Основи наБиблијата
Студија 2: Божјиот Дух
Дефиниција | Вдахновение | Дарови на Светиот Дух | Повлекувањето на даровите | Библијата единствениот авторитет | Цигресии (Дали е Светиот Дух личност?, Принципот на олицетворување, Калвинизам, ‘и ќе примите дар од Светиот Дух’, ‘А знаците на оние што ќе поверуваат, ќе им бидат овие’) | Прашања

Осврт 7: "и ќе примите дар од Светиот Дух"
(Дела 2:38).

Петар се обрати кон големата толпа на денот на Педесетницата, завршувајќи со апел во v.38 за покајание, крштевање и примање дар од Светиот Дух. Таа препорака за дарот на Божјиот дух е во контекстот на апостолите кои ги користат тие дарови во говорењето јазици на толпата, објаснувајќи дека, со тоа го обезбедуваа исполнувањето на пророштвото на Јоил за давањето на чудесните дарови (Дела 2:16-20). Затоа логично е да се претпостави дека Петар ги ветуваше чудесните дарови од духот на тоа мноштво Евреи кои го слушаа. Толпата беше составена од Евреи, не неЕвреи (Дела 2:5). Пророштвото на Јоил за давањето дарови, беше првенствено заради Евреите. Така Петар им посочува: "Зашто за вас е ветувањето, за вашите деца" (Дела 2:39), можеби, мислејќи на пророштвото на Јоил дека духот ќе биде даден на Евреите и на нивните деца (Дела 2:17 ср. Јоил 2:28-32). Тука можеби има и навестување дека ветувањето за овие чудесни дарови беше само за тие две генерации - оние кои го слушаа Петар, и нивните деца.

Ние изложивме дека до крајот на 1 век (т.е. околу 70 год. по говорот на Петар), даровите изгаснаа. Ова исто е потврдено со историскиот запис. За време на тие две генерации даровите од духот би биле исто така достапни и на неЕвреите: "и за сите што се далеку, што ќе ги повика Господ, нашиот Бог" (Дела 2:39). Забележи како се неЕвреите опишани како оние "што се далеку" во Еф.2:14-17.

Меѓутоа, постои добра причина да се верува дека она што се случи во Дела 2 беше само мало исполнување на зборовите на Јоил 2, поголемото исполнување ќе биде кога Израел ќе биде нападнат и непријателската војска уништена (Јоил 2:20), и кога Израел ќе се покае и ќе живее во среќен однос со Бога (2:27). "И, ете, по тоа (т.е. после тоа) ќе излеам од Мојот Дух" (Јоил 2:28). Додека не се видат тие предуслови, не можеме да бараме некое друго исполнување на зборовите од Јоил, освен она помало исполнување што беше видено на денот Педесетница опишано во Дела 2.

Ветувањето за добивање дар од духот после крштевање, се уште може да се чита со некоја препорака до нас денес. Има еден Дух, но може да биде објавен на разни начини (1Кор.12:4-7; Еф.4:4). Во 1 век тоа беше преку чудесните дарови; сега пошто се повлечени е сосема исправно да се бара исполнувањето на ова "дар од Духот" ветување на друг начин. "Дарот на Светиот Дух" може да се однесува на 'дарот кој е Свети Дух', или на 'дарот за кој говори Светиот Дух' т.е. дарот на простување и спасение, кој што со Дух вдахновеното слово Божјо е ветен. Има многу други примери на оваа употреба на зборот "на" (‘двосмислен генитив’ да е техничка). "Познавањето на Бога" (Кол.1:10) може да значи познавањето кое Го има Бог или познавањето за Бога. "Љубовта Божја" и "љубовта Христова" (1Јв.4:9; 3:17; 2Кор.5:14) можат да значат љубовта која Бог и Исус ја имаат за нас; или љубовта наша кон нив. "Словото Божјо" може да значи слово за Бога или словото што дојде од Бога. Дарот на Светиот Дух према тоа може да се однесува за дарот кој Светиот Дух го прави и за кој говори, како и за дарот кој ги содржи силите на Светиот Дух.

ДАРОТ НА ДУХОТ: ПРОШТЕВАЊЕ?

