Основи наБиблијата Студија 2: Божјиот Дух Дефиниција | Вдахновение | Дарови на Светиот Дух | Повлекувањето на даровите | Библијата единствениот авторитет | Цигресии (Дали е Светиот Дух личност?, Принципот на олицетворување, Калвинизам, ‘и ќе примите дар од Светиот Дух’, ‘А знаците на оние што ќе поверуваат, ќе им бидат овие’) | Прашања |
2.3 Дарови на Светиот ДухВо различни времиња во Своето справување со луѓето, Бог ја управуваше употребата на Својата сила (‘Свети Дух’) на луѓето. Меѓутоа, тоа никогаш не било во форма на "бланко чек", да би ги, оспособило да прават што ќе посакаат, секогаш употребата на тој Свети Дух била за одредена цел. Кога ќе беше постигната таа, дарот на Светиот Дух беше повлекуван. Ние мора да запомнеме дека Божјиот дух дејствува на начин кој и претходи на целта која е во Неговиот ум. Неговата цел често допушта кратко страдање во животот на луѓето за да ја оствари Својата долгорочна цел (види студија 6.1), па и за очекување е дека Неговиот Свети Дух нема нужно да се употреби за олеснување на човечкото страдање во овој живот. Ако и постигне некое такво олеснување ќе биде за една повисока цел за изразување на Божјата свест на нас. Ова е во забележителна спротивност со народните христијански ставови за Светиот Дух денес; каде е даден впечатокот дека верата во Христа е вредна заради физичка полза, пр. лечење на болест, кое Светиот Дух наводно би дал. Ова би објаснало зошто во со борба расцепени земји како Уганда има забележителна провала на луѓе кои тврдат дека ги поседуваат духовните дарови на оздравување и, историски, вакви тврдења често се совпааѓат со времиња на голема човечка мака. Ова само по себе ги става сегашните тврдења за поседување на духот под сомнение; ако некој е во потрага по искуство кое ја намалува присутната човечка беда, лесно е да се тврди дека се пронашло нешто што ќе ја полни сметката. Многу 'христијани' денес тврдат дека ги поседуваат чудесните духовни дарови, сепак на прашањето за што точно е нивната намена има една значителна несигурност. Бог секогаш го давал Својот дух да постигне одредени, дефинирани цели. Поради ова тие кои вистински ги поседувале даровите на духот знаеле точно за што требало да се користат, и према тоа не постигнувале само делумен успех во употреба на истите. Ова е спротивно на многуте неуспеси и делумни лекувања доживеани од оние кои тврдат дека ги имаат даровите на духот за лечење денес. Сите наредни примери покажуваат одредени причини и цели кои стојат зад доделувањето на духовните дарови. Во ниеден од овие случаи немало никаков субјективен елемент поврзан со поседувањето на даровите, ниту поседувачите на дарови можеле да ги употребуваат како што ќе им се свидело. Бидејќи ние говориме за Божјиот дух, незамисливо е дека луѓе би можеле да ја управуваат неговата употреба, бидејќи на нив им беше даден за да извршуваат одредени желби на Бога, повеќе отколку на луѓето кои имале привремена употреба на него (ср. Иса.40:13). -Во раната историја на Израел, им беше заповедано да направат шатор (‘храм’) во кој олтарот и другите светии ќе бидат чувани; подробни упатства беа дадени како да се направат сите предмети кои ќе бидат неопходни за обожавањето на Бога. Да се изврши тоа, Бог го даде Својот дух на одредени луѓе. Тие беа, "исполнети со дух на премудрост и расудување, за да му направат на Арона одежди" и.т.н. (Исх.28:3). -Еден од овие луѓе, Веселеил, беше исполнет "преку духот Божји, кој му даде умешност, како и знаења да разбира од секакви работи; да гради да изработува со злато... да реже камења... за секакви потреби" (Исх.31:3-5). -Бро.11:14-17 бележи како нешто од духот/моќта дадена на Мојсеј му беше одземено и дадено на старците од Израел, со цел да се оспособат за правилно судење на жалбите на народот за да има помал притисок на Мојсеј. Пред смртта на Мојсеј, духовниот дар беше префрлен од него на Исус Навин за да може и тој, правилно да го води Божјиот народ (5Мој.34:9). -Од времето кога народот на Израел влезе во нивната земја до нивниот прв цар (Саул) беа управувани од луѓе наречени судии. За време на овој период често беа угнетувани од своите непријатели, но во книгата на Судии е запишано како духот Божји дојде врз некои од судиите за чудесно да го избави Израелот од нивниот напаѓач- Гедеон (Суд.6:34), Готониил (Суд.3:10), Ефтај (Суд.11:29) даваат пример за ова. -На друг судија Самсон, му беше даден духот за да убие лав (Суд. 14:5,6); да убие 30 луѓе (Суд.4:19) и да се ослободи од јажињата со кои беше врзан (Суд.15:14). Ваков "Свети Дух" према тоа не беше постојано поседуван од Самсон- доаѓаше врз него за да постигне одредени нешта и потоа беше повлекуван. -Кога имаше посебна порака за Својот народ, духот надахнуваше некого да го говори Божјото слово. Кога пораката ќе завршеше, духовниот дар за говорење директно во Божјо име беше повлекуван, и зборовите на таа особа ќе беа лично нејзини, наместо Божји. Еден од многуте примери:- "Духот Божји го исполни Захарија... им рече (на народот), Вака вели Господ: зошто ги прекршувате Господовите заповеди?" (2Лет.24:20). Види и 2Лет.15:1,2 и Лк.4:18, 19 за други примери. Од ова би требало да е јасно дека добивањето дар на користење од Божјиот дух за одредена намера не беше - Гаранција за спасение - Нешто што беше во животно траење на лицето - Мистична сила во самите нив - Нешто добиено од едно возбудливо 'лично искуство'. Мора да се каже дека има многу магловито размислување околу даровите на Светиот дух. Луѓе тврдат дека имаат 'добиено Свети Дух', и во многу евангелиски сали проповедникот ниша со морковот за 'добивање духовни дарови' пред оние кои размислуваат да го 'прифатат Исус'. Но прашањето мора да се истакне, кои дарови? Незамисливо е дека луѓето не знаат точно кој дар го имаат. На Самсон му беше даден духовен дар да убие лав (Суд. 14:5,6); соочен со риката на животното тој би требало да знае точно зошто му е даден духот. Не можело да има никакво двоумење кај него. Ова е во потполна спротивност со оние денес кои тврдат дека го примиле Светиот Дух, но не можат да извршат некое одредено дело; ниту пак знаат кој дар би требало да го имаат. Сигурно нема никаква алтернатива туку да се заклучи дека тие луѓе имале едно драматично душевно искуство поврзано со христијанството, и подоцнежниот пресврт во нивниот став кон животот ги оставил со едно чудно чувство на новина во нив самите. Свесни за тоа, тие ги зграпчиле библиските пасуси за даровите на Светиот Дух, и заклучиле 'ова мора да е она што го доживувам!' и нивниот радосен свештеник ги потплеснува под брадата и вели 'така е! Фали го Господа!' и ги користи ваквите случаи како 'доказ' при обидот да ги убеди другите да го примат Светиот Дух. Изворната причина на оваа травестија лежи во недостигот на библиско разбирање кое го имало лицето пред своето наводно 'обраќање'. Борејќи се против обмамата на нашите сопствени чувства (Јер.17:9), мораме цврсто да стоиме на солидниот камен од библиски начела. Во ништо таа потреба не е поочита него во една студија како работи Божјиот дух. Ние сите сакаме да мислиме дека Божјата сила дејствува со нас во нашите животи. Но како и зошто го прави тоа? Дали ние навистина ги поседуваме духовните дарови како луѓето во библискиот запис? Ако сакаме навистина да го познаваме Бога и да имаме животен однос со Него, ние ќе ја препознаеме нужноста за правилното разбирање на овие работи. ПРИЧИНИ ЗА ДАРОВИТЕ ВО ПРВИОТ ВЕК Помнејќи ги основните начела кои досега ги научивме за даровите од Божјиот дух, сега доаѓаме до записот од Новиот завет за духовните дарови кои беа поседувани во раната црква (т.