Основи наБиблијата
Студија 7: Потеклото на Исус
Пророштва во Стариот завет за Исус | Девственото раѓање | Христовото место во Божјиот план | ‘Во почетокот беше Словото’ | Цигресии (Историскиот Исус, ‘Слегов од небото’, Дали Исус ја создаде земјата?, ‘Јас постојам уште пред да се роди Авраам’, Мелхиседек) | Прашања

7.2 Девственото раѓање

Записот за Христовиот зачеток и раѓање не ја допушта идејата дека тој физички постоел пред тоа. Оние кои го држат лажното учење на "тројството" се доведени до заклучок дека во еден момент биле три особи на небото, и тогаш една од нив исчезнала и некако се претворила во фетус во утробата на Марија, и оставила само двајца на небо. Ние видовме во Писмото дека сите постоења- вклучувајќи го и Божјото- се во физички, телесен облик. Затоа сме оставени да заклучиме од предпостоечкото верување дека Христос некако физички слегол од небото и влегол во утробата на Марија. Сета оваа комплексна теологија е прилично вон учењето на Писмото. Записот за почетокот Христов не дава причина или нешто друго, да се мисли дека физички го напуштил небото и влегол во Марија. Недостатокот на доказ за тоа е една голема 'алка која недостасува' во учењето за тројството.

Ангелот Гаврил и се појави на Марија со порака "ќе зачнеш во утробата и ќе родиш Син, и ќе го наречеш со името Исус. Он ќе биде голем и ќе се нарече Син на Севишниот... А Марија му рече на ангелот: Како ќе биде тоа, кога јас не знам за маж? Ангелот и одговори и рече: Светиот Дух ќе слегне на тебе и силата на Севишниот ќе те осени; па затоа и роденото ќе биде свето и ќе се нарече Син Божји" (Лк.1:31-35).

Два пати е истакнато дака Исус ќе биде Синот Божји по своето раѓање; јасно е дека Синот Божји не постоел пред своето раѓање. Повторно, многуте идни времиња треба да се забележат- пр. "Он ќе биде голем". Ако Исус физички веќе постоел кога ангелот ги говореше овие зборови на Марија, тој веќе би бил голем. Исус беше "корен и род Давидов" (Отк.12: 16), грчкото 'генос' имплицира дека Исус беше 'генериран од' Давида.

ЗАЧЕТОКОТ НА ИСУС

Преку Светиот Дух (Божјиот здив/сила) дејствувајќи врз неа, Марија го зачна Исуса без да има однос со маж. Така Јосиф не беше вистинскиот татко на Исус. Мора да се сфати дека Светиот Дух не е личност (види студија 2); Исус беше Синот Божји, не на Светиот Дух. Преку Божјата употреба на Својот Дух врз Марија, "па затоа и роденото ќе биде свето" кое што го роди таа "ќе се нарече Син Божји" (Лк.1:35). Употребата на зборот "па затоа" имплицира дека без дејството на Светиот Дух, врз утробата на Марија, Исус, Синот Божји, не ќе дојдеше во постоење.

Дека Исус беше 'зачнат' во утробата на Марија (Лк.1:31), е исто така доказ дека не можел физички да постои пред тоа. Ако ние 'зачнеме' една идеја, таа почнува во нас. Слично и Исус беше зачнат во утробата на Марија- тој почна таму како фетус, како и секое друго човечко суштество. Јв.3:16, библискиот најславен стих, бележи дека Исус беше "Единороден Син" Божји. Милиони луѓе кои го рецитираат овој стих не успеваат да размислат што тој имплицира. Ако Исус бил ‘роден’, почнал да се 'раѓа' кога беше зачнат во утробата на Марија. Ако Исус беше роден од Бога како негов Татко, тоа е јасен доказ дека Татко му е постар од него- Бог нема почеток (Пс.89:2) и затоа Исус не може да биде Самиот Бог (студија 8 е поопширна по оваа точка).

