Основи наБиблијата
Студија 2: Божјиот Дух
Дефиниција | Вдахновение | Дарови на Светиот Дух | Повлекувањето на даровите | Библијата единствениот авторитет | Цигресии (Дали е Светиот Дух личност?, Принципот на олицетворување, Калвинизам, ‘и ќе примите дар од Светиот Дух’, ‘А знаците на оние што ќе поверуваат, ќе им бидат овие’) | Прашања

2.4 Повлекувањето на даровите

Чудесните дарови од Божјиот дух ќе бидат користени повторно од верниците за да го променат сегашниов свет во Божјо царство, по враќањето Христово. Даровите се затоа наречени "силите на идниот век" (Евр.6:4,5); и Јоил 2:26-29 опишува големо излевање на духовните дарови по покајувањето на Израел. Самиот факт дека тие дарови ќе се дадат на верниците по враќањето Христово е достатен доказ дека не се поседувани сега, ние гледаме, и секој христијанин со отворени очи кон Писмото и светските настани, дека враќањето Господово сигурно мора да е наскоро (види Додаток 3).

Има јасни библиски пророштва дека во одреден момент во времето измеѓу 1 век, кога даровите беа поседувани, и второто доаѓање, даровите требаше да бидат повлечени:-

"Ако се пророштва, ќе престанат; ако се јазици- ќе замолкнат; ако се (дар на) знаења- ќе исчезнат. Оти по нешто знаеме и по нешто пророкуваме; а кога ќе дојде совршеното, тогаш ќе исчезне делумното" (1Кор.13:8-10). Даровите "се привремени" (G.N.B.).

Духовните дарови поседувани во 1 век требаше да се повлечени "кога ќе дојде совршеното". Ова не може да биде второто доаѓање на Христос, бидејќи тогаш ќе бидат дадени повторно. Грчкиот збор преведен ‘совршен’ значи точно 'она што е потполно или целосно'; и не значи нужно нешто безгрешно.

Тоа целосно нешто, ќе го замени делумното знаење што раните христијани го имаа како резултат на дарот на пророштво. Запомни дека пророштвото беше дар за претскажување на вдахнатите Божји зборови; напишаниот запис на такви зборови ја сочинуваат Библијата.

Во 1 век, просечниот верник би знаел само дел од Новиот завет каков што го знаеме. Тој би слушнал некои зборови на пророштво од постарите во неговата црква за разни практични теми; би знаел за вонредниот живот на Исус, и можеби би слушнал едно или две писма од Павле прочитани. Но еднаш штом напишаниот запис на зборовите од пророштвата беа завршени и заокружени, немаше веќе потреба за дарот на пророкување да биде се уште во посед. Она што беше довршено, и што со тоа ја замени службата на духовните дарови, беше значи завршениот Нов завет:-

"Целото Писмо е од Бога вдахновено и полезно за поука, за изобличување, поправање и поучување во правдата за да биде Божјиот човек совршен (целосен) и годен за секое добро дело" (2Тим.3:16,17).

Она што прави совршено, или целосно, е "целото писмо"; па штом еднаш "целото писмо" беше вдахновено и напишано, "она што е целосно" дојде и чудесните дарови беа повлечени.

Еф.4:8-14 сега убаво го довршува мозаикот како проблем:-

"Издигајќи (се Исус) на (небо) височина, плени плен и им даде (духовни) дарови на луѓето... за изградување на Христовото тело, додека сите не стигнеме до единство во верата (т.е. единствена вера) и познавање на Синот Божји, до состојба на совршен маж... та да не бидеме веќе мали деца, што ги лула и занесува секој ветар на лажните учења".

Даровите на 1 век беа дадени додека се стигне до совршен, зрел маж, и 2Тим.3:16,17 вели дека "Божјиот човек (е) совршен" преку прифаќање водство од "целото писмо". Кол.1:28 исто поучува дека 'совршеноста' доаѓа од одзивот на Божјото Слово. Еднаш штом целото Писмо ни е во посед, нема веќе никакво вистинско оправдување за забуна од многуте доктрини понудени од различни цркви. Има само една Библија, и како што "Твоето Слово е вистина" (Јв.17:17) со проучување на Неговите страници можеме да најдеме "единство во верата" едината вера за која говори Ефес.4:13. Вистинските христијани према тоа досегнаа до поседувањето на таа една вера; во таа смисла тие се целосни (‘совршени’) во исход на "она што е совршено" или целосно, напишаното, завршено Слово Божјо.

