Основи наБиблијата
Студија 7: Потеклото на Исус
Пророштва во Стариот завет за Исус | Девственото раѓање | Христовото место во Божјиот план | ‘Во почетокот беше Словото’ | Цигресии (Историскиот Исус, ‘Слегов од небото’, Дали Исус ја создаде земјата?, ‘Јас постојам уште пред да се роди Авраам’, Мелхиседек) | Прашања

Осврт 24: Дали Исус ја создаде земјата?

"Првороден пред секоја ствар, бидејќи преку Него (Исус) е создадено се што е на небесата и што е на земјата, видливо и невидливо; било престоли, било господства, било началства, било власти- се е преку Него и за Него создадено. Он е пред се, и се преку Него се држи. И он е глава на телото, односно на Црквата; Он е почеток, првороден меѓу мртвите... (Кол.1:15-18). Ова е типично за оние пасуси кои оставаат впечаток дека Исус всушност ја создал земјата.

1. Ако ова беше точно, тогаш толку многу други пасуси се противречни кои учат дека Исус не постоел пред своето раѓање. Записот во Битие јасно учи дека Бог беше Создателот. Или Исус или Бог беше творецот; ако кажеме дека Исус беше создател додека Битие вели дека бил Бог, ние велиме дека Исус беше директно еднаков со Бога. Во тој случај е невозможно да се објаснат многуте стихови кои ги покажуваат разликите помеѓу Бога и Исуса (види студија 8.2 за примери на ова).

2. Исус беше ‘првороден’, што вметнува еден почеток. Нема никаков доказ дека Исус беше Божји ‘првороден’ пред создавањето на дословната земја. Пасуси како 2Цар.7:14 и Пс.88:27) предвидоа дека еден дословен потомок Давидов ќе биде Божји првороденец. Јасно дека тој не беше во постоење во времето кога тие пасуси беа пишувани, а према тоа ниту во времето на создавањето во Битие. Исус постана "Син Божји во силата" преку воскреснувањето од мртвите (Рим.1:4). Бог "Го воскресна Исуса. Како што е во вториот псалм напишано: Син Мој си Ти. Денес Те родив Јас" (Дела 13:32,33). Така, Исус постана Божјиот првороденец со своето воскресение. Забележи и тоа дека еден син кој стои при десната рака на таткото е поврзан со тоа дека е првороден (Бит.48:13-16), и Христос беше вознесен десно од Бога по воскресението (Дела 2:32 R.V. mg.; Евр.1:3).

3. Во таа смисла Исус е опишан како првороден од мртвите (Кол.1:18), фраза која е еднаква со "првороден пред секоја твар" или создание (Кол.1:15). Тој према тоа говори за себе како за "првороден од мртвите... почетокот на Божјото создание" (Отк.1:5; 3:14). Исус беше првиот од новото создание на бесмртници, чие воскресение и целосно раѓање како бесмртни Божји синови е овозможено преку смртта и воскресението на Исус (Еф.2:10; 4:23,24; 2Кор.5:17). "Во Христа сите (вистински верници) ќе оживеат; но секој по својот ред : прв е Христос, а потоа при Неговото доаѓање, ќе воскреснат сите што се Христови" (1Кор.15:22,23). Ова е истата идеја како во Кол.1. Исус беше првиот кој стана од мртвите и кој доби бесмртност, тој беше прв од своето создание, и вистинските верници ќе го следат тој модел по неговото враќање.

4. Созданието за кое се говори во Кол.1 према тоа се однесува на новото создание, а не на она во Битие. Преку делото на Исус "беа создадени сите работи... престоли... власти" и.т.н. Павле не вели дека Исус ги создал тие работи па потоа да дава примери на реки, планини, птици и.т.н. Елементите на тоа ново создание се однесувааат на наградите кои ќе ги имаме во Божјото царство. "Престоли... власти" и.т.н. се однесува на како воскреснатите верници ќе бидат "цареви и свештеници; и ќе царуваме на земјата" (Отк.5:10). Тие работи беа овозможени преку делото на Исус. "Преку Него е создадено се што е на небесата" (Кол.1:16). Во Еф.2:6 читаме за верниците кои се во Христа како седат на ‘небесата’. Така овие стихови учат дека возвишената духовна состојба која можеме сега да ја имаме, како и она што ќе го доживееме во иднината, беше се овозможено од Христа. "Небесата и земјата" ги содржат сите работи на кои им беше потребно помирување преку крвта Христова на крстот (Кол.1:16,20), покажувајќи дека "се... небесно" се однесува на верниците кои сега седат во "небесата... во Исус Христос", а не на сите физички работи околу нас.


  Back
Home
Next