Основи наБиблијата
Студија 7: Потеклото на Исус
Пророштва во Стариот завет за Исус | Девственото раѓање | Христовото место во Божјиот план | ‘Во почетокот беше Словото’ | Цигресии (Историскиот Исус, ‘Слегов од небото’, Дали Исус ја создаде земјата?, ‘Јас постојам уште пред да се роди Авраам’, Мелхиседек) | Прашања

7.4 "Во почетокот беше Словото"

"Во почетокот беше Словото, и Словото беше во Бога, и Бог беше Словото. Тоа во почетокот беше во Бога. Се стана преку Него" (Јв.1:1-3).

Овие стихови кога се правилно сфатени, потврдуваат и се прошируваат врз заклучоците достигнати во последниот оддел. Меѓутоа, овој пасус е еден од најраспространетите погрешно разбрани за учење дека Исус постоел на небото пред своето раѓање. Правилното разбирање на овие стихови завртува кон сфаќањето што "Словото" значи во овој контекст. Не може да се однесува на една особа, бидејќи една особа не може да биде "со Бога" и сепак да биде Бог истовремено. Грчкиот збор 'логос' кој е овде преведен "слово" не значи само по себе 'Исус'. Обично е преведуван како "слово", но исто и како:-

Сметка
Причина (кауза)
Изразување
Доктрина
Намера
Проповедање
Разум
Говорење
Вести

За ‘словото’ се говори едино со ‘него’ (или ‘тој’ за 'зборот') бидејќи 'логос' е машки род во грчкиот јазик. Но тоа не значи дека тоа се однесува на човекот Исус. Германската (Luther) верзија говори за "das Wort" (среден род); Француската (Segond) верзија говори за "la parole" во женски род, покажува дека ‘словото’ не посочува нужно на машка особа.

"ВО ПОЧЕТОКОТ"

'Логос' може строго да се однесува на внатрешната мисла која е изразена во зборови и друго изразување. Во почетокот Бог го имаше тој 'логос'. Едината намера беше центрирана во Христа. Ние покажавме како Божјиот Дух ги става Неговите внатрешни мисли во дејство, оттука врската помеѓу Неговиот Дух и Неговото слово (види Оддел 2.2). Како што Божјиот Дух го дејствуваше Неговиот план со луѓето и го надахнуваше Неговото пишано Слово од почетокот, така ја изразуваше и идејата за Христа во својата работа и зборови. Христос беше 'логос'-от на Бога, и затоа Божјиот Дух го изразуваше Божјиот план за Христа во сите свои дејства. Ова објаснува зошто толку многу старозаветни случки се својствени за Христа. Сепак, не може да се преистакне дека Христос лично не беше ‘словото’, Божјиот план за спасение преку Христа беше ‘словото’. 'Логос' (словото) многу често се користи во евангелието за Христа- пр. "словото Христово" (Кол.3:16; ср. Мт.13:19; Јв.5:24; Дела 19:10; 1Сол.1:8 и.т.н.). Забележи дека 'логос'-от е околу Христа, а не лично тој. Кога Христос се роди, тоа ‘слово’ се претвори во облик од месо и крв - "и Словото стана тело" (Јв.1:14). Исус лично беше 'словото кое стана тело' а не ‘словото’, тој лично стана ‘словото’ преку своето раѓање од Марија, а не во некое претходно време.

Планот или пораката за Христа, беше со Бога во почетокот, но беше отворено откриена во личноста Христова, и проповедта за евангелието околу него во 1 век. Така Бог ни го говореше Своето слово преку Христа (Евр.1:1,2). На пати е истакнувано дека Христос го говореше Божјото слово и правеше чуда по Божјото слово и заповед за да ни го открие Бога (Јв.2:22; 3:34; 7:16; 10:32,38; 14:10,24).

Павле ја послуша Христовата заповед да го проповеда евангелието за него "до сите народи": "Проповедта за Исуса Христа, по откровението на тајната, која беше скриена од почетокот на светот, а сега е објавена... обзнаена до сите народи" (Рим.16:25,26 (во мак. изд. се изоставени стиховите 25,26,27) ср. 1Кор.2:7). Вечниот живот е едино овозможен за човекот преку делото Христово (Јв. 3:16; 6:53); сепак Бог во почетокот го имаше тој план за понуда на вечен живот на човекот, како што знаеше и за жртвата која Исус ќе ја направи. Потполното откривање на таа понуда едино дојде по раѓањето и смртта на Исус: "вечен живот, што го вети вечниот Бог... пред вечни времиња, и во свое време го јави Словото Свое (за живот) преку проповедта" (Тит 1:2,3). Ние видовме како се говори за Божјите пророци како да постоеле отсекогаш (Лк.1:70) во смисла дека ‘словото’ кое го говореа постоеше во Бога од почетокот.

Параболите на Исус открија многу од овие работи; тој према тоа го исполни пророштвото во врска со него, "Со параболи ќе ја отворам устата Своја; ќе ги искажам тајните од создавањето на светот" (Мт.13:35). Во оваа смисла беше дека "Словото беше во Бога... во почетокот", па да се "направи тело" при раѓањето Христово.

