината на храмот и садукеите" и за нивно настапување на сцената (Дела 4:1). Според тоа фактот дека подолги 'подуки' на кандидатите за крштевање не се спомнуваат не е доказ дека не се случиле. Расправата од тишина е многу неизвесна во овој случај. -Имањето "(чудесен) дар за знаење... за распознавање на духови (умови)" ги оспособило раните проповедници правилно да ги проценуваат оние на кои им проповедаа, така правењето едно цело доктринерско интервју, какво што ни треба нам, беше непотребно. -Има причина за верување дека масовното крштевање на Евреите во Ерусалим на почетокот од христијанството беше еден посебен случај. Не постојат никакви докази дека такви методи и размери на крштевање беа извршувани подоцна во 1 век. Ако обраќањата би продолжиле со таков степен тогаш целиот Ерусалим за неколку години ќе беше христијански. Тие луѓе бидејќи Евреи би значело дека имале едно прилично знаење за Стариот завет и патиштата Божји. Длабината на Павловото писмо до Евреите и она на Петар (исто до Евреите) покажуваат дека нивното читателство можело да ги сфати многуте старозаветни алузии кои се направени. Ударно е она што Павле опишува, кога говори за Мелхиседека како за млекото на светот, жалејќи се дека не може да говори подробно за него поради нивната духовна незрелост (Евр.5:11,12). Тоа го покажува нивното ниво на знаење во времето на нивното преобраќање, па Павле ги обвинува за ненапредувањето многу од тогаш. Изгледа дека тие писма беа прво пишувани до еклезијата во Ерусалим, од кои повеќето од нив би биле крстени во раните денови запишани на почетокот од Делата. -Ние се надеваме да покажеме дека проповедањето за името на Христа и признавањето на тоа како што е опишано во Делата беше еднакво на разбирањето на едно прилично подетално тело на учење. -Би произлегло од 1Кор.1:17 дека Павле (и други апостоли?) работеше во припрема со еден делотворен тим на придружни подучувачи и крстители, па така тој проведаше само едно релативно кратко време насекаде. ИМЕТО НА ИСУС Името Божјо вклучува многу учење за Него и Неговите начини- Божјите Имиња и титули го одразуваат Неговиот карактер и цел. Името на Исус Христос исто така не е само име, туку една подлабока изјава на учење. Верувањето во името на Исус е поистоветено со крштевање (Јв.3:5,18,23). Гал. 3:26,27 ја прави верата во Христа цврсто поврзана со крштевањето во него: "Оти сите сте синови Божји преку верата во Христа Исуса; сите, ШТО се крстивте во Христа, во Христа се облековте". Понатамошни примери за таа поврзаност помеѓу верувањето и крштевањето има во Дела 19:4; 10:42 ср. 48; 2:37,38; Лк.24:47. Аполос го ‘знаеше’ Јовановото крштевање (Дела 18:25), кое покажува дека крштевањето не е само чин, туку вклучува и знаење на одредено учење. "Филип... им благовестеше за Христа" (Дела 8:5) звучи како само да им рекол 'верувајте во Исус'; но "Христос" е одреден во Дела 8:12: "кога му поверуваа на Филипа, кој го проповедаше евангелието за царството Божјо и за името на Исуса Христа, се крштеваа". Забележи дека ‘проповедаше’ не е само една сожета изјава за Христа; и да се 'проповеда Христос' исто така го вклучуваше учењето на крштевање. Јв.6:40 ни кажува дека е волјата Божја "секој што ќе Го види (разбере) Синот, и поверува во Него, да има живот вечен"; а подоцна Исус вели дека "ако некој сака да ја врши волјата (Божја) Негова, ќе разбере дали е ова учење од Бога" (Јв.7:17). Така познавањето на учењето е исто што и да се ‘види’ Синот. Христовите зборови "го запази словото Мое, и не одречувај се од името Мое" (Отк.3:8) исто така покажуваат дека словото на Христа е поистоветено со Неговото Име. Христос вдахновен го цитира Иса.42:4, "народите ќе се надеваат на (Христовиот) закон" како и "во Неговото име народите ќе се надеваат" (Мт.12:21), и повторно го поистоветува Неговото име со евангелието за него. Второто и третото писмо од Јован содржат препораки за проповедниците кои патуваа "Добро ќе направиш, ако ги приготвиш пред Бога како што треба. Бидејќи поради Неговото име тргнаа" (3Јв.6,7). Ова веројатно алудира на овластувањето на Мк.16:15,16 да оди по светот и да го проповеда евангелието; значи името на Христа и Неговото евангелие се поистоветени. Да се 'верува во Христа' библиски према тоа вклучува и да се биде крстен: "сите сте синови Божји преку верата во Христа Исуса; сите, што (т.