Основи наБиблијата Студија 7: Потеклото на Исус Пророштва во Стариот завет за Исус | Девственото раѓање | Христовото место во Божјиот план | ‘Во почетокот беше Словото’ | Цигресии (Историскиот Исус, ‘Слегов од небото’, Дали Исус ја создаде земјата?, ‘Јас постојам уште пред да се роди Авраам’, Мелхиседек) | Прашања |
7.3 Христовото место во Божјиот планБог не ги одлучува Своите планови во поттикот на моментот, средувајќи посебни делови за Својата цел према одвивањето на човечката историја. Бог имаше целосен план одреден од самиот почеток на создавањето (Јв.1:1). Неговата желба да има Син беше према тоа во Неговиот план од самиот почеток. Целиот Стар завет открива различни погледи на Божјиот план за спасение во Христа. Често докажувавме дека преку ветувањата, пророштвата на пророците, и од видот на законот Мојсеев, Стариот завет постојано ни ја открива Божјата цел во Христа. Заради Божјото знаење дека ќе има еден Син го доведе Тој создавањето во постоење (Евр.1:1,2, грч. текст). Заради Христа вековите на човечката историја беа допуштени од Бога (Евр.1:2 (грчки)). Следува дека Божјото откровение до човекот наназад низ годините, по записот на Стариот завет, е полн со препораки за Христа. Христовата врвност и неговата голема и основна важност за Бога е тешко за нас во потполност да ја сфатиме. Па према тоа е вистина да се рече дека Христос постоеше во Божјата свест и намера уште од самиот почеток, иако едино дојде во постоење физичко преку своето раѓање од Марија. Евр.1:4-7,13,14 истакнуваат дека Христос не беше ангел; за време на својот смртен живот беше подолу од ангелите (Евр.2:7), тој беше издигнат на многу поголема чест од нив, бидејќи беше Божјиот "Единороден Син" (Јв.3:16). Ние покажавме порано дека единствениот облик на постоење за кој учи Писмото е постоењето во телесен облик, према тоа Христос не постоел како еден 'дух' пред своето раѓање. 1Пет.1:20 прави збир на состојбата: Христос "беше предназначен уште пред создавањето на светот, а се јави во последно време". Исус беше средишната оска на евангелието, кое Бог "уште порано го беше ветил преку пророците во светите Писма, за Својот Син, по тело роден (создаден со раѓање) од семето Давидово, посведочен како Син Божји во силата по Духот на осветувањето, преку воскресението од мртвите" (Рим.1:1-4). Ова прави збир на историјата Христова:- 1. Ветен во Стариот завет- т.е. во Божјиот план; 2. Создаден како физичка особа преку девственото раѓање, како семе Давидово; 3. Заради својот совршен карактер ("духот на осветувањето"), покажан за време на неговиот смртен живот 4. Беше воскреснат, и повторно јавно објавен како Син Божји од апостолските духовно-вдахновени проповеди. БОЖЈОТО ПРЕДЗНАЕЊЕ Многу ќе ни помогне во разбирањето колку целосно Христос беше во Божјиот ум во почетокот, додека физички не постоеше, ако го прифатеме фактот дека Бог ги знае сите работи кои ќе бидат во 'иднина'; Тој има потполно 'предзнаење'. Бог може према тоа да говори и размислува за работи кои не постојат, како да постојат. Таква е тоталноста на Неговото знаење за иднината. Бог "го вика она што не е како да е" (Рим.4:17). Затоа може да го објави "во почетокот она што ќе биде на крајот, од старо време она што уште не станало, па велам : Мојата одлука ќе се изврши, и се што Ми е угодно- ќе го направам" (Иса.46:10). Затоа Бог, може да говори за мртвите како да се живи, и може да зборува за луѓе како да се живи и пред нивното раѓање. "Одлуката", или словото Божјо, го пророкуваше Христа од почетокот; тој беше во Божјата цел или "угодност". Беше према тоа сигурно дека во некое време Христос физички ќе се роди; Бог би ја исполнил Својата изјавена цел во Христа. Сигурноста на