Основи наБиблијата Студија 10: Крштевањето во Исуса Суштественото значење на крштевањето | Како треба да сме крстени? | Значењето на крштевањето | Крштевањето и спасението | Цигресии (Повторното крштевање, Степенот на знаење потребен за крштевање, Распнатиот крадец, Еден пример на крштевка) | Прашања |
10.2 Како треба да сме крстени?Распространето е гледиштето дека крштевањето може да се изведе, посебно кај бебиња, со прскање вода на нивните чела (т.е. 'покрстување'). Ова е многу спротивно од библиското барање за крштевање. Грчкиот збор 'баптизо', кој е преведен 'крштевање' во Библијата, не значи попрскување; тоа значи целосно перење и потопување во течност (види дефиниции во Robert Young и James Strong concordances). Тој збор се користи во класичниот грчки јазик за бродови кои тонат и се 'баптизирани' (т.е. потонати) во вода. Исто така се користи со препорака на штоф кој се бојадисува од една боја во друга со 'баптизирање', или потопување во боја. Да се смени бојата на штофот, јасно е дека треба потполно де се потопи под течноста, а не да се попрска со бојата. Дека потопувањето е всушност исправниот облик на крштевање е поткрепено од следниве стихови: -"Јован крштаваше во Енон, близу Салим, зашто таму имаше многу вода; и доаѓаа и се крштаваа" (Јв.3:23). Тоа покажува дека "многу вода" беше потребна за крстење; ако било правено со прскање на неколку капки вода, тогаш една кофа вода би била доволна за стотици луѓе. Луѓето дошле тука на бреговите од реката Јордан за крштевање, наместо Јован да оди кај нив со шише вода. -Исус, исто така, беше крстен од Јован во реката Јордан: "И штом се крсти, Исус веднаш излезе од водата" (Мт.3:13-16). Неговото крштевање беше јасно со потопување- тој "излезе од водата" после крштевањето. Една од причините за крштевањето на Исус беше за да се постави пример, така никој да не може озбилно да тврди дека го следи без копирање на неговиот пример за крштевање со потопување. -Така, Филип и Етиопјанинот, властелин "слегнаа во водата обајцата... и го крсти. А кога излегоа од водата..." (Дела 8:38,39). Запомни дека властелинот побарал да се крсти кога ја видел оазата: "Еве вода! Што ми пречи да се крстам?" (Дела 8:36). Скоро е сигурно дека човекот не би тргнал на патување низ пустината без барем нешто вода со него, пр. едно шише. Ако крштевањето било со попрскување, ќе се извршеше према тоа без потреба од оазата. -Крштевањето е еден погреб (Кол.2:12), кое имплицира едно целосно покривање. -Крштевањето е наречено едно 'очистување' на гревовите (Дела22:16). Значењето на вистинското преобраќање е поистоветено со 'измивање' во Отк.1:5; Тит 3:5; 2Пет.2:22; Евр.10:22 и.т.н. Овој јазик кој говори за миење е далеку поумесен за крштевање со потопување отколку со попрскување. Има неколку показатели во Стариот завет дека прифатливиот пристап до Бога беше преку некој вид миење. Свештениците мораа целосно да се измијат во една бања наречена 'Лавер' пред да му се приближат на Бога во служба (Лев.8:6; Исх.40:32). Израелците требаше да се измијат за да се очистат од некои нечистотии (пр. 5Мој.23:11), кои претставуваа грев. Еден човек наречен Нееман лепрозен безбожник побара да биде излечен од Богот на Израел. Како таков тој претставуваше од грев- погоден човек, делотворно минувајќи низ жива смрт заради гревот. Неговото излекување беше со потопување во Јордан. Отпрвин тој го најде овој едноставен чин тежок за прифаќање, мислејќи дека Бог би сакал да направи некаков драматичен чин, или да се потопи во една голема и позната река, пр. Авана. Слично, ние можеме да најдеме тешко за верување дека ваков еден едноставен чин може конечно да не одведе до нашето спасение. Попривлечно е да се мисли дека нашите дела и јавното поврзување со една голема, добро позната црква (ср. реката Авана) можат да не спасат, наместо овој едноставен чин на поврзување со вистинската надеж на Израел. После потопувањето во Јордан телото на Нееман "се обнови како телото на мало дете и се исчисти" (4 Цар.5:9-14). Сега би требало да има малку простор за сомневање дека 'крштевањето' се однесува на едно целосно потопување во вода откако прво се сфати основната порака на евангелието. Овој библиски основан опис за крштевање не прави никакви препораки за статусот на лицето кое всушност физички го врши крштевањето. Бидејќи крштевањето е едно потопување во вода после верувањето во евангелието, теоретски е можно некој да се крсти самиот. Меѓутоа, бидејќи крштевањето е крштевање од причина на исправните учења кои се држат во времето на потопувањето, конечно е препорачливо да се биде крстен од еден друг верник на вистинските учења, кој пред се ќе го процени степенот на знаење кое го има лицето пред своето потопување во дадениот момент. Постои према тоа традиција меѓу христаделфијанците за држење на обавезен разговор со секој кандидат за крштевање пред односното потопување. Еден список на прашања како оние на крајот од секоја студија во оваа книга можат да ја обликуваат основата за таков еден разговор. Христаделфијанците имаат патувано илјадници милји да помогнат за само една особа да се крсти; таква е извонредноста од само една особа која доаѓа кон вистинската надеж на вечен живот, што не сме првенствено загрижени за бројот на обратеници. Квалитет подобро отколку квантитет е основното начело на нашиот пристап. |