е. бидејќи) се крстивте во Христа, во Христа се облековте" (Гал.3:26,27). Павле говори како нивното имање вера во Христа природно го вклучуваше нивното изразување на таа вера во крштевање. Значи верувањето во Христа е еден процес на разбирање проследен од покорност, повеќе отколку едно брзо усмено признание 'верувам во Христа'. Тоа е изнесено од Јв.6:35 "кој доаѓа при Мене, нема да огладни, и, кој верува во Мене нема никогаш да ожедни", кое го поистоветува верувањето во Христа со ДОАЃАЊЕТО при него- и покажува дека верувањето е еден процес. Проповедта за ‘Христа’ према тоа опфаќаше една серија на учења. Вака Лк.9:11 го опишува Христа проповедувајќи го евангелието на царството Божјо (ср, Мт.4:23), додека истиот приказ во Мк.6:34 говори за него дека ‘поучуваше’ и проповедаше. Евангелието вклучуваше ‘поучување’- а не само една сожета изјава за Христа која може да се направи за една минута. Оттука ние читаме фрази, "го проповедаа Евангелието во тој град и мнозина придобија и научија" (Дела 14:21), кои го изедначуваат учењето и проповедањето. Тој јазик би бил непотребен ако евангелието беше само неколку едноставни изјави. Павловата проповед во Бер исходи во дневно пребарување низ Писмото од народот (со копии на Стариот завет во синагогата?) да го проверат она што Павле ги учеше (Дела 17:11). Евангелието кое го учеше Павле беше према тоа основано на Стариот завет, и поради процесот на библиското проучување тие по слушањето поверуваа- "И мнозина од нив поверуваа" (Дела 17:12). Кога се справуваме со луѓе кои малку ја познаваат Библијата и не ја пребаруваат често дневно после еден разговор, не е ни чудо дека времето за подука е многу подолго него во 1 век. "Секој, кој верува дека Исус е Христос, од Бога е роден" (1Јв.5:1) јасно содејствува со стиховите "Он не роди по Своја волја преку словото на вистината" (Јак.1:18), "преродени... преку словото на живиот Бог... а тоа е словото, кое ви е благовестено" (1Пет.1:23,25). Тоа покажува дека верувањето дека Христос е Син Божји е еден збир на фактот дека е разбрано евангелието содржано во Словото Божјо. ЦАРОТ НА ЦАРСТВОТО Истакнувањето на 'верување во Христа' станува позначајно еднаш штом се сфати дека титулата 'Христос' може да се чита како синоним за царството на Христа во некои пасуси. Така, нашиот Господ им кажа на фарисеите да не одат наоколу да го бараат дојдениот Месија, бидејќи тој веќе стоеше во нивната средина. Тој го изразува тоа со зборовите "царството Божјо е меѓу вас" (Лк.17:21 A.V. mg.), покажувајќи дека ‘царството’ е истоветно со царот на царството. Јовановата проповед дека царството Божјо беше близу према тоа се однесува на неговото огласување на објавувањето Христово. Каменот кој го удира ликот на Навуходоносора го претставува Божјото царство (Дан.2:44); тоа е каменот/царството кое "ќе ги победи и разруши сите (други) царства", и покажува дека каменот е царството кога го удира ликот, како и после неговото уништување. Во слична црта параболата од Језекија на виновата лоза опишува "нежно гранче" од неговите гранки откинато и посадено, па тоа постана величенствен кедар "и ќе се собираат под него секаков вид птици, секаков вид пернати" (Јез.17:22,23). Тоа мора да се однесува на Христа, "младо дрвце" од Иса.53:2; сепак има јасни врски со параболата за синаповото зрно, во која царството Божјо е споредено со едно мало зрно кое порасна во величенствено дрво, под кое секаков вид на птици дојдоа да живеат. Оваа поврзаност помеѓу словото за царството и самиот Исус покажува дека тој се виде како живото слово за