Основи наБиблијата
Студија 2: Божјиот Дух
Дефиниција | Вдахновение | Дарови на Светиот Дух | Повлекувањето на даровите | Библијата единствениот авторитет | Цигресии (Дали е Светиот Дух личност?, Принципот на олицетворување, Калвинизам, ‘и ќе примите дар од Светиот Дух’, ‘А знаците на оние што ќе поверуваат, ќе им бидат овие’) | Прашања

Осврт 8: "А знаците на оние што ќе поверуваат, ќе им бидат овие" (Мк.16:17).

Од ова, е расправано, дека секој што верува ќе ги добие чудесните дарови. Меѓутоа, ова докажува премногу- "ќе фаќаат змии и ако нешто смртоносно испијат, нема да им навреди; на болни ќе полагаат раце и тие ќе оздравуваат" (Мк.16:18). Ова не е ветување за работи кои можат теоретски да се случат ако верникот има доволно вера; ова беа сигурни ветувања за тоа што дефинитивно би се правело од верниците. Само доколку чуда од оваа величина не се јасно изведувани, ветувањето од овој стих не може да се примени на нас во сегашно време. Припомнете си како Павле можеше да држи отровна змија без да биде каснат (Дела 28:3-7) и тоа исходи во потврдување на неговата проповед дека е Божја.

Од сите харизматични христијани кои тврделе дека ги поседуваат даровите, за време од минатите сто години, немало стварни докази за слични моќи да биле изведувани. Освен ако секој верник може и извршува знаци од слична величина, тоа ветување не може да се примени денес. Ова не остава со заклучокот што веќе го имавме извлечено од нашето прегледување на библиското учење за Духот: овие чудесни дарови беа во посед на раните христијански верници во 1 век, но престанаа да бидат во посед откако Новиот завет беше завршен.

Крајниот стих на Мк.16 сугерира дека чудата кои ги ‘следеа’ оние кои веруваа беа за одредената цел за потврдување на говореното слово од евангелието: "знаците, на оние што ќе поверуваат ќе им бидат овие... Тие, пак, отидоа и проповедаа насекаде; и Господ го поткрепуваше словото нивно со чудеса, што се јавуваа" (Мк.16:17-20). Еднаш штом тоа проповедано слово беше запишано во целост, какво што го имаме сега во Новиот завет, немаше веќе потреба за чудесата да се јавуваат следејќи ги тие кои веруваа.

Забелешка: Толку се распространети тврдењата за сегашен посед на духовните дарови, што во 1989 две јавни расправи беа одржани помеѓу еден харизматичен христијански свештеник John Liliekas, и двајца христаделфијанци, Mr. John Allfree и сегашниов писател. Поводот беше: "дали се чудотворните дарови на Светиот Дух во посед денес?" Покани беа испратени до многу цркви низ Обединетото Кралство, што исходи во комбинирана публика од преку 1000 луѓе. И логично е да се претпостави дека најдобриот вид 'докази' за тековното поседување на даровите беа претставени. Препис на настанот е на располагање од:
Marcus Heaster at marcus.heaster@dial.pipex.com
The Christadelphian Advancement Trust
49 The Woodfields, South Croydon, Surrey CR2 0HJ ENGLAND
Registered Charity No. 1014651


   Back
Home
Back