Основи наБиблијата
Студија 10: Крштевањето во Исуса
Суштественото значење на крштевањето | Како треба да сме крстени? | Значењето на крштевањето | Крштевањето и спасението | Цигресии (Повторното крштевање, Степенот на знаење потребен за крштевање, Распнатиот крадец, Еден пример на крштевка) | Прашања

Осврт 30: Повторното крштевање

Некои луѓе се многу воздржани да се крстат после она што тие мислеле дека е некакво 'крштевање', или попрскани како мали, или со потполно потопување во друга црква. Меѓутоа, пред крштевањето мора да има покајание и исправно верување во вистинското евангелие (Дела 2:38; Мк.16:15,16). Крштевањето е единствено тоа ако тие работи се во ред пред потопувањето во вода. Мт.28:19,20 го поврзува крштевањето со прво слушање на објаснатите учења за Христос. Едно мало дете е неспособно за покајување или разбирање на евангелието; во секој случај попрскувањето не е крштевање. Еден пливач кој нурка во базен можеби е потопен во вода, но тоа не е крштевање, бидејќи лицето не се одзива свесно кон вистинското евангелие. Тоа е така и со оние кои се потопуваат додека веруваат во лажно учење; тие се потопени но не и крстени.

Има само ‘една вера’, т.е. постава на учења кои го содржат вистинското евангелие, и према тоа само ‘едно крштевање’- крштевањето кое настанува после верувањето во ‘едината вера’. "Едно тело (т.е. една вистинска црква)... како што сте и повикани кон една надеж на вашето звање. Еден е Господ, една е верата, едно е крштевањето, еден е Бог" (Еф. 4:4-6). Нема две надежи, како што веруваат некои велат дека не е важно дали веруваме дека нашата награда ќе е на небо или на земја. Има само "еден Бог"- Исус према тоа не е Бог. Следува дека ако, кога се крстивме, не успеавме да ги разбереме основните учења, како царството Божјо, природата Божја и на Исус, тогаш првото 'крштевање' не било исправно.

Јован крстител ги потопуваше луѓето, повикувајќи ги на покајание, и учејќи ги одредени работи за Исус (Мк.1:4; Лк.1:77). Меѓутоа, ова беше недоволно. Дела 19:1-5 бележи дека некои кои Јован ги крсти мораа да бидат прекрстени поради нивното нецелосно сфаќање на одредено учење. Како и тие кои Јован ги крсти, можеме да мислиме дека при нашето прво потопување сме направиле оригинално покајание и нов почеток. Тоа можеби е така, но не ја отстранува потребата да се прими "едно (вистинско) крштевање" кое може да настане само после сфаќањето на сите елементи од "една (та) вера".


  Back
Home
Next