Основи наБиблијата Студија 10: Крштевањето во Исуса Суштественото значење на крштевањето | Како треба да сме крстени? | Значењето на крштевањето | Крштевањето и спасението | Цигресии (Повторното крштевање, Степенот на знаење потребен за крштевање, Распнатиот крадец, Еден пример на крштевка) | Прашања |
10.4 Крштевањето и спасенниетоКрштевањето поврзувајќи не со смртта Христова значи дека само преку крштевањето можеме да имаме пристап до проштевање. Ние сме погребани со Христа во крштевањето, во кој заедно со него и воскреснуваме преку "силата на Бога, Кој Го воскресна од мртвите. И вас, кои бевте мртви во гревовите... Он заедно со Него ве оживи, простувајќи ви ги сите гревови" (Кол.2:12,13). Ние сме измиени "во името на нашиот Господ Исус Христос" (1Кор.6:11)- т.е. крштевањето во името на Исус е средството со кое нашите гревови се очистени. Тоа беше моделирано назад во Бро.19:13, каде оние без водата за чистење требаше да умрат. Ние покажавме во студија 10.2 како крштевањето е едно очистување на гревовите (ср. Дела 22:16). Описите за верниците кои се миени од своите гревови во крвта Христова према тоа се однесува за нивното правење на тоа со крштевањето како средство (Отк.1:5; 7:14; Тит 3:5 (N.I.V.) говорат за ова како за "бањата на преродување", а се однесуваат на нашето раѓање од вода при крштевањето (Јв.3:5). Во светло на сето ова, разбирливо е дека одговорот на Петар на прашањето, "што да правиме?" (за спасение) беше, "Покајте се и секој од вас да се крсти во името на Исуса Христа за простување на гревовите" (Дела 2:37,38). Крштевањето во Христовото име е за простување на гревовите; без тоа не може да има никакво простување на грев, и некрстениот мора према тоа да ја прими платата на гревот- смрт (Рим. 6:23). Нема спасение освен во името на Исус (Дела 4:12), а ние едино можеме да го делиме тоа име со тоа што ќе се крстиме во него. Овој факт значи дека нехристијанските религии не можат на никаков начин да водат кон спасение. Ниеден вистински библиски верник не може да прифати дека можат; фактот дека католицизмот и поширокото екуменско движење прифаќаат, е жален одраз на нивниот став кон Светото Писмо. Христовото воскресение во вечен живот беше знак на неговиот личен триумф врз гревот. Со крштевањето ние се поврзуваме со тоа, и према тоа за нас се говори дека сме воскреснати заедно со Христа, а гревот нема веќе власт врз нас, како што немаше ни врз него. Со крштевањето значи сме ослободени "од гревот... гревот не треба да господари над вас" после крштевањето (Рим.6:18,14). Меѓутоа, после крштевањето ние се уште грешиме (1Јв.1:8,9); гревот се уште може да не зароби повторно ако се свртиме од Христа. Ние значи сега ја споделуваме Христовата смрт и страдања, а крштевањето покажува дека сме поврзани и со Христовото воскресение, за кое се надеваме дека ќе го делиме при неговото враќање. Само во перспектива сме ние ослободени од грев. "Кој ќе поверува и се крсти ќе биде спасен" (Мк.16:16) при Христовото II доаѓање. Конечното спасение не настанува веднаш по крштевањето, туку кај судот (1Кор.3:15). Всушност, нема никаква потреба од учењето за судот ако го добиваме спасението при крштевањето, ниту треба да умираме. "Кој претрпи до крај, ќе биде спасен" (Мт.10:22). Дури и по своето крштевање, Павле (и сите христијани) мораа да се борат кон спасението (Филип.3:10-13; 1Кор.9:27); тој говореше за надежта на вечен живот (Тит 1:2; 3:7; 1Сол.5:8; Рим.8:24) и дека ќе сме наследници "на спасението" (Евр.1:14). Кај судот, праведните ќе влезат во вечен живот (Мт.25:46). Прекрасната инспирирана логика на Павле свети низ Рим.13:11 -тој расудува дека по крштевањето ќе знаеме дека секој проживеан ден и поднесување е ден поблиску до II доаѓање на Христа и дека треба да се радуваме што е сега "нашето спасение поблизу, него кога ние верувавме". Нашето спасение значи не е сега во посед. Спасението е условено; ние ќе бидеме спасени ако цврсто ја држиме вистинската вера (Евр.3:12-14), ако ги памтиме основните учења кои се содржани во евангелието (1Тим.4:16; 1Кор.15:1,2), и ако ги правиме нештата прилични на големата надеж (2Пет.1:10). Затоа грчкиот глагол преведен ‘спасен’ е некогаш користен во трајно време, покажувајќи дека спасението е еден процес кој трае, кој се појавува во нас поради нашата непрекината покорност на евангелието. Така, за верниците се говори како "за оние кои се спасуваат" преку нивниот одзив на евангелието (1Кор.1:18 R.S.V.; други примери за оваа трајна тема се Дела 2:47 и 2Кор.2:15). Грчкиот збор за ‘спасен’ е употребен во минато време само во врска со големото спасение кое Христос го овозможи на крстот и со кое можеме да се поврзиме со баптизмот (2Тим.1:9;Тит 3:5). Сето ова е објаснато со примери од Божјите справувања со природниот Израел, кои ги обликуваа темелите за Неговиот однос со духовниот Израел, т.