Во минување, забележи како Еф.4:14 споредува, да се биде во служба на чудесните дарови, со духовно детство; и во контекстот за пророкување, како чудесните дарови требаше да се повлечат. 1Кор.13:11 вели исто. Да се прави таква врева околу имањето духовни дарови, према тоа не е знак на духовна зрелост. Прогресот сега што секој читател на овие зборови треба да го направи е кон подлабоко осознавање на пишаното Слово Божјо, да се весели во целосноста на Божјото основано откривање Себе до нас преку тоа, и да одговориме на тоа со понизна послушност.

СЕГАШНИ ТВРДЕЊА ЗА ПОСЕДУВАЊЕ ДУХ

Крајно, извесен број на други точки мора да се направат кои се однесуваат на повторуваните тврдења на оние кои мислат дека сега ги поседуваат чудесните дарови:-

-Сегашното "говорење јазици" е склоно кон повторување на истите кратки слогови одново и одново, пр. "лала, лала, лала, шама, шама, Исус, Исус". Ова во синтакса не е поврзано со ниеден јазик; кога некој слуша некого да говори на туѓ јазик, обично е можно да се распознае дека нешто комуницира по моделот на користените зборови, иако можеби не ги разбираме зборовите. Сепак во денешното говорење на туѓи јазици тоа не се случува, и да го подвлечеме фактот дека не обезбедува поучување, што и беше целта на даровите од 1 век.

-Некои пентекосталци тврдат дека говорењето јазици е знак на "спасение" и сходно тоа ќе се придружи на секоја вистинска конверзија. Ова тврдење наидува на сериозна потешкотија со описот на раните цркви како тело, во кое оние кои поседуваа различни дарови беа како различни делови. Не беше секој рака или нога, па така слично не сите поседуваа, од било кој, еден дар пр. јазици. 1Кор.12:17; 27-30 го прави ова јасно:-

"Ако целото тело би било око, тогаш каде ќе е слухот? Кога целото би било слух, тогаш каде е мирисањето?... Вие сте телото Христово, а поодделно- членови. И едни од вас Бог постави во Црквата прво апостоли, второ пророци, трето учители; потоа даде дарби за чудеса и исцелување; па застапници, управници и луѓе што зборуваат на разни јазици. Та сите ли се апостоли? Сите ли се пророци? Сите ли се учители? Сите ли се чудотворци? Сите ли имаат дарби да лекуваат? Сите ли зборуваат на разни јазици? Сите ли се толкувачи?"

Истото посочување е направено порано во тоа поглавје:-

"Оти, на еден му се дава преку Духот збор на мудрост, на друг збор на знаење, преку истиот Дух; на еден- вера, преку истиот Дух, на друг- дар за лекување, преку истиот Дух; на еден- да чини чуда, на друг- да пророкува;, на еден- да ги разликува духовите, на друг разни- јазици, на трет- да толкува јазици. Сето ова го прави еден и ист Дух, распределувајќи секому поодделно, како што сака. И како што е телото едно, а има многу органи, и сите органи од тоа тело, па колку и да се тие, едно тело се- така и Христос" (1Кор.12:8-12).

Ваквите нагласувања не се едноставно за занемарување.

Друг проблем на пентекосталците, како аргумент, е тоа дека Филип преобрати многу луѓе во Самарија, т.е. беа крстени во вода откако го разбраа евангелието, но тие не ги добија духовните дарови; бидејќи после ова, Петар и Јован дојдоа при нив: "штом слегоа, се помолија за нив за да Го примат Духот Свети... Тогаш полагаа над нив раце и тие Го примаа Духот Свети" (Дела 8:4-17). "А Симон виде дека Духот Свети се дава со полагање раце од апостолите" (Дела 8:18). Можно е дека преоѓањето на духовните дарови беше единствено по пат на полагање раце, а што не е честа пракса кај денешните тврдители.