царството. Во светло на ова разбирливо е дека 'верувањето во Христа' и верувањето во целото евангелие за царството Божјо е истоветно. ШТО Е ЕВАНГЕЛИЕТО? Сега доаѓаме до подробна расправа за тоа што беше сметано за важно учење помеѓу верниците во 1 век. Треба да се увиди дека постоеше едно тело на учење во времето на Новиот завет, нешто слично на нашата "Изјава на Вера". Еден друг важен чинител за паметење беше постоењето на браќа со дарот за пророштво- 'претскажување' на директно откровение од Бога под вдахновение. Има причина за верување дека со време некои од овие вдахновени изјави беа придадени на тоа тело на учење. ТЕЛО НА УЧЕЊЕ Павле можеше да каже дека оние во римската еклезија барем беа "од се срце... послушни на оној вид учење, на кое му се" предадоа (Рим.6:17) пред нивното крштевање. Грчкиот збор за ‘вид’ е истиот кој е преведен ‘пример’ и ‘модел’ како да се однесува на едно тело на учење кое беше копирано од друго место. Препораката на Павле за тоа ја покажува важноста за едно одредено тело на учење за разбирање пред крштевањето, и дека не беа само неколку сожети изјави кои ќе се спомнеа пред крштевањето. Некои во еклезијата би биле "на изглед побожни, а од силата на Бога се одрекле" (2Тим.3:5), и можеби предлага дека тие можат да ги држат основните учења на верата но да не ја увидуваат стварната сила на Вистината во своите дневни животи. Павле можеше да ги потсети Галатјаните дека "Исус Христос беше изобразен, а сега, еве меѓу вас се распна" (Гал.3:1). Грчкиот збор за ‘изобразен’ значи дословно 'насликан во пишани зборови', како, почетната подука на Галатјаните, да беше преку некаков пишан облик на прирачна подука. Кога го одредуваше учењето за воскресението, Павле можеше да каже "Ви го предадов најнапред она, што го бев и примил, дека Христос умре..." (1Кор.15:3), и покажува како тој примил едно откровение за тие работи и им го предава како учење да се прифати за основа. 2Пет.2:21,22 убаво се вклопува овде: "За нив би било подобро, да не беа го познале патот на правдата отколку... да се вратат назад од светата заповед, која им е предадена... (но) искапената (во крштевање) свиња (се вратила)- во калта". Овде ‘патот’ и ‘светата заповед’ кои им беа ‘предадени’ се поврзани со миењето во крштевање, како патот и заповедта да им беа познати пред крштевањето. Ние покажавме дека не беше само една заповед што требаше да се сфати пред крштевањето; према тоа ‘заповедта’ во еднина може да предлага дека имало едно тело на учење многу јасно одредено кое што требаше да се разбере пред крштевањето. Има неколку пасуси кои говорат за 'примањето' поучување околу учењето и ‘евангелието’: Гал.1:9,12; Филип.4:9; Кол.2:6; 1Сол.1:6; 2:13; 4:1. Тоа потврдува дека 'евангелието' беше содржано од едно одредено тело на учења кои беа 'примени' прво од апостолите а потоа од оние на кои проповедаа. ‘ВЕРАТА’ Јуда исто така говори за "вера, која им е дадена на светците еднаш (за сите) засекогаш" (Јуда 3). Со тоа ‘вера’ е поистоветена со "вид на учење" што им беше предадена пред крштевањето, и е само една друга фраза во речникот на 1 век која говори за тоа тело на учење. Поттикнувањето на Павле "да го држиме исповеданието на надежта цврсто" (Евр.10:23) може да алудира на нивното јавно исповедување на верувањето во ‘верата’ пред нивното крштевање. Да се сочува "вистинското слово" (Тит 1:9) главно би се однесувало на придржување на таа 'Изјава на Вера' на која што прво беа научени. "Заедничката вера" (Тит 1:4) покажува дека тоа тело на учење беше делено од сите верници; имаше само "една вера" (Еф.4:5). ‘Верата’ и името на Христос се поврзани во Дела 3:16. Ние видовме дека името Христово е едно друго име за истото учење содржано во ‘верата’. Во пракса (1Тим.6:10) и учење (1Тим.4:1) Павле предупреди дека некои ќе "отстапат од верата". Првата етапа во тоа одметнување би било велењето дека ‘верата’ е невозможна за одредување. НАЧИНИ НА ПРАКСА Начините на пракса беа