е. групите на верници кои живееја во генерацијата по времето на Исус). Христовата последна заповед беше за апостолите да одат низ светот да го проповедаат евангелието (Мк.16:15,16). Ова тие го направија, со темата на Христовата смрт и воскресение пред се во нивната порака. Но запомни дека тогаш немаше Нов завет каков што го познаваме ние. Како што стоеја во прометни места и синагоги говорејќи за овој човек Исус од Назарет, нивната приповед можеше да звучи чудно- еден дрводелец од Израел кој бил совршен, кој умрел и потоа воскреснал во точно исполнување на старозаветното пророштво, и кој сега ги повикува да се крстат и го следат неговиот пример. Во тие денови, други луѓе исто се обидуваа да изградат култ следбеништва. Требаше да има начин за докажување на светот дека пораката проповедана од христијаните беше од Самиот Бог наместо филозофија на група рибари од северен Израел. Во наше доба се повикуваме на записите од Новиот завет за делото и учењето на Исус да докажеме дека пораката е од Бога; но во тие денови пред да биде запишана и достапна, Бог им ја допушти на проповедниците употребата на Својот Свети Дух за да ја подвлечат вистината од она што го говореа. Ова беше одредената причина за употребата на даровите за глетка на светот; отсутноста на пишаниот Нов завет би создала и потешкотија за новите групи на верници да растат во својата вера. Бројните практични проблеми кои произлегоа меѓу нив не би имале јасно решение; би имало малку средства за нивно водење да зајакнат во својата вера во Христа. Па од тие причини даровите на Светиот Дух им беа на располагање за водење на раните верници преку вдахновените пораки, додека записот од Новиот завет на тие пораки и учењето на Исус беше напишан и заокружен. Како и секогаш причините за давање на Светиот Дух беа многу јасни:- -"Издигајќи се (Исус) на височина (на небо), плени плен и им даде дарови (духовни) на луѓето... за усовршување на светците во делото (проповедање) на служењето, за изградување на Христовото тело" т.е. верниците (Еф.4:8,12). -Така Павле напиша на верниците во Рим "копнеам да ве видам, па да ви предадам некој духовен дар за вашето зацврстување" (Рим.1:11). Во однос на употребата на даровите како потврдување на проповедањето на евангелието, читаме: -"нашето Благовестие кон вас беше не само со слово, туку и со сила и со Светиот Дух и со голема увереност" преку чудата ковано (1Сол.1:5 ср. 1Кор.1:5,6). -Павле можеше да говори "не смеам да речам нешто, што не го извршил Христос преку Мене, за да станат и незнабошците послушни на верата со слово и (чудесно) дело, со силата на знаци и чуда, со силата на Божјиот Дух" (Рим.15:18,19). -Што се однесува до проповедачите на евангелието, читаме, "Кога и Бог им го потврди сведоштвото со знаци и чудеса со разни сили и со раздавање дарови на Светиот Дух" (Евр.2:4). -Во една кампања во Кипар евангелието беше проповедано и поддржано со чуда, така гувернерот "откако виде што стана, поверува, восхитувајќи се на Божјото учење" (Дела 13:12). Така чудата го наведоа стварно да ги почитува науките кои беа учени. Во Иконија исто "за Господа, Кој сведочеше за словото на Својата благодат, давајќи преку нивните раце да стануваат знаци и чуда" (Дела 14:3). Сето тоа е сожето во излагањето на апостолската покорност на заповедта за проповедање: "Тие, пак отидоа и проповедаа насекаде; и Господ го поткрепуваше словото нивно со чудеса што се јавуваа" (Мк.16:20).
ОДРЕДЕНИ НЕШТА ВО ОДРЕДЕНИ ВРЕМИЊА Овие дарови на духот беа према тоа дадени за да се извршат одредени работи во одредени времиња. Тоа ја покажува грешката на тврдење дека чудесното поседување на дарот е трајно искуство низ целиот живот на личноста. Апостолите вклучувајќи го и Петар беа "исполнети со Свети Дух" на празникот на Педесетницата, наскоро по асцензијата Христова (Дела 2:4). Тие беа према тоа во можност да говорат странски јазици за да започнат со проповедање на христијанското евангелие на невиден начин. Кога властите се обидоа да ги дофатат, "Петар откако се исполни со Дух Свети" беше оспособен да им одговори убедливо (Дела 4:8). По нивното пуштање од затвор беа оспособени од даровите да продолжат со проповедање- "сите се исполнија со Дух Свети и слободно го проповедаа словото Божјо" (Дела 4:31). Внимателниот читател ќе забележи дека не се вели оти ‘веќе исполнети со духот’, ги направија тие работи. Тие беа исполнети со дух да направат одредени работи, но мораа да бидат повторно исполнети за да го остварат наредниот предмет од Божјиот план. Павле исто така беше "исполнет со Свети Дух" на своето крштевање, но години подоцна беше потребно да биде "исполнет со Свети Дух" за да казни еден зол човек со слепило (Дела 9:17; 13:9). Во говорењето за чудесните дарови, Павле напиша дека раните верници ги поседувале "според мерката на дарот Христов" (Ефес.4:7). Грчкиот збор за ‘мерка’ значи ‘ограничена порција или степен’ (Strong's Concordance). Само Исус ги имаше даровите без мерка, т.