Основи наБиблијата Студија 2: Божјиот Дух Дефиниција | Вдахновение | Дарови на Светиот Дух | Повлекувањето на даровите | Библијата единствениот авторитет | Цигресии (Дали е Светиот Дух личност?, Принципот на олицетворување, Калвинизам, ‘и ќе примите дар од Светиот Дух’, ‘А знаците на оние што ќе поверуваат, ќе им бидат овие’) | Прашања |
Осврт 5: Принципот на олицетворувањеНекои можат да го најдат тешко за прифаќање, објаснувањето за олицетворувањето на ѓаволот, бидејќи за ѓаволот толку чести се однесувањата во Библијата како за личност и можеби тоа ги збунува луѓето. Ова лесно се толкува со посочувањето дека е препознатлива појава во Библијата дека неживите нешта како мудроста, богатствата, гревот, црквата се олицетворени, но само во случајот на ѓаволот е некоја фантастична теорија обвиена околу тоа. Следниве примери ја илустрираат точката:- МУДРОСТА Е ОЛИЦЕТВОРЕНА. "Блажен е човекот, кој се здобил со мудрост, и човек, што спечалил разум; подобро е да ја добиеме неа, отколку ризници со сребро и злато; таа е поскапа и од скапоцени камења; па и се што ти е мило, не може да се спореди со неа" (Изрек.3:13-15). "Премудроста си изгради дом, ги утврди седумте столбови негови" (Изрек.9:1). Овие стихови, и останатите во поглавјата во кои се јавуваат покажуваат дека мудроста е олицетворена во жена, но заради ова никој нема претстава дека мудроста е дословно убава жена која скита наоколу по земјава; сите препознаваат дека е многу пожелна особина која сите луѓе би требало да се обидат да ја стекнат. БОГАТСТВАТА СЕ ОЛИЦЕТВОРЕНИ. "Никој не може да им слугува на двајца господари: оти, или едниот ќе го замрази, а другиот засака; или кон едниот ќе се приврзе, а другиот ќе го презре. Не можете да им служите на Бога и на Мамона" (Мт.6:24). Овде, богатствата се поистоветени со господар. Многумина настојуваат многу напорно да стекнат богатства и со тоа тие им постануваат господар. Исус овде ни вели дека не можеме да го правиме тоа и да му служиме на Бога прифатливи истовремено. Учењето е едноставно и делотворно, но никој не претпоставува со тоа дека богатствата се човек наречен Мамон. ГРЕВОТ Е ОЛИЦЕТВОРЕН. "Секој што прави грев, роб му е на гревот" (Јв.8:34). "Гревот царува, предизвикувајќи смрт" (Рим.5:21). "Не знаете ли дека, кому му се предавате како робови за послушност, робови сте му на оној, кому му се покорувате; или робови на гревот, за смрт, или- на послушност за оправдание?" (Рим.6:16). Како и во случајот со богатствата, гревот е овде поистоветен со господар и оние кои чинат грев му се слуги. Ни едно разумно читање на пасусот не ја оправдува претпоставката оти Павле учи дека гревот е особа. ДУХОТ Е ОЛИЦЕТВОРЕН. "А кога ќе дојде Он, Духот на вистината, ќе ве упати во секоја вистина; но од Себе нема да зборува" (Јв.16:13). Исус овде им вели на своите ученици дека тие ќе ја примат силата на Светиот Дух, и тоа беше исполнето на денот на Педесетницата, како што е запишано во Дела 2:3-4, каде е изјавено дека "им се јавија разделни јазици, како огнени, и застанаа по еден над секого од нив. И сите се исполнија со Дух Свети", кој им даде значителна сила да прават чудесни работи за да докажат дека нивниот авторитет беше Божји. Светиот Дух беше, не личност туку сила, но кога Исус говореше за тоа ја употреби личната заменка "Он". СМРТТА Е ОЛИЦЕТВОРЕНА . "И ете сив коњ, а на него јавач, чие име беше смрт" (Отк.6:8). НАРОДОТ НА ИЗРАЕЛ Е ОЛИЦЕТВОРЕН. "Јас пак ќе те кренам, и ти ќе бидеш обновена, девојко Израилева, па ќе ги земеш тимпаните свои" (Јер.31:4). "Го слушам Ефрема како плаче: Ти ме казни, и јас сум казнет како нескротен јунец; сврти ме- и ќе се свртам, зашто ти си мој Господ Бог" (Јер.31:18).
Контекстот на овие пасуси открива јасно дека пророкот не говори дословно за девојка или за Ефрема како за личност, туку за народот на Израел, што во овој пример е олицетворен, исто како што е Велика Британија понекогаш олицетворувана во 'Britannia' или 'John Bull'. Такви особи нема како таа жена или маж, но кога се спомнуваат во книги или се портретирани во слики, секој знае дека се мисли на Велика Британија. ВЕРНИЦИТЕ ВО ХРИСТА СЕ ОЛИЦЕТВОРЕНИ. "Додека сите не стигнеме до единство во верата и познавање на Синот Божји, до состојба на совршен маж, до мера на полната возраст на Христовото совршенство" (Ефес.4:13). "Едно тело сте" (Еф.4:4). "Вие сте телото Христово, а пооделно- членови" (1Кор.12:27). "Христос е глава на Црквата, и Он е Спасител на телото" (Еф.5:23). Христос "е глава на телото, односно на Црквата... Сега се радувам во своите страдања за вас и го пополнувам недостигот од Христовите маки во мојата плот за телото Негово, кое е Црквата" (Кол.1:18,24). "Зашто ве обручив за маж, за да ве претставам пред Христа како чиста девица" (2Кор.11:2). "Бидејќи дојде свадбата на Агнецот, и жена Му се приготви" (Отк.19:7). Сите овие стихови очевидно се однесуваат на заедницата луѓе кои беа вистинските верници во Христа, понекогаш спомнувани како ‘црква’, сепак ова не смее да се побрка и замени со ниедна од сегашниве православни цркви, кои од поодамна престанаа да се вистински верници во Христа. Вистинските верници, то ест, оние кои ги држат и веруваат во вистинските доктрини учени во Библијата, на нив е повиканоста "чиста девица", посочувајќи ја чистотата на нивните животи кои треба да ги водат, и како ‘тело’ пригодна фигура, бидејќи како што природното тело има многу функции, така и вистинската црква има многу одговорности и извршува разни функции. Кога за црквата се говори како за ‘тело’, никој не ја заменува за поединец, ниту би го замениле ѓаволот или сатаната за гротескно чудовиште или паднат ангел, ако зборовите беа правилно преведени, или ако луѓето не стекнуваа погрешни идеи изведени од лажните цркви во дните на минатото. Приспособено од "Christendom Astray" од Robert Roberts. |