исто така дел од тоа тело на учење. "Верата во Христа" вклучуваше и разбирање за "правда, за воздржување и за идниот суд" (Дела 24:24, 25). Павле говори за подучувањата за кршење леб како и за учењето околу воскресението: "Јас го примив од Господа она, што ви го предадов" (1Кор.11:2,3). Изгледа дека имало една група од тие практични нешта, која Павле подоцна ја прошири да го вклучува учењето за местото на сестри во еклезијата: "ги држите заповедите така, како што сум ви ги предал. Сакам уште да знаете дека... на жена глава е мажот" (1Кор.11:2,3). Тоа покажува дека објаснувањето на тие нешта треба да е пред крштевањето, и беа дел од телото на учењето кое беше настојувано во 1 век. Грчкиот збор за ‘заповеди’ е исто така преведен ‘предание’ во 2Сол.3:6 и 2:15: "да се двоите од секој брат, кој живее... не според преданието, што го добија од нас... стојте и држете ги преданијата, што ги научивте, било преку (вдахновено пророчко) нашето слово, било преку нашето послание". Тоа ја покажува битната важност на држење кон тоа тело на учење, и потребата од одделување од оние кои не му се покоруваат: "се држи според вистинското слово (друг опис за истото тело на учење), онака како што е научен, та да биде силен и да поучува во здравото учење, и да ги изобличува оние, кои се противат" (Тит 1:9). Ние знаеме дека имаше "лажни пророци" во раните еклезии, кои тврдеа дека имале Божји откровенија околу учењето кои треба да се додадат на прифатеното тело на учење. Затоа Павле истакнува што е "вистинското слово" на вдахновено откровение на учењето (Тит 1:9: 3:8; 2Тим.2:11; 1Тим.4:9), кои се "достојни за секакво примање" (1Тим.1:15; 4:9)- т.е. во телото на учењето што ја опфаќа ‘верата’. Затоа Јован предупреди да не се верува "на секој дух" кој тврди вдахновеност (1Јв.4:1). ОДРЕДЕНИ ПОЕДИНОСТИ Следниве се неколку јасни примери каде учењата, за разлика од едноставното 'верување во Христа', се учени како дел од основното евангелие кое требаше да биде разбрано пред крштевањето: -"според моето благовестие (т.е. она што го проповедаше Павле; Рим.2: 16), Бог преку Исуса Христа ќе ги суди тајните на луѓето". Учењето за судот и одговорноста е према тоа земено во обзир како 'прво начело'- види исто Дела 24:25; Евр.6:1,2. -Идејата дека обрежувањето било потребно за спасение беше опишано од Павле како "друго благовестие" (Гал.1:6). Така знаењето дека не треба да го држиме законот Мојсеев, пр. саботата, е дел од разбирањето на вистинското евангелие. -"Евангелието за царството" не е само за Христа туку и за неговото идно царство; Иса.52:7 (ср. Рим.10:15) го опишува проповедникот на евангелието кој говори за времето кога ќе може да му се рече на Сион "Твојот Бог се зацари"- т.е. во царството. -Исправното разбирање на 'пофините црти' од Христовата природа беше прашање на дружење (2Јв.7:10); затоа евангелието ги вклучува проповедите за Христа (Дела 8:12). Повторно, само да се рече дека се верува во Христа не е доволно. -Важноста на ветувањата за царството е еден важен дел од евангелието. Преку ветувањата евангелието беше проповедано на Авраам (Гал.3:8) и Израел (Евр.4:2). Така, Павле говореше за своето проповедање околу ветувањата до Давид како за "словото на ова спасение" (Дела 13:23,26). Тие беа значи еден битен дел од пораката за спасение. Оттука, тој вели "сега ви соопштуваме (истиот збор преведен 'проповедаме' на други места) вам благовестие (евангелие) за ветувањето, дадено на нашите татковци" (Дела 13:32 R.V.). Слично Рим.1:1-4: "Благовестието Божјо... за Својот Син, по тело роден од семето Давидово". -Да се разберат ветувањата бара одредено познавање на историјата од Израел. Една студија на Павловото проповедање во Антиохија во Дела 13 го прикажува како ја оцртува израелската историја со посебно истакнување на ветувањата, и потенцира како тие беа исполнети во Исуса. Неговата проповед беше значи темелена на историјата од Израел, и беше едно изложување заклучно со