е. со целосна слобода да ги користи по желба (Јв.3:34). Сега ќе ги дефинираме тие духовни дарови кои најмногу се спомнуваат, дека се поседувани во 1 век. ДУХОВНИ ДАРОВИ ОД ПРВИОТ ВЕК ПРОРОШТВО Грчкиот збор за 'пророк' значи некој кој го претскажува Божјото слово- т.е. било која особа вдахновена да ги говори Божјите зборови, што своевремено вклучуваше и претскажување на идни настани (види 2Пет.1:19-21). Така значи "пророци"- оние со дар на пророштво- дојдоа "од Ерусалим во Антиохија... и еден од нив, по име Агав, пророче преку Духот дека по целата вселена ќе настане голем глад; а таков и настанал во времето на ќесарот Клаудиј. Тогаш учениците решија секој со што располагаше, да испрати помош на браќата" (Дела 11:27-29). Овој вид на многу одредено пророштво, што имаше јасно исполнување за некоја година, наполно недостига меѓу оние кои сега тврдат дека го поседуваат дарот на пророкување; всушност, толку беа сигурни во раната црква дека овој дар е меѓу нив навистина поседуван, што го дадоа своето време и пари за олеснување на проречената тешкотија. Малку примери од овој вид можат да се најдат во денешниве таканаречени 'духовно исполнети' цркви. ЛЕКУВАЊЕ Бидејќи апостолите проповедаа благовестие (евангелие) за Божјото царство на совршенство кое доаѓа на земјата, беше пригодно дека требаше да ја потврдат нивната порака со правење чуда кои би имале претвкус од она на што би наликувало тоа време, кога "ќе се отворат очите на слепите, ушите на глувите ќе се отнат; тогаш куциот ќе скока..." (Иса.35:5, 6). За повеќе околу состојбите во Божјото царство, види студија 5. Кога Божјото царство ќе се уреди на земјата, слични ветувања на овие нема да бидат полуисполнети, ниту ќе има двојба околу тоа дали е царството тука или не. Затоа Божјото чудесно поткрепување на пораката за тоа царство беше во заклучно, одреден облик кој не може да се одрече; затоа многуте чудесни излекувања направени од раните верници беа пред општа публика. Класичен пример е најден во Петровото лекување на хромиот питач кој беше положуван секое утро при вратата на храмот. Дела 3:2 вели дека го положуваа тука секојдневно- за да постане позната глетка. Излечен од Петар употребувајќи го духовниот дар, "скокна, застана и прооди, и влезе во храмот заедно со нив, скокајќи и фалејќи Го Бога. И сиот народ го виде како оди и како Го фали Господа. А го познаа дека тој беше оној што седеше пред Красна, вратата на храмот, поради милостиња; и се восхитија и се зачудија за она што му стана. И бидејќи исцелениот хром не се одделуваше од Петра... кон нив пријде сиот зачуден народ во тремот" (Дела 3:7-11). Петар тогаш веднаш започна говор за воскресението Христово. Имајќи го несомнителниот, непобивлив доказ пред нив во обликот на тој исцелен питач, можеме да бидеме сигурни дека тие ќе поверуваа оти Петровите зборови беа Божји. Вратата на храмот во тој "молитвен час" (Дела 3:1) би била натрупана со луѓе, како пазариште во саботно утро. На вакво место Бог одбра да го потврди проповедањето на Своето слово со такво јасно чудо. Како и во Дела 5:12 ние читаме "преку рацете на апостолите се појавуваа знаци и стануваа многу чуда меѓу луѓето". Вообичаените тврдења од ‘пентекосталските’ исцелители и ними слични се одвиваат околу работи кои настануваат во цркви во споредни улички а не на улици, и пред публика од 'верници' здружени во дух на исчекување да се случи чудо, наместо пред немилосрдна општа публика. Нека биде на знаење дека сегашниов писател имал значително искуство во расправање по тие прашања со сегашни тврдители за поседување дух, и исто