Основи наБиблијата Студија 10: Крштевањето во Исуса Суштественото значење на крштевањето | Како треба да сме крстени? | Значењето на крштевањето | Крштевањето и спасението | Цигресии (Повторното крштевање, Степенот на знаење потребен за крштевање, Распнатиот крадец, Еден пример на крштевка) | Прашања |
10.3 Значењето на крштевањетоЕдна од причините за крштевање со потопување е дека заронувањето под вода го симболизира нашето влегување во гроб- и не поврзува со смртта на Христа, и ја покажува нашето 'умирање' во претходниот живот на грев и непознавање. Излегувањето од вода не поврзува со воскресението на Христа, и не доведува во сродство со надежта на воскресение во вечен живот при неговото враќање, како и живеењето на еден нов живот сега, духовно победоносни врз гревот поради Христовата победа постигната со неговата смрт и воскресение. "Сите ние што се крстивме во Исуса Христа, во Неговата смрт се крстивме. И така, ние се погребавме со Него преку крштавањето во смртта, та како што Христос воскресна од мртвите преку славата на Отецот, така и ние да одиме (т.е. секојдневно да живееме) во обновен живот. Зашто ако сме сраснати со Него во еднаква смрт (со крштевка), ќе бидеме соучесници и во воскресението" (Рим.6:3-5). Бидејќи спасението е овозможено само со Христовата смрт и воскресение, важно е да се поврзиме со тие работи ако сме за спасување. Симболичното умирање и воскреснување со Христа, кое го дава крштевањето, е единствениот начин да се направи тоа. Треба да се забележи дека попрскувањето не ја исполнува таа симболика. При крштевањето, "нашиот стар човек (начинот на живот) е распнат" заедно со Христа на крстот (Рим.6:6); Бог "не оживе со Христа" по крштевањето (Еф.2:5). Меѓутоа ние се уште имаме човечка природа по крштевањето, и затоа телесниот начин на живот и понатака ќе ја крева главата. 'Распнувањето' е затоа еден процес кој продолжува понатаму, кој само почнува по крштевањето, оттука Исус му кажа на верникот да го зема својот крст секој ден и да го следи, како во поворката кон Калварија (Лк.9:23; 14:27). Додека животот на вистинско распнување со Христа не е лесен, постои и голема утеха и радост во соединувањето со Христовото воскресение. Христос донесе "мир со крвта на Неговиот крст" (Кол.1:20)- "мирот Божји, што надвишува секој ум" (Филип.4:7). Околу тоа, Исус вети, "Мир ви оставам; мирот Свој ви го давам; Јас ви го давам не како што го дава светот" (Јв.14:27). Тој мир и вистинска духовна радост повеќе него ја урамнотежува болката и потешкотијата на нашето отворено поврзување со распнатиот Христос: "како што се умножуваат Христовите страдања во нас, така се умножува и утехата наша преку Христа" (2Кор.1:5). Има и слобода која доаѓа од познавањето дека нашето природно јас е навистина мртво и дека Исус многу делотворно живее со нас низ секоја потешкотија. Големиот апостол Павле можеше да говори од големо искуство на се ова од долгите полни со настани години на својот живот: "за да живеам со Бога, се распнав со Христа; и јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене. А тоа што сега живеам во тело, живеам со верата во Синот Божји" (Гал.2:20). "Крштавањето... не спасува сега и нас преку воскресението на Исуса Христа" (1Пет.3:21) бидејќи нашето поврзување со воскресението на Христос во вечен живот ни дава пристап до истото при неговото враќање. Со споделување на тоа воскресение, ние ќе сме конечно спасени. Исус ова го изјави во многу јасни термини: "зашто Јас живеам и вие ќе живеете" (Јв.14:19). Слично така и Павле: "се помиривме со Бога преку смртта на Неговиот Син... ќе се спасиме преку Неговиот живот" (воскресение; Рим.5:10). Повремено се истакнува дека со поврзувањето со Христовата смрт и страдања во крштевањето, и со подоцнежниот начин на живот, ние сигурно ќе го делиме неговото славно воскресение: -"Ако со (Христа) сме умреле, со Него и ќе оживееме. Ако трпиме, со Него и ќе царуваме" (2Тим.2:11,12). -"Секогаш во телото наше ја носиме смртта на Господа Исуса, така што и животот Исусов да се открие во телото наше... знаејќи, дека Кој го воскресна Господа Исуса и нас ќе не воскресне преку Исуса" (2Кор.4:10,11,14). -Павле го делеше "учеството во Неговите страдања, грижејќи се (со своето тешко животно искуство) мојата смрт да биде слична со Неговата; та некако да го достигнам воскресението на мртвите" (Филип.3:10,11 ср. Гал.6:14). |