Основи наБиблијата Студија 7: Потеклото на Исус Пророштва во Стариот завет за Исус | Девственото раѓање | Христовото место во Божјиот план | ‘Во почетокот беше Словото’ | Цигресии (Историскиот Исус, ‘Слегов од небото’, Дали Исус ја создаде земјата?, ‘Јас постојам уште пред да се роди Авраам’, Мелхиседек) | Прашања |
Осврт 25: "Јас постојам уште пред да се роди Авраам" (Јв.8:58)Овие зборови се често погрешно применувани дека Исус постоел пред Авраама. Меѓутоа, поблиското испитување открива дека спротивното е вистина: 1. Исус не вели "Јас постоев уште пред да се роди Авраам". Тој беше ветениот потомок Авраамов; ги правиме бесмислени Божјите ветувања до Авраам ако речеме дека Исус физички постоел пред времето на Авраам. 2. Контекстот на Јв.8:58 е Христовиот јавен говор со Евреите околу Авраама. За нив, Авраам беше најголемиот човек што може да постои. Исус вели "Јас сум сега, тука, поважен од Авраам". Како што тие стоеја таму, Исус беше за поудостојување отколку Авраам. Тој вели 'Јас сум сега, поважен отколку некогаш Авраам'. (ова е една игра на зборови што не добива смисла со мак. превод "Јас постојам уште пред да се роди Авраам". Во англиската Библија чие отстапување од изв. текстови е минимално стои "Јас сум, пред Авраам" 'пред'= 'порано'; значи Исус вели: 'Јас сум (сега, за вас важен) порано (ви беше важен) Авраам'). Можно е да се сфати она "пред" во Јв.8:58 со некоја препорака на времето, во смисла дека пред да постои Авраам, Христос беше во Божјиот план уште од почетокот на светот. Така, Исус беше "пред" Авраам во смисла дека бил "пред" него во однос на важност. 3. Доказ за тоа има во Јв.8:56. "Авраам, таткото ваш, би се зарадувал да го види Мојот ден; и го види и се зарадува". Едино време запишано дека Авраам се смеел и радувал беше кога му беше ветено дека ќе има семе; тој разбра дека конечно тоа ветување се однесува на Исус (Бит.17:17). Авраам ‘виде’ према Христа преку ветувањата до него за Исуса. Тој коментираше за идното жртвување на Исуса: "Господ ќе предвиди" (Бит.22:14 ("Во гората Господова ќе биде видено" евр. текст)). Во таа смисла говореше Исус дека Авраам го видел него. Во овој контекст на говорење за ветувањата Исус можеше да рече "Јас постојам уште пред да се роди Авраам". Тој сфаќаше, како што објаснавме во оддел 3.1, дека Божјите ветувања на Авраам го откриваа планот за Исус кој Бог го знаеше од почетокот на светот. Таа цел, која беше "пред Авраам да биде", беше откриена на Авраам во ветувањата до него, и сега беше исполнувана во очите на Евреите од 1 век, како што стоеја во круг околу Исуса, "словото (ветено) направено тело". 4. Често се тврди дека Исус алудира на Божественото Име кога вели, "Јас постојам" ('Јас сум'). Ние објаснавме во Осврт 3 дека Исус всушност и обични луѓе можат да го носат името Божјо, без тоа да значи дека се Самиот Бог лично. Меѓутоа, можеби Исус само го користи сегашното време на глаголот ‘бев’. Истата грчка творба се појавува во Јв.9:9 неколку стихови покасно. Соседите на слепиот човек кој беше излечен се прашуваа дали тој всушност бил истиот човек кој обично седеше и просеше : "Едни велеа: Тој е, а други Личи на него.Тој, пак, зборуваше: Јас сум". Слепиот човек вели "Јас сум", исто како и Исус што вели "Јас сум" во Јв.8:58. Ако речеме дека фактот што Исус рече "Јас сум" докажува дека е самиот Бог, тогаш треба да заклучиме дека и слепиот човек бил исто "самиот Бог". Меѓутоа, вредно е за бележење дека Јахве, Божественото Име, всушност значи "Јас ќе бидам кој што ќе бидам" (Исх.3:14 R.S.V. mg.) повеќе отколку "Јас сум". |