е очевидец на многу тврдења за поседување дух. Сепак за 'личното сведочење' на многуте незавршени 'исцелувања' и за најдобрите делумни оздравувања, не е потребна посебна обработка; било кој чесен член на тие цркви ќе признае дека многу од тоа се случува. Во доста пригоди сум изложил на моите добронамерни пентекосталски пријатели, "не сум нерасположен да верувам дека вие би можеле да ги имате тие големи моќи. Но Бог секогаш јасно покажувал кој ја има Неговата моќ и кој не ја има; па не е неразумно за мене да ве прашам да ми го докажете фактот- и тогаш би можел да бидам понаклонет да ја прифатам вашата научна позиција, што сега едноставно не можам да ја усогласам со Писмото". Никогаш не ми била дадена јасна "демонстрација од духот и од моќта". Во спротивност на мојот став, православните Евреи од 1 век имаа затворено мнение за можноста христијани да поседуваат Божји чудесни духовни дарови. Дури и тие признаа, "Овој човек прави многу чудеса" (Јв.11:47) и "Оти големото чудо што стана преку нив познато им е на сите што живеат во Ерусалим, и ние не можеме тоа да го одречеме" (Дела 4:16). Слично и оние кои ги слушнаа апостолите да говорат во јазици беа "збркани" (Дела 2:6). Истото не се случува денес како одговор на 'пентекосталското’ брборење. Фактот дека луѓето учтиво се разместуваат кон модерните 'пентекосталци' логично негира дека тие навистина постигнуваат чуда, и сигурно е значајна поента во оваа расправа. Доколку само едно чудо излезе на насловните страници низ Ерусалим, нели е разумно да се предложи ако вистинско чудо е направено во лондонскиот Trafalgar Square или во Нуахаруру паркот во Најроби, дека би имало признание ширум светот оти Божјите духовни дарови се во посед денес? Наместо тоа, пентекосталците очекуваат светот да се фати на следниве видови 'докази' како причина за нивната вера во тоа: - -(евентуалното) оздравување од чир на стомакот; процесот на заздравување би требало да почне после молитвениот состанок. -Исправување на деформирани екстремитети. -Подобрен вид и слух, иако често вратен на претходната состојба. -Отстранета депресија. На овие примери мора да се додаде фактот дека болнички коли доведоа болни пациенти кај Т.О. Озборн крсташко исцелување во Најроби, Кенија и возачот соочен со етичка дилема дали да остане или се врати, остана- се исто, бидејќи страдалниците не оздравија. Сепак предизвикот повикува од многу јавни постери за слични состаноци: "дојди очекуваме чудо!" Психолошки бината е наместена за сите форми на автосугестија и сл. Никаде во Новиот завет нема ни најмал предзнак за такво масивно психолошко припремање дека е потребно, пред чудо да настане. Очевидно е дека некој од исцелените во 1 век немаа вера- некој не знаеше кој беше Исус (Јв.5:13; 9:36). Слично бомбардирање на психата се постигнува со зашеметувачкото повторување молитви, ритамот на тапани и возбудлива музика. Несомнено дека секаква рационална свесност за Бога, и се друго, ќе биде испразнета од сето тоа. Писателот се сеќава на присуствувањето на неколку такви состаноци во различни места, и секој пат со искуство на несносна главоболка од напорот да се задржи рационална, урамнотежена библиска свесност соочен со искушението за губење во ритамот на тапаните и ракоплескањето. Сето тоа се појавува како нужна предигра за пентекосталско 'чудо' и е достатен доказ дека 'лекувањата' се резултат на душевна и психолошка условеност а не директно делување на Божјиот дух. Напротив, Петар можеше да ги користи вистинските дарови на чудеса да лекува луѓе како што лежеа по улици (Дела 5:15); Павле при користење на чудесните дарови беше лично сведочен од владин министер кој не веруваше (Дела 13:12,13), како и од многу пагани кои живееја во градот Листра (Дела 14:8-13). Како што беше барањето на самата цел и природа на духовните дарови тие работи беа правени јавно, и не можеше никако со кревање раменици и некое друго објаснување, туку да се признае, дека тука беше Божјата моќ отворено изложена од Неговите слуги. Ефектот на едно од Христовите исцелувачки