Основи наБиблијата Студија 7: Потеклото на Исус Пророштва во Стариот завет за Исус | Девственото раѓање | Христовото место во Божјиот план | ‘Во почетокот беше Словото’ | Цигресии (Историскиот Исус, ‘Слегов од небото’, Дали Исус ја создаде земјата?, ‘Јас постојам уште пред да се роди Авраам’, Мелхиседек) | Прашања |
7.1 Пророштва во Стариот завет за ИсусСтудија 3 објасна како Божјата цел за спасение на луѓето беше восредоточена околу Исуса Христа. Ветувањата што Тој ги даде на Ева, Авраама и Давида сите говореа за Исуса како за нивни дословен потомок. Всушност целиот Стар завет посочува кон, и пророкува околу Христа. Законот на Мојсеј, на кој требаше Израел да му се покорува пред времето Христово, постојано посочуваше према Исус: "Законот беше за нас воспитувач во Христа" (Гал.3:24). Така за празникот Пасха, едно јагне во совршена состојба требаше се заколи (Исх.12:3-6); тоа го претставуваше жртвувањето на Исус , "Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе" (Јв.1:29; 1Кор.5:7). Беспрекорната состојба која се бараше за сите животински жртвувања посочува кон совршениот карактер на Исус (Исх.12:5 ср. 1Пет.1:19). Низ Псалмите и пророците на Стариот завет има безброј пророштва за каков би бил Месијата. Тие посебно се восредоточени во опишување како тој ќе умре. Одбивањето на јудизмот да ја прифати идејата за Месија кој умира може едино да се должи на нивното невнимание кон тие пророштва, од кои неколку се сега дадени: -
Забележи дека Пс.21:22 е одредено цитиран, дека говори за Исус во Евр. 2:12.
Цело Иса.53 е едно забележително пророштво за Христовата смрт и воскресение, од кое секој стих имаше непогрешиво исполнување. Само два примера ќе се дадат:-
И малку е за чудење што Новиот завет не потсетува дека "законот и пророците" од Стариот завет се основите на нашето разбирање за Христа (Дела 26:22; 28:23; Рим.1:2,3; 16:25,26). Самиот Исус предупредува дека ако не ги разбереме правилно "Мојсеј и пророците", не можеме да го разбереме него (Лк.16:31; Јв.5:46, 47). Дека законот Мојсеев посочуваше према Христа, и пророците пророкуваа за него, треба да е доволен доказ дека Исус не постоел физички пред своето раѓање. Лажното учење за физичкото ‘постоење' на Христа пред раѓањето ги прави бесмислени повторуваните ветувања дека тој ќе биде семето (потомокот) на Ева, Авраама и Давид. Ако тој веќе постоел на небо за време на тие ветувања, Бог ќе беше неисправен во ветувањата на овие луѓе еден потомок кој би бил Месија. Родословјето Христово, запишано во Мт.1 и Лк.3 покажува дека Исус имаше педигре кое се протегаше до оние луѓе на кои Бог им ги дал ветувањата. Ветувањето до Давид за Христа не го допушта неговото физичко постоење во време кога се даваше тоа ветување: "Јас ќе го воздигнам по тебе твоето семе, што ќе произлезе од твоите бедра... Јас ќе му бидам татко, и тој ќе Ми биде син" (2Цар.7:12,14). Забележи ја употребата на идно време овде. Гледаме дека Бог ќе биде Таткото на Христос, не е возможно дека Синот Божји можел веќе да постои во времето кога е давано ова ветување. Дека тоа семе "ќе произлезе од твоите бедра" покажува дека тој требаше да биде еден дословно, физички потомок Давидов. "Му се заколна Господ на Давида во вистината... Од плодот на твојата утроба ќе поставам на престолот твој" (Пс.131:11). Соломон беше првото исполнување на ветувањето, но пошто тој веќе беше физички присутен во времето на тоа ветување (2Цар.5:14), главното исполнување на тоа ветување дека Давид ќе има физички потомок кој би бил Божји син, мора да се однесува на Христа (Лк.1:31-33). "ќе му издигнам на Давида фиданка" (Јер.23:5)- т.е. Месија. Слично идното време е употребувано и во други пророштва за Христа. "Јас ќе им (на Израел) издигнам пророк... каков што (е Мојсеј)" (5Мој.18: 18) е цитирано во Дела 3:22,23, кој го одредуваат ‘пророкот’ како Исус. "Девица (Марија) ќе зачне и ќе роди Син, и ќе Му го дадат името Емануел" (Иса.7:14). Ова беше јасно исполнето во Христовото раѓање (Мт.1:23). |