е. верниците. Израел го напушти Египет, претставувајќи го светот на телото и лажната религија со која сме ние поврзани пред крштевањето. Тие поминаа низ Црвено море и потоа патуваа низ пустината Синај во ветената земја, каде што беа потполно утврдени за Божјо царство. Нивниот премин низ Црвено море е типичен на нашето крштевање (1Кор.10:1,2); пустинското патување на нашиов сегашен живот, а Ханаан на царството Божјо. Јуда 5 опишува колку од нив биле уништени за време на патувањето: "Господ, откако го избави народот од египетската земја, ги погуби оние, што не веруваа". Израел беше значи ‘спасен’ од Египет, како што се и оние кои се крстени ‘спасени’ од грев. Ако еден од тие Израелци беше прашан, "дали си спасен?" одговорот би можел да биде, ‘да’, но тоа не би значело дека тие ќе се конечно спасени. Исто како што Израел се сврти кон Египет во своето срце (Дела 7:39) и се врати на еден живот на телесно задоволување и лажно учење, па така и оние кои се ‘спасени’ од грев со крштевањето можат исто така да отпаднат од благословената состојба во која стојат. Можноста за ние да го направиме истото што и природниот Израел во пустината е осветлена во 1Кор.10:1-12; Евр.4:1,2 и Рим.11:17-21. Има бројни примери во Писмото за оние кои еднаш биле ‘спасени’ од грев со крштевање, а потоа паднале во состојба која значеше дека тие ќе бидат осудени при враќањето Христово (пр. Евр.3:12-14; 6:4-6; 10:20-29). Учењето 'еднаш спасени засекогаш спасени' на ревносните 'евангелиски' проповедници се разоткрива за она што е од вакви пасуси- мошне телесно задоволувачко мудрување. Како и со сите работи, една исправна смисла за рамнотежа е потребна во барањето за утврдување до кој степен сме ние ‘спасени’ со крштевањето. Чинот не треба да се гледа како доделување на нас прилика за спасение- една подобра можност за тоа отколку без крштевање. Со постанувањето "во Христа" со крштевањето, ние сме спасени во перспектива; и навистина имаме сигурна надеж да бидеме во Божјото царство ако продолжиме да боравиме во Христа какви што сме кога излегуваме од водите на крштевањето. Во било кој момент од времето по нашето крштевање треба да имаме понизна доверба дека сигурно ќе сме прифатени во царството при Христовото враќање. Ние не можеме да бидеме крајно сигурни, бидејќи можеме да отпаднеме следниот ден; ние не ја познаваме нашата лична духовна иднина на овој живот. Треба да направиме се можно за да ја чуваме добрата совест што ја имаме со Бога при крштевањето. Крштевањето е "ветување добра совест" (1Пет.3:21); кандидатот за крштевање ветува чување на таа добра совест со Бога. Додека крштевањето е од битна важност во доделувањето пристап на нас кон големото спасение кое е достапно во Христа, треба да сме внимателни да не оставаме впечаток дека со самиот чин или ‘дело’ на крштевање ние ќе сме спасени. Ние веќе покажавме како еден живот на постојан однос со Христовото распетие е неопходен: "Ако некој не се роди од вода и Дух, не може да влезе во царството Божјо" (Јв.3:5). Споредбата на ова со 1Пет. 1:23 покажува дека раѓањето од Духот кое се појавува после крштевањето мора да се однесува на нашето постепено обновување од Духот/Словото. Спасението не е само поради крштевањето: тоа е исход на благодат (Еф. 2:8), вера (Рим.1:5) и надеж (Рим.8:24), измеѓу останатото. Понекогаш се слуша расправа дека спасението е само преку верата, и затоа едно ‘дело’ како крштевањето е неважно. Меѓутоа, Јак.2:17-24 објаснува дека таквото расудување прави една лажна разлика помеѓу верата и делата; вистинската вера, пр. во евангелието, е покажана за оригинална вера по делата во кои исходува, пр. крштевање. "Човекот се оправдува со дела, а не само со вера" (Јак.2:24). Во неколку случаи на крштевање, верникот праша што треба да "направи" да се спаси; одговорот секогаш го вклучуваше крштевањето (Дела 2:37; 9:6; 10:6; 16:30). 'Правењето' на 'делото' крштевање е значи нужен показател на нашето верување во евангелието за спасение. Делото за наше спасување е конечно направено од Бога и Христа, но ние треба да направиме "дела достојни за покајание" и верување во тоа (Дела 26:20 ср. Мк.16:15,16). Порано покажавме дека јазикот за очистување на гревовите се однесува на Божјото проштевање поради нашето крштевање во Христа. Во некои пасуси за нас се говори дека се очистуваме од гревовите со нашата вера и покајување (Дела 22:16; Отк.7:14; Јер.4:14; Иса.1:16); во други Бог е виден како оној кој ги очистува нашите гревови (Јез.6:9; Пс.50:2,7; 1Кор.6:11). Тоа убаво покажува дека ако ние го направиме нашиот дел со крштевање, Бог ќе ги очисти нашите гревови. Значи 'делото', или чинот на крштевање е важен чекор во земањето во посед на Божјата евангелиска благодат ('незаслужна милост'), која ни е понудена во Неговото Слово. |