чуда беше сличен: "така што сите се восхитуваа (оние кои го виделе) и Го славеа Бога, велејќи: Никогаш вакво чудо не сме виделе!" (Мк.2:12). ЈАЗИЦИ Апостолите, груби рибари што некои од нив беа, примиле големо овластување да одат низ целиот свет, и да го проповедаат евангелието (Мк.16:15,16). Можеби првата реакција им беше, "но јас не ги знам јазиците!" За нив не беше ниту случај на "не бев добар во јазици на училиште", бидејќи тие и немаа никакво школување. Им беше испишано преку нив во целост "дека се тоа луѓе неучени и прости" (Дела 4:13) кога беше тоа во прашање. Па дури и за пообразованите проповедници (пр. Павле), јазичната препрека сепак беше страшна. Кога конвертити ќе беа направени, меѓусебната потпора што ќе им беше потребна да ја имаат за зајакнување (во отсуство на пишаниот Нов завет) значеше дека неразбирањето јазик еден со друг беше обемен проблем. За да се преброди тоа, дарот за јазици и способноста да се разбираат беа дадени. На еврејскиот празник на Педесетницата, набрзо по асцензијата Христова на небо, апостолите "се исполнија со Дух Свети и почнаа да зборуваат на други јазици... се собра многу народ (повторно, јавно изложување на даровите!) и се се збрка бидејќи секој ги слушаше како зборуваат на неговиот јазик. И сите се чудеа и маеја, велеќи си помеѓу себе: "Овие што зборуваат, зар не се сите Галилејци? Па како тоа сите да си го слушаме својот роден јазик? Ние Партјаните и Мидјаните... слушаме како тие зборуваат... на нашите јазици... сите се чудеа" (Дела 2:4-12). Не личи дека двојното истакнување на чудењето на народот и нивното маење би било потребно ако тие го слушнеа само она мрморење говорено од оние кои тврдат дека го имаат дарот денес; тоа повеќе побудува незнатен сарказам или рамнодушност, а не чудењето и увереноста од разбирањето на изговорените зборови, што беше во Дела 2. 1Кор.14 е список на заповеди кои се однесуваат на дарот за јазици; v.21 го цитира Иса.28:11 а говори како овој дар ќе биде употребен да сведочи против Евреите: "Во Законот е напишано: на туѓи јазици и со туѓа уста ќе му зборувам на овој народ" Иса.28:11 првенствено се однесува за непријателите израелски кои им говорат на Евреите во јазици кои не ги познаваат. Ова поглавје е вдахновена критика од Павле за злоупотребите на даровите кои настанаа во раната црква, и како таква дава многу погледи во природата на даровите за јазици и пророштво. Ние сега ќе направиме обид, сожето излагање од тоа. V.37 е клучен стих: "Ако некој мисли дека е пророк или исполнет со дух, нека разбере дека ова што ви го пишувам се Господови заповеди". Ако некој тврди дека е духовно надарен, мора да прифати дека заповедиве кои претходат за употреба на даровите се вдахновени од Бога. Било кој што денес не ги извршува тие заповеди према тоа отворено одобрува дека е во ред да се презираат Божјите вдахновени зборови. Стихови 11-17:- "Ако, пак, не го разбирам значењето на тие гласови, тогаш за оној што зборува ќе бидам странец, а и тој за мене туѓинец. Така и вие, бидејќи сте ревнители за духовни дарови, грижете се да ги добиете во изобилност, за поука на Црквата. Затоа оној што зборува на стран јазик, нека се моли за дар да може да го толкува. Оти ако, се молам на непознат јазик, се моли мојот дух; умот, пак, мој останува бесплоден. Па што да се прави? Ќе Му се молам со дух, ќе се молам и со ум; ќе Го фалам Бога со дух, ќе Му пеам и со ум. Зашто, ако благословуваш со дух, како ќе рече ‘Амин’ на твојата благодарност простиот човек, кога не разбира што велиш? Ти благодариш добро, но другиот не се поучува". Да се зборува на јазик кој присутните на службата не го разбираат е беспредметно. Користењето 'мрморење' е отфрлено, бидејќи како би се искрено рекло ‘Амин’ на крајот од ‘молитвата’ составена од неразбирливи бесмислености? Сети се дека ‘Амин’ значи ‘така нека е’, т.е. 'потполно го одобрувам изреченото во оваа молитва'. Говорењето јазик кој е неразбирлив за твоите браќа не ги поучува, вели Павле. Се сеќавам разделував брошури надвор од едно Billy Graham крстосување барајќи од луѓето да се вратат на побиблиски базиран приод кон христијанството. Една возбудена жена се обиде да ме убеди дека мојата христаделфијанска доктрина е ‘водена од ѓаволот’, со брборење натаму во "јазици" околу 10 минути. На никој начин не можев да бидам "поучен" од тоа; ова е сигурно точно она што Павле заповеда да не се прави. Стих 18:- "Му благодарам на Мојот Бог, оти од сите вас зборувам повеќе јазици". Бидејќи за своите широки патувања во проповедањето за Христа на Павле му беше потребен дарот на јазици повеќе него другите.