Божјото предзнаење е према тоа одразена во сигурноста на Неговото Слово. Библискиот еврејски има 'пророчко свршено' време, кое користи минато време за опишување идни работи кои ги ветил Бог. Така рече Давид, "Еве го домот на Господа Бога" (1Лет.22:1), кога уште храмот беше само ветен од Бога. Таква беше неговата вера во тоа слово на ветување што Давид го користеше сегашното време да опишува идни работи. Писмото обилува со примери за Божјото предзнаење. Бог беше толку сигурен дека ќе ги исполни ветувањата до Авраам што му кажа "на потомството твое му ја давам оваа земја" (Бит.15:18) во време кога Авраам ниту имаше потомство. За време на истиот период пред семето (Исак/Христос) да се роди Бог уште вети: "ќе те направам татко на многу народи" (Бит.17:5 (англискиот превод ја има запазено изворната суштина на оригиналот, мак. прев. го има занемарено ова правило, примерот како е преведен овој стих говори сам за себе: "Татко на многу народи те направив јас тебе" и претходниот стих: "На твоето семе му ја дадов Јас оваа земја"- и за жал е изгубена убавината на мислата)). Навистина, Бог "ги нарекува оние работи кои не се како да се". Така Исус говореше за време на својата служба дека Бог "се Му даде во раката Негова" (Јв.3:35), иако ова не беше тогаш случај. "Се си покорил под нозете негови... но сега уште не гледаме дека му е се покорено" (Евр.2:8). Бог говореше за Својот план за спасение преку Исуса "преку устата на Своите свети пророци од векот" (Лк.1:70). Бидејќи тие беа толку тесно поврзани со Божјиот план, за овие луѓе се говори како дословно да постоеле од почетокот, иако ова очито не е случај. Наместо тоа, можеме да речеме дека пророците беа во Божјиот план од почетокот. Јеремија е прв пример. Бог му рече: "Пред да те обликувам во утробата, Јас те познав, и пред да излезеш од утробата, те посветив: те поставив за пророк" (Јер.1:5). Така Бог знаеше се за Јеремија дури и пред создавањето. Слично така Бог можеше да говори за персискиот цар Кир пред времето на неговото раѓање, користејќи јазик кој имплицира дека бил тогаш во постоење (Иса.45:1-5). Евр.7:9,10 е друг пример за ваков јазик на постоење да е користен за некој уште нероден тогаш. На истиот начин како што е говорено за Јеремија, и пророците како да постоеле пред создавањето, а што се должи на нивниот удел во Божјиот план, така и за вистинските верници се говори како да постоеле тогаш. Очито е дека ние тогаш физички не сме постоеле освен во умот Божји. Бог "не спаси и не повика кон своето звање... по Својата добра волја и благодатта, што ни е дадена во Христа Исуса пред вечните времиња" (2Тим.1:9). Бог "не избра преку (Христа) уште пред светот да се создаде... откако (не) предопредели... по благоволение на Својата волја" (Еф.1:4,5). Целосната идеја за поединци за кои Бог предвреме знае од почетокот, и се 'маркирани' ('предопределени') на спасение, покажува дека тие постоеле во свеста Божја во почетокот (Рим.8:27; 9:23). Во светло на се ова, не не изненадува дека за Христа, како збир на целта Божја, се говори како да постоел уште од почетокот во Божјиот ум и план, иако не можел да биде физички таков. Тој беше "Агнецот, заклан од созданието на светот" (Отк.13:8). Исус не умрел дословно тогаш; тој беше "Јагнето Божјо" жртвувано 4000 години покасно на крстот (Јв.1:29; 1Кор.5:7). Исто како што беше Исус избран од почетокот (1Пет.1:20), така беа и верниците (Еф.1:4; истиот грчки збор за "избрани" е употребен во овие стихови). Нашата потешкотија во разбирањето на ова е затоа што не можеме лесно да замислеме како Бог дејствува вон временскиот поим. "Верата" е способност да се гледаат работите од Божја гледна точка, без временската ограниченост. |