Показателно е дека Исус беше ‘роден’ од Бога а не создаден, како првобитниот Адам. Тоа ја објаснува блискоста на Божјото поврзување со Исус-"Бог го измири светот со Себе преку Христа" (2Кор.5:19). Дека Христос е роден од Бога, а не само создаден од прав, исто така помага при објаснувањето на природната склоност за патиштата Божји, својот Отец.

Иса.49:5,6 содржи едно пророштво за Христа како светло на светот, кое тој го исполни (Јв.8:12). Опишан е како размислува "Господ, Кој уште од утробата ме направи слуга Свој". Христос беше значи "направен" од Бога во утробата на Марија, преку силата на Неговиот Свети Дух. Јасно е дека утробата на Марија е местото на Христовото физичко потекло.

Ние видовме во студија 7.1 дека Пс.21 ги пророкува мислите Христови на крстот. Тој изрази дека Бог го "подигна од утробата... Кон Тебе сум приврзан уште од зачнувањето мое; од утробата на мајката моја" (Пс. 21:9,10). Во времето на неговото умирање, Христос се заврте кон своето потекло- кон утробата на неговата мајка Марија, направен од силата Божја. Самиот опис на Марија во евангелијата како Христова "мајка" сам по себе ја уништува идејата дека постоел пред своето раѓање од Марија.

Марија беше обично човечко суштество, со нормални човечки родители. Тоа е докажано од фактот дека таа имаше роднина, која го роди на Јован крстител, обичен човек (Лк.1:36). Римокатоличката идеја дека Марија не била од обична човечка природа, значи дека Христос не можел да биде и "човечки син" и "Син Божји". Тоа се неговите чести титули низ целиот Нов завет. Тој беше "син човечки" од причина што имаше мошне човечка мајка, и "Син Божји" поради Божјото дејствие на Марија преку Светиот Дух (Лк.1:35), со значење дека Бог му беше Татко. Овој прекрасен аранжман е сведен на ништожност ако Марија не била обична жена.

"Кој ќе се роди чист од нечист? Ниеден... Што е човек, та да биде чист и родениот од жена да биде праведен?... Како да биде чист родениот од жена?" (Јов 14:4; 15:14; 25:4). Ова става флека на секоја идеја за едно невино, чисто зачнување (имакуларна концепција) дека е можно, било од Марија или Исус.

Марија бидејќи "родена од жена", од обични човечки родители, мораше да ја има нашата нечиста, човечка природа, која ја пренесе на Исус, кој се "роди од жена" (Гал.4:4). Јазикот дека бил "направен" со посредувањето на Марија е понатамошен доказ дека не можел физички да постои без своето раѓање од неа. Diaglott-от во Гал.4:4 употребува: "се создаде од жена".

Евангелиските записи често ја покажуваат човечноста на Марија. Христос мораше да ја укори барем трипати за недостаток на духовна приемчивост (Лк.2:49; Јв.2:4); таа не успеа да ги разбере сите негови говори (Лк.2:50). Тоа е точно, она што би и очекувале од една жена која е од човечка природа, чиј син е Синот Божји, и со тоа духовно поприемчив од неа, иако и тој, ја споделуваше човечката природа. Јосиф имаше однос со Марија после Христовото раѓање (Мт.1:25), и не постои никаква причина да се мисли дека тие немаа една нормална брачна врска оттогаш па натака.

Спомнувањето на Христовата "мајка и неговите браќа" во Мт.12:46,47 према тоа би имплицирало дека Марија имала други деца после Исус. Исус беше само "нејзиниот првороден". Затоа, католичките учења дека Марија останала девица и потоа се вознесла на небо, немаат апсолутно никаква библиска поддршка. Како човечко суштество со смртна природа, Марија би остарела и умрела; освен тоа ние читаме во Јв.3:13, "никој не се искачи на небото". Фактот дека Христос имал човечка природа (види Евр.2:14-18; Рим.8:3) значи дека и неговата мајка морала да ја има, бидејќи неговиот Татко ја нема.


  Back
Home
Next