"Но в црква повеќе сакам да кажам пет зборови разбирливи, за да поучам и други, отколку илјадници зборови на непознат јазик" (v.19). Ова е многу едноставно. Сожета реченица за Христос на македонски покорисна него саати на проповед на туѓ јазик- или 'мрморење'.
"Затоа јазиците се знак не за оние што поверувале, туку за оние што не поверувале; пророштвата, пак не за оние што не веруваат, туку за оние што веруваат" (Стих 22). Употребата на јазици беше према тоа главно за надворешно проповедање на евангелието. Сепак денес повеќето тврдења за поседување 'јазици' се појавуваат меѓу групи на 'верници' или (изгледа) во нивното поединечно, лично искуство, додека се сами. Има хроничен недостиг на примери за вакви луѓе кои биле способни да чудесно говорат туѓи јазици за да го шират евангелието. Во раните 1990 години вратата на можности се отвори да се проповеда Христос во источна Европа, но (таканаречените) 'евангелиски' цркви мораа да ја достават својата литература на англиски заради јазичните бариери! Сигурно дарот за јазици требаше да биде користен ако бил во посед? И големиот литург евангелист Reinhardt Seiber, тврдејќи за чудесното поседување на Духот, сепак мораше да говори до толпите во Кампала, Уганда, преку преведувач. "Ако, пак, целата црква се собере на едно место и сите почнат да зборуваат на непознати јазици, а дојдат и прости луѓе или неверници, нема ли да речат дека сте полуделе?" (Стих 23). Точно тоа и се случи, муслимани и пагани се смееја на чудното однесување на оние кои го тврдеа дарот на јазици низ западна Африка. Дури и просечен христијанин присуствувајќи во некој агол на пентекосталски состанок би бил во искушение да помисли дека членовите полуделе.
"Ако некои зборуваат на непознат јазик, нека зборуваат по двајца или најмногу тројца, и тоа по ред, а еден да толкува." (Стих 27) Само две или три особи беа потребни да говорат на јазици во траење на некоја служба. Неверојатно е дека би имало повеќе од три јазика говорени во било која публика. Една служба набрзо би ја изгубила целата складност ако секоја реченица на говорникот би била преведувана повеќе од два пати. Ако дарот на јазици беше поседуван на состанок во централен Лондон, посетен од Англичани, со некои француски и германски туристи, говорниците би можеле да почнат:- Свештеник: Good evening. Први јазик - говорник: Bon soir (француски) Втор јазик - говорник: Guten abend (германски). Но природно тие мора да говорат "по ред", еден по друг. Би настанала збунетост ако говорат истовремено. Сепак, поради основната душевна природа на сегашните 'јазици' појавата настанува истовремено при говорот. Јас забележав дека штом едно лице почне, влијае врз другите веднаш да го сторат истото. Дарот на јазици често беше користен во спој со оној на пророштво, така да една вдахновена порака од Бога можеше да се претскаже (со дарот за пророштво) на јазик непознат на говорнкот (со дарот за јазици). Пример за употребата на двата дара може да се најде во Дела 19:6. Меѓутоа, ако на еден митинг во Лондон посетен од Англичани и многу француски посетители, говорникот зборува на француски, Англичаните "нема да бидат поучени". Затоа дарот за преведување мора да е присутен, па така сите да разберат, во нашиов случај да се преведе од француски на англиски. Исто ако едно прашање е поставено до францускиот говорник, тој нема да е во состојба да разбира, непотпомогнат, иако го има дарот за говорење француски, без лично познавање на истиот. Дарот