Други пентекосталци тврдат дека говорењето јазици не е доказ за спасение. Ова го осветлува фактот дека има големи доктрински разлики меѓу оние кои тврдат дека ги поседуваат даровите. Така некои 'харизматици' веруваат дека Божјото царство ќе биде на земјата, додека други велат е веќе на небо. Католичките 'харизматици' тврдат дека Светиот Дух им говори да ги обожаваат Марија и папата, додека некои пентекосталски 'харизматици' велат дека нивното поседување на Светиот Дух им заповеда јавно да го обвинат папата и прогласат за антихрист, и да го осудат католичкото учење. Сепак Исус изјави без сомнение дека оние кои го поседуваат Утешителот, Кој е "Духот Свети", ќе бидат упатени "во секоја вистина... и во тој ден нема да (треба да) Ме прашате за ништо. А Утешителот, пак... ќе ве научи на се и ќе ви напомни за се што сум ви зборувал" (Јв.16:13,23; 4:26). Не би требало да има никаков расцеп во основното учење помеѓу оние кои го имаат Утешителот- а фактот дека има, покажува дека оние кои тврдат дека им е во посед, не може да се земат за сериозни. Значителна неспособност на некои од тие тврдители библиски да ги оправдаат своите верувања, покажува дека не биле упатувани во секоја вистина и целосно знаење од Утешителот.

-Значителната важност која се придава од некои, на говорењето јазици, е во неспоредба со библискиот запис. Списокот на духовни дарови во Еф.4:11 не го ни спомнува, и се појавува на крајот од сличен список во 1Кор.12:28-30. Всушност, има само три пригоди од записот во Новиот завет каде е употребен дарот (Дела 2:4; 10:46; 19:6).

Тврдењата за говорење-јазици и чудеса кои се постигнати од денешните харизматични христијани, мора да се мери против значителната информација што ја изнесовме во оваа студија а се однесува за делувањето на Божјиот Дух. Основната цел да се постигне, е, било што да тврдат тие луѓе дека постигнале, не може да биде резултат на нивното поседување на Свети Дух. Кој и да се расправа дека тие ги имаат даровите во посед, би имал прилична домашна работа да одговори на библиските аргументи што ги изнесовме.

Секако, со причина се очекува некакво објаснување зошто појавата на делумно исцелување и 'јазици' (во смисла на ‘мрморење’) настанува.

Се има сознание дека луѓето користат само дел од својата мозочна-моќ, ниско дури 1%, према некои проценки. Исто така е увидено дека свеста може да има целосна физичка контрола врз телото; така психички уверен, да верува дека пламенот не гори, индиецот ќе чекори врз жар босоног а да не се изгори. За нас, кога сме поттикнати е можно да користиме далеку поголем процент од нашата моќ на мозокот него обично, така да можеме да оствариме физички ефект со, и врз, нашето тело кој е вон нормалното искуство. Така, во возбудувањето од битка војникот може да е сосема несвесен дека раката му била разнесена со часови после тоа.

Во состојба на жестоко религиозно верување и поттикнувањето од одредена музика, со влијанието на харизматичен водач, е сосема можно дека нешта надвор од доменот на нормалното човечко искуство би настанале. Чудесата за кои се тврди од 'христијаните' денес се од истиот ред на исклучителност како и необичните искуства на други религии; така и вуду обожавателите го доживуваат истиот феномен на 'мрморење', и муслиманите исто можат да сведочат за чудеса од истиот ред на оние за кои се тврди од денешното христијанство. Сепак главната цел за поседување на духовните дарови во 1 век беше да се покаже очевидната надмоќ на вистинското христијанство врз сите други религии; фактот дека 'чудесата' на денешното христијанство се од истиот ред на оние од другите религии, покажува дека даровите на Духот од 1 век сега не се во посед.

Многу показателна информација по тоа прашање е дадена во 'Пентекостализам' (Црквите на Христос, 1967) од William Campbell. Тој покажува дека многу пагански религии ја имаат истата појава на говорење 'јазик'. Така во Каваи, свештениците на богот Оро наводно му ја откриле волјата со неодредени звуци толкувани од други свештеници. Токму истото настанува во пентекосталските состаноци.

Продолжениот триумф на исламот врз христијанството во голем дел на Африка сигурно немаше да го видиме ако народното 'христијанство' правеше вистински чуда од скалата и убедливата моќ на оние од 1 век. А оние кои вистински го поседуваат ‘Утешителот’ од даровите на Светиот Дух би правеле дури "поголеми дела" него што правеше Исус (Јв.14:12,16). Изговорот дека христијаните би правеле такви чуда кога би имале повеќе верба, овде се среќава со големи проблеми. Или ги поседуваат чудесните дарови на Утешителот, или не ги поседуваат, а ако тврдат дека ги имаат "делата што ги вршам Јас (Исус) и тој ќе ги врши, и поголеми од нив ќе врши" (Јв.14:12), не 'би можел да врши'!


   Back
Home
Next