предупредувањето за последиците при судот за неодзивање на словото што го проповедаше (Дела 13:40,41). Содржината на нашето проповедање треба да е слична. ЗАКЛУЧОЦИ Важноста на сето ова не може да се преистакне. "Пази на себе и на учењето; биди постојано во тоа, оти, ако постапуваш така, ќе се спасиш и сам и оние што те слушаат" (1Тим.4:13-16). Списоци на важни учења како оние дадени во Додаток 1 од оваа книга очито не се вдахновени, но по наше мислење е еден чесен збир на многу од посебните теми спомнати во библиските пасуси кои говорат за нешта кои се дел од ‘верата’, ‘преданијата’ и.т.н. Се надеваме оваа студија покажа дека има конечна потреба за едно тело на учење кое сите го прифаќаме и не сме спори во потврдувањето на нашата верност кон него. Содржините на тоа тело на учење треба да ги обликува нашите подуки на кандидатите за баптизам, и е само чесно кон нив да се провери со разговор пред нивното потопување дали потполно го разбираат она што го научиле. Често верниците беа охрабрувани да се прилепат кон ‘верата’ кога им е тешко. "Темелите Божји стојат сигурни". Нашето запознавање со првите начела, со чудесниот начин на кои се одржува целосната Божја цел, треба да ни е само по себе едно охрабрување. Само со редовното проповедање или повторно учење на тие работи ќе ја имаме таа добробит и длабока увереност, и како Павле во својот мрачен час на осаменост ќе можеме да речеме "патот го завршив, верата ја запазив... знам во Кого сум поверувал и уверен сум дека Он е моќен мојот залог (нашиот живот, нашето се) да го запази за оној ден" (2Тим.4:7; 1:12). ФУСНОТА: ИСПОВЕДУВАЈЌИ ГО ГОСПОДА ИСУСА "Ако со устата Го исповедаш Господа Исуса и со срцето свое поверуваш дека Бог Го воскресна од мртвите, ќе се спасиш" (Рим.10:9). Треба да се направат следниве точки: -Ние покажавме дека 'Господ Исус' е веројатно еден синоним за едно цело тело на учење кое ги содржи "евангелието за царството Божјо и за името на Исуса Христа", вклучувајќи го и крштевањето (Дела 8:5 ср. v.12). 'Исповедта' за која говори Павле можеби била при крштевањето. Тој во овој случај би алудирал на Мк.16:16 "Кој ќе поверува (ср. исповедувајќи со устата) и се крсти (ср. воскреснува со Христа од мртвите), ќе биде спасен". -Да се сфати воскресението Христово вклучува познавање на библиското учење за пеколот и природата човечка. -Рим.10:8,9 изгледа паралелно со v.13: "Бидејќи, секој , кој го призове (врз себе, грчки текст) името Господово, ќе се спаси". Павле е опишан како се крштева и вака го повикува врз себе името Гсподово (Дела 22:16); единствено крштевањето ни дава влез во името Господово (Мт.28:19). -Откако ја истакна важноста на крштевањето, неколку поглавја порано во Рим.6, невозможно е дека Павле сега би учел дека е непотребно за спасение во поглавје 10. -Рим.10:9 е претходено од v.6-8: "Да не речеш во срцето свое: Кој ќе се возвиси на небото? ...Кој ќе слезе во бездната? ...Но што вели Писмото: Блиску до тебе е словото, во твојата уста и во твоето срце, односно словото на верата, што го проповедаме". "Словото на верата" беше према тоа она што требаше да се исповеда, и е паралелно со "Господа Исус" во v.9. Ние видовме дека ‘верата’ го опишува целото тело на учење кое го опфаќа евангелието. Павле цитира од 5Мој.30:11-14: "Оваа заповед, што денес ти ја давам... не е на небото... ниту е преку море ('во бездната')... Но оваа заповед е многу блиска до тебе". Тој изгледа го толкува "словото... оваа заповед" дека се однесува на Христа. Така, ако Израел го држеше словото ќе беше благословен (5Мој.30:16), па ако новиот Израел верува во словото за Христа ќе биде спасен. Исповедувајќи го Христа со устата, према тоа содејствува со согласувањето со ова учење за Христа. "Ако го слушаш гласот на Господа" (5Мој.30:10) одговара со Рим.10:9: "Ако со устата го исповедаш Господа Исуса". Оваа паралела повторно покажува дека ‘Господ Исус’ е титула која го сумира основното учење за словото Божјо. |