за толкување тогаш би бил присутен да помогне во тоа. Без присутноста на некој со дарот за толкување, во случај на потреба, дарот за јазик нема да се употреби: "а еден да толкува. Ако пак нема толкувач, тогаш в црква да молчат" (1Кор.14:27,28). Фактот што многу тврдители на 'јазици' говорат во 'јазик' кој е неразбирлив за било кој, и без толкувач е случај на рамна непослушност на тие заповеди. Стихови: 32,33:- "Пророчките духови им се покоруваат на пророците; оти Бог не е Бог на безредие, туку на мирот. Така е по сите цркви меѓу светиите." Поседувањето на даровите од Светиот Дух не е према тоа поврзано со едно искуство што го одзема лицето вон доменот на нормалната свест; духот е субјект на контролата од корисникот, а не сила која ги обзема па да делуваат недоброволно. Често погрешно се тврди дека демони или 'зли духови' ги поседуваат 'неспасените' (види студија 6.3), но дека Светиот Дух ги исполнува верниците. Но духовната моќ за која се говори во 1Кор.14:32 е подложна на управата на корисникот за одредени цели; и не е жива сила на доброто, спротивена на силата на злото кое е во човечката природа. Покрај тоа, изложивме порано дека тие моќи на Светиот Дух дојдоа на апостолите во одредени времиња да направат одредени нешта, а не дека беа со нив постојано. Апелот до поседниците на даровите да ги користат на начин што приличи на Божјата љубов кон мир, и омраза кон безредие (v.33), изгледа допира до глуви уши во 'пентекосталските' цркви денес. "Жените ваши по црквите да молчат: ним не им е позволено да зборуваат, туку да се покоруваат, како што вели и Законот" (Стих 34). Во овој контекст за користење на духовните дарови, е непобитно изложено дека една жена не би требало да го користи за време на црковна служба. Една огромна целина на непочитување за ова би произлегла ако сегашната појава на 'мрморење' е изразена во односите на емоционалното возбудување, што преоѓа од едно лице на друго во публиката. Жена, деца, во суштина секој присутен кој е волен, може да биде заразен од таквиот поттик, и да прави занесени испрекинати слогови, кои важат за 'јазици'. Истакнувањето жени во изјавените 'јазици' и 'пророштво' во денешните цркви напросто не може да се усогласи со јасната заповед на овој стих. Смешно очајниот аргумент дека Павле бил женомрзец се отфрла неколку стихови покасно: "Ако некој мисли дека е пророк или исполнет со дух, нека разбере дека ова што ви го пишувам се Господови заповеди" (1Кор. 14:37), а не лично од Павле. Било кој верник во вдахновена Библија мора значи да прифати дека овие заповеди од 1Кор.14 се земаат сериозно; да се отворено потсмеваат може само да покаже недостаток на верување во целосното вдахновение на Писмото, или една лична изјава дека некоја не е духовно дарувана, бидејќи некој кој е во недостаток на даровите би негирал дека заповедите од 1Кор.14 се Божји заповеди до нас. Логичноста на овој аргумент всушност, поразува. Во ова светло, како би можело да се членува во таква црква, или да се има желба за членување со нив? Како фуснота на овој дел, е многу значајно дека оние секти кои тврдат дека говорат во јазици се, научно докажани, на повисока скала на депресија во споредба со луѓе од друга позадина. Keith Meador, професор по психијатрија во Vanderbilt University, U.S.A., презеде обемна студија, анализирање на поврзаноста на депресивноста и религиозната позадина. Тој востанови дека "процентот на сериозна депресивност... меѓу пентекосталските христијани изнесуваше 5.4% во споредба со 1.7% за целата надгледувана група". Резултатите на неговото истражување се објавени во журналот, 'Hospital and Community Psychiatry', дек. 1992. Интересна статија, дојдена е до истиот заклучок, објавена во International Herald Tribune, фев.11.1993; насловот говори за себе: "пентекосталците на врв на листата кога е во прашање потиштеноста". Зошто е тоа така? Сигурно е поврзано со фактот дека 'искуството' на имањето дух, што пентекосталците (и други) го тврдат, не е ништо повеќе туку болна психолошки управувана обмама. |