"БОГ БЕШЕ СЛОВОТО"

Сега можеме да видиме во која смисла беше "Бог... Словото". Нашите планови и мисли сме во основа ние. 'Јас одам во Лондон', е 'слово' или изразување што ја изложува мојата цел, бидејќи тоа е моја цел. Божјиот план со Христа може да се сфати слично. "Какви му се мислите во душата (човечка) негова, таков е и тој" (Изрек.23:7), и како што Бог размислува, таков е и Тој. Така Божјиот збор или размислување е Бог: "Бог беше Словото". Затоа, има многу тесна поврзаност помеѓу Бога и Неговото слово: поистоветувања како Пс.28:8 се вообичаени: "Гласот Господов ја потресува пустината; ќе ја затресе Господ пустината". Изјави како "вие не Ме послушавте, вели Господ" (Јер.25:7) се вообичаени во пророците. Всушност Бог мисли 'не го слушавте Моето слово говорено од пророците'. Давид го зеде словото Божјо за свој светилник и светлина (Пс.118:105), сепак тој исто така изрази: "Ти си Господ, светило мое; Господ ја просветлува мојата темнина" (2Цар.22:29), поистоветувајќи го Бога со Неговото слово. Затоа е разбирливо, што Божјиот збор е олицетворен како Тој Самиот, т.е. се говори за словото како да е особа иако не е (види Осврт 5 'Принципот на олицетворување').

Бог е самата вистина (Јв.3:33; 8:26; 1Јв.5:10), и према тоа Божјото слово е исто така вистина (Јв.17:17). Слично Исус се поистоветува со своите зборови толку блиску, што го олицетворува својот збор: "Кој што се откажува од Мене и не ги прима зборовите Мои, има Кој да го суди: Словото што го кажав, тоа ќе го осуди во последниот ден" (Јв.12:48). Исус говори за своето слово како да е вистинска личност, т.е. самиот тој. Неговите зборови беа олицетворени, зашто беа тесно поврзани со Исус.

Божјиот збор е исто така олицетворен како една личност, т.е. Самиот Бог, во Јв.1:1-3. Вака ни е речено во врска со словото "Се стана преку Него" (Јв. 1:3). Меѓутоа "Бог ги создаде" сите работи со Своето слово на заповед (Бит.1:1). Затоа, за Божјото Слово се говори како да е тоа Самиот Бог. Побожната поента за бележење на ова е дека преку Божјото слово, имајќи го во нашите срца, Бог може да ни стане близок.

Од Бит.1 е јасно дека Бог беше Создателот, преку Своето слово, а не лично Христос. Словото е тоа кое е опишано дека ги прави сите работи, а не лично Христос (Јв.1:1-3). "Преку словото на Господа се зацврстија небесата, и преку Духот на устата Негова- сите сили нивни (т.е. ѕвездите)... Он рече и тие настанаа" (Пс.32:6,9). Дури и сега по Неговото слово работи природното создание: "ја испраќа на земјата Својата заповед ('благослов' мак. изд.); Неговиот збор брзо оди; дава снег како волна... Ќе го испрати Неговиот збор... и води потекуваат" (Пс.147:4-7).

Пошто Божјиот збор Му е творечка сила, Тој го употреби во зачнувањето на Исус во утробата на Марија. Словото, Божјиот план ставен во дејство од Неговиот Свети Дух (Лк.1:35) го доведе зачнувањето на Христа. Марија го позна ова во нејзиниот одговор на вестите околу нејзиното претстојно зачнување на Христа: "нека ми биде според зборовите твои" (Лк.1:38).

Ние видовме дека Божјото Слово/Дух ја одразува Неговата цел, која беше пројавена низ целиот Стар завет. Степенот на точноста на тоа е покажан во Дела 13:27, каде за Исус се говори како за паралела на зборовите од старозаветните пророци: Евреите "не го познаа Оној, и пророчките зборови". Кога се роди Христос, се од Божјото Слово/Дух беше изразено во личноста на Исуса Христа. Под вдахновение, апостол Јован ликуваше, како Божјиот план за вечен живот беше изразен во Христа, кого учениците можеа да го допираат и да го гледаат. Тој сега увиде дека тие се справувале со Словото Божјо, со сиот Негов план за спасение во Христа (1Јв.1:1-3). Иако ние не можеме физички да го видиме Христа, и ние, можеме да се радуваме дека преку едно вистинско разбирање за него, можеме така интимно да ја знаеме Божјата цел со нас и со тоа да се осигураме со вечен живот (1Пет.1:8,9). Треба да се прашаме: 'дали навистина го познавам Христа'? Само прифаќањето дека еднаш еден добар човек наречен Исус живеел не е доволно. Со постојано библиско проучување, тој може набрзо да се прифати за личен Спасител и да се биде поврзан со него преку крштевањето.

Фуснота: "Во почетокот беше Словото" веројатно коментира на еврејската замисла дека Тора (петтокнижието на Мојсеј) постоела пред создавањето. Јв.1:1-3 вели дека е важно да се увиди оти тие зборови Божји пророкуваа во врска со Исус; Божјиот план за него постоеше пред создавањето (ср. Лк.1:70).


  Back
Home
Next