Основи наБиблијата
Студија 2: Божјиот Дух
Дефиниција | Вдахновение | Дарови на Светиот Дух | Повлекувањето на даровите | Библијата единствениот авторитет | Цигресии (Дали е Светиот Дух личност?, Принципот на олицетворување, Калвинизам, ‘и ќе примите дар од Светиот Дух’, ‘А знаците на оние што ќе поверуваат, ќе им бидат овие’) | Прашања

Осврт 6: Калвинизам

Пред некои стотина години, Калвин учеше за идејата дека има предодреденост на нашите животи, така да нашето слободно волно одлучување нема никаков ефект врз нашето спасение; ние сме или предодредени за спасение или сме отфрлени. Оваа мисла повторно израснува во неколку денешни идеи:

-Дека нема смисла правење голем напор во библиско учење или религија, бидејќи ако треба да сме спасени, тогаш во секој случај ќе бидеме.

-Дека постои суштество наречено ѓавол кое не присилува на грев и ни носи проблеми во нашите животи, без оглед на нашата волја. Оваа лажна мисла е расправана во студија 6.

-Дека нема потреба да бараме Божјо внимание во околности од животот, пр. за чување при патувања, бидејќи и онака е се предодредено. Има светска изрека често слушана 'што е пишано ќе врви'.

-Евангелиските цркви учат дека е невозможно да се верува или сфати Библијата без да не натера на тоа Светиот Дух.

Има многу силни библиски причини за отфрлање на овој вид филозофија:-

-Го прави бесмислен целиот концепт на послушност кон Бога. Постојано ни се кажува во Библијата дека мораме да ги чуваме Божјите заповеди, и дека со тоа или Му угодуваме или не угодуваме. Тој концепт на заповеди е безначаен ако Бог не присилува да сме послушни. Христос нуди спасение "на сите оние, кои Му се послушни" (Евр.5:9).

-Евреи 11 покажува дека Божјата интервенција во нашите животи и конечното доделување на спасение е поврзано со нашата вера. Многуте библиски примери за молитви кон Бога за избавување во време на неволја се бесмислени доколку е се крајно предодредено. Исто така и идејата за спасение како резултат на нашата вера во Христа е направена безначајна.

-Крштевањето е предуслов за спасение (Мк.16:16; Јв.3:3-5). Ова е негирано од калвинистите. Меѓутоа, спасението е овозможено на сметка на делото Христово (2Тим.1:10), не преку замислениот концепт на предодреденост. Ние мораме свесно да одбереме да се здружиме со Него, што и го правиме преку крштевањето. Рим.6:15-17 говори за нашето менување господари при крштевањето, од живот на грев во еден на послушност. "Од се срце му станавте послушни на оној вид учење, на кое му се предадовте". Овој јазик на предавање јасно ја имплицира волноста како спротивставеност на безусловната предодреденост. Предавањето е преку послушноста од срце на учењето на евангелието (Рим.6:17).

-Нема никаква цел Бог да го претскажува Своето слово, ако сме во секој случај крајно предодредени. Исто така и проповедта е бесцелна; сепак Библијата и со заповеди и со запишани примери за тоа, покажува дека преку проповедта на словото луѓето доаѓаат до спасение. "Словото на... спасение" (Дела 13:26) мора да се проповеда на луѓето.

-Ќе ни биде судено по делата наши (Отк.22:12). Зошто, ако нашите волни дејствија се неважни во однос на спасението? Павле рече дека Евреите се осудиле самите за недостојни на живот вечен со нивното отфрлање на словото Божјо (Дела 13:46). Тие се осудија- Бог не ги спречуваше. Ако речеме дека Бог ги предодредува некои луѓе за спасение а други за осуда, тогаш Бог делотворно ги присилува луѓето да бидат грешни, со тоа Тој наводно би присилувал луѓе да се праведни. Бидејќи со гревот на Адам, "смртта премина на сите луѓе преку еден човек, оти сите згрешија" (Рим. 5:12). Затоа луѓето умираат, како казна за грев (Рим.6:23), не зашто Бог ги присили да бидат грешници во некое одредено време пред гревот на Адам.

-1Кор.10 и многу други пасуси покажуваат пример за оние во минатото кои еднаш имале однос со Бог, но потоа отпаднале, како предупредување до верниците. Фактот дека е можно да се "отпадне од благодатта" (Гал.5:4) значи дека не може да има 'еднаш спасени секогаш спасени' систем за спасение каков што побарува калвинизмот. Само со продолжено држење на вистинската доктрина можеме да бидеме спасени (1Тим.4:16).

-Исус јасно учеше дека разбирањето на Божјото слово е зависно до некој степен од нашиот волен напор. "Кој чита, нека разбере" (Мт.24:15). Така ние сме оставени да го разбереме словото- ние не сме присилени. Овде има паралела помеѓу ова и повторуваните зборови од Исус "Кој има слух да чуе... нека чуе" или сфати. Имајќи слух е према тоа еднакво со читањето на Божјото слово. Бидејќи Божјиот Дух е толку надмоќно објавен преку Неговото слово до таму што Исус можеше да каже дека Неговите вдахновени зборови "се Духот" (Јв.6:63), невозможно е дека Божјиот Дух би работел на лице, одделно од Неговото слово, за да го присили лицето на послушност кон словото.

-"Кој сака, нека земе од водата на животот дарум" (Отк.22:17), преку одзивање кон словото на животот пронајдено во евангелието. Овде е сигурно волноста а не предодредената безперспектива, на нашата лична желба за спасение. Како и во Дела 2:21 "секој што ќе го призове името Господово, ќе се спаси" преку крштевањето во тоа име.


   Back
Home
Back