Основи наБиблијата
Студија 2: Божјиот Дух
Дефиниција | Вдахновение | Дарови на Светиот Дух | Повлекувањето на даровите | Библијата единствениот авторитет | Цигресии (Дали е Светиот Дух личност?, Принципот на олицетворување, Калвинизам, ‘и ќе примите дар од Светиот Дух’, ‘А знаците на оние што ќе поверуваат, ќе им бидат овие’) | Прашања

2.5 Библијата единствениот авторитет

Од досега што видовме во оваа студија, Божјиот дух се однесува на Неговиот ум и намера и на силата со која Тој ги става тие работи во дејство. Ние истакнавме дека тој дух ни е изразито откриен во страниците на Божјото Слово. Многуте проблеми на денешното христијанство надоаѓаат од страшниот недостаток на разбирање на ова. Бидејќи е тешко да се верува дека толку голема сила се овластила во една книга, која делумно ја наоѓаме тешка за разбирање, искушение е да се чувствува оти има некоја друга форма на Божјо откровение до луѓето освен Библијата. Бидејќи нашата наполно расипана човечка природа (Јер.17:9) ја наоѓа чистата вистина на Божјото Слово (Јв.17:17) тешка за варење, многу се предале на ова искушение барајќи други форми на откровение кои се поатрактивни на природниот ум. Неколку примери се сега дадени:-

Религија

Друг облик на Откровение

човечка предност/
привлечноста од тоа

Јеховинисведоци

Изданија на друштвото кула стражарска, кои се третира ни за вдахновени.

Не треба посебен напор да се размислува за точното толкување на Библијата; одговор за се.

Римо католици

Објавите од папата и мисле њето на свештениците, за кои се тврди дека се автома тски вистинскиот одраз на Божјиот ум.

Нема потреба за лично чита ње на Библијата, во минато то католицизмот го обесхра бруваше па дури и го забран уваше тоа. Верување во луѓе то наместо да се прави свој напор да се проверат работи те за себе.

Мормони

Книгата мормонска.

Ја одзема потребата да се верува во библиските учења кои се тешки за прифаќање книгата мормонска нуди при лика за општо спасение, до дека Библијата вели дека има многу луѓе кои живеат и умираат без надеж, преку неповиканост за знаење на евангелието.

Харизматичнохристијанство

‘внатрешно светло’ за кое се тврди дека е Светиот Дух.

Веруваат дека е исправно било што да чувствуваат бидејќи, се мисли, Божјиот Дух ги упатува и надахнува на начини неповрзани со Библијата.

Сето тоа ја подвлекува потребата за основно прифаќање на Библијата како Божјо слово, и потрагата низ страниците за вистинската порака. Прашањето "една Библија многу цркви зошто?" е наголемо одговорено кога ќе се процени како секоја црква до некој степен тврди друг облик на откровение на Божјиот Дух, т.е. Неговата волја, учење и мислење како додаток на она во Библијата.

Ако сакате да ја пронајдете едината вистинска црква, едината вистинска вера и единото вистинско крштевање (Еф.4:4-6) повикот мора да допира до вас јасно и гласно. "назад кај Библијата!"


   Back
Home
Next