Основи наБиблијата Студија 7: Потеклото на Исус Пророштва во Стариот завет за Исус | Девственото раѓање | Христовото место во Божјиот план | ‘Во почетокот беше Словото’ | Цигресии (Историскиот Исус, ‘Слегов од небото’, Дали Исус ја создаде земјата?, ‘Јас постојам уште пред да се роди Авраам’, Мелхиседек) | Прашања |
Осврт 23: "Слегов од небото""Лебот Божји е Оној, кој слегува од небото и му дава живот на светот... (Јас ) слегов од небото" (Јв.6:33,38). Овие зборови, и други слични, се погрешно користени да ја поддржуваат погрешната идеја дека Исус физички постоел на небото пред своето раѓање. Следниве точки, сепак, треба да направат: 1. Тројничарите ги земаат за дословни овие зборови за да ја докажат својата поента. Меѓутоа, ако ги земеме за дословни, тогаш тоа значи дека некако Исус буквално се спуштил низ небото. Не само што Библијата молчи за тоа, туку и јазикот за Исус дека е зачнат како бебе во утробата на Марија е направен бесмислен. Јв.6:60 го опишува учењето за маната дека е "тешко за примање" (Moffatt-преводот): т.е. треба да разбереме дека е користен сликовит говор. 2. Во Јован 6, Исус објаснува дека тој беше еден вид мана. Маната беше давана од Бога во смислата дека Бог беше одговорен за нејзиното создавање на земјата; таа не се спушташе физички долу од престолот Божји на небо. Така Христовото доаѓање од небото треба да се сфати исто; тој беше создаден на земјата од Светиот Дух кој дејствуваше врз утробата на Марија (Лк.1:35). 3. Исус вели "лебот што ќе го дадам Јас, е Моето тело" (Јв.6:51). Тројничарите тврдат дека 'Божјиот' дел од Исус слегол од небото. Но Исус вели дека ‘телото’ му е лебот што слегло од небото. Слично Исус се поврзува себе "Синот Човечки" не "Синот Бог" со лебот небесен (Јв.6:62). 4. Во истиов пасус од Јован 6 има обилни докази дека Исус не беше еднаков на Бога. "Ме прати живиот Отец" (Јв.6:57) покажува дека Исус и Бог не ја делат соеднаквоста; и фактот "Јас живеам преку Отецот" (Јв.6:57) тешко да е 'со-вечноста' за која говорат тринитарците. 5. Треба да се праша, кога и како Исус 'слегол' од небото? Тројничарите ги користат овие стихови од Јован 6 да 'докажат' дека Исус слегол од небото при своето раѓање. Но Исус говори за себе како "Оној, Кој слегува од небото" (v.33,50), како да е стален процес. Говорејќи за Божјиот дар на Исус, Христос рече "Мојот Отец ви дава вистински леб" од небото (v.32). Во време кога Исус ги говореше овие зборови, тој веќе беше 'слезен' во една одредена смисла, дека бил пратен од Бога. Затоа, тој исто така можеше да говори во минато време: "Јас сум живиот леб што слезе од небото" (v.51). Но тој исто така говори дека 'слегува' како леб од небото во обликот на својата смрт на крстот : "Лебот што ќе го дадам Јас, е Моето тело, што ќе го предадам за животот на светот" (v.51). Значи тука го имаме Исус како говори дека веќе слегол од небото, дека е во процес на 'слегување', и дека се уште треба да 'слезе' во својата смрт на крстот. Овој факт сам по себе треба да докаже дека 'слегувањето' се однесува на Божјото објавување Себе, а не дека се однесува само на Христовото раѓање. Ова е заклучно докажано по сите старозаветни препораки за Божјото 'слегување' кои го имаат тоа исто значење. Така Бог ја виде огорченоста на Својот народ во Египет, и 'слезе' за да ги спаси преку Мојсеј. Тој го виде нашето ропство на гревот, и 'слезе' или Се објави, со праќањето на Исус како еквивалент на Мојсеј да не изведе од ропство. |