Рим.5:16 и 6:23 го опишуваат спасението како ‘дар’- и побарува споредба со ‘дар’ од Светиот Дух во Дела 2:38. Всушност Дела 2:39 изгледа го цитира Јоил 2:32 и се однесува за спасението, како да е тоа, она, што дарот на Духот беше. Препораката на Петар за ветениот дар дека е за оние "од далеку" алудира на Иса.57:19: "мир, (со Бога преку проштевање) мир на далечен". Еф.2:8 исто го опишува дарот како да е спасение, велејќи дека "и едните и другите имаме пристап при Отецот, во еден Дух" (2:18). Ова е понатаму вреднувано со фактот што Еф.2:13-17 исто алудира на Иса. 57:19: "Вие, кои некогаш бевте далеку, станавте блиски преку крвта Христова. Зашто Он е нашиот мир... и откако дојде, Он ви благовести мир, на вас далечни и блиски". Иса.30:1 ги осудува Евреите што бараат проштевање на свој начин наместо со дарот на Божјиот Дух: тие "склучуваат сојузи, но не според Мојот дух, за да додаваат (наместо да одземаат) грев врз грев". Иса.44:3 го опишува проштевањето во последниот ден на Израел со слични изрази "ќе излеам... потоци врз исушеното (духовно неплодно- Иса.53:2): ќе го излеам духот Свој врз твоето племе и благословот Свој- врз твоите потомци". Благословот на семето Авраамово е во нивното проштевање преку Христа (Дела 3:25,26)- што е овде споредено со излевањето на духот врз Евреите. Ова е јасниот јазик на Јоил 2 и Дела 2. Гал.3:14 го става ова во толку многу зборови "Та благословот на Авраама (проштевање) да се распространи над незнабожците преку Исуса Христа за да го добиеме ветениот Дух преку верата". Така 1Кор.6:11 говори за измивање на нашите гревови "преку Духот на нашиот Бог". Постои паралела во Римјани помеѓу, нас и добивање "благодат... помирување... Дух" (1:5; 5:11; 8:15), покажувајќи ја поврзаноста помеѓу дарот ("благодат") на Духот и проштевањето кое води кон помирувањето. Тешко е да се преувеличи колку многу Новиот завет го изградува јазикот и концептите на Стариот завет, нарочито во поглед на примарното еврејско читателство, и влијанието што писмата (посланијата) би го имале. Во наврати повторено во Петокнижието и Исуса Навин, Бог ветува да ја даде земјата на Својот народ- "земјата што Господ твојот Бог ти ја дава во посед", е честа фраза. Противвредноста на земјата, под Новиот завет е спасението; тоа е значи дарот Божји сега во перспектива, придружено со проштевањето гревови.

Гал.3:2,5 ср. 3:8-11, прави паралела на примањето на духот и примањето на Авраамовите благослови на спасение и проштевање. За "Ветениот Дух" (Гал.3:14) се говори во контекстот на ветувањата кон Авраам.

Петар ги праша Евреите да се покајат пред да можат да го примат дарот; ова би вклучувало лична молитва. Постои причина да се верува дека дарот на Духот е начин за опишување на одговорена молитва. Давањето "добри работи на оние што бараат" во молитва е исто што и давање (дар) на Светиот Дух. (Мт.7:11 ср. Лк.11:13). Филип.1:19 ја споредува "вашата молитва" со "дејството на Духот на Исуса Христа". Слично 1Јован 3:24 вели дека нам ни е даден Духот како резултат на нашата послушност на заповедите; v.22 вели дека послушноста на тие заповеди води кон одзив на нашите молитви. Така на нашата доверба и припаѓа тоа, нашите молитви да бидат слушнати (1Јв.5:14) и исто и припаѓа имањето на Духот (1Јв.3:21,24; 4:13), зашто ова се паралелни изрази.

Проучувањето на грч. збор "карис", често преведуван "благодат", ќе покаже дека е често користен во врска со дарот на Духот.

"Ќе се спасиме со благодатта (дар) на Исуса Христа" (Дела 15:11). Сепак идејата за "благодат" е често поврзана со одговорена молитва (пр. Исх. 33:12; 34:9; Бро.32:5; Пс.83:11); 2Кор.12:9; Евр.4:16; Јак.4:6 ср. v.3). Зах.12:10 говори за последниот ден за излевањето на "дух на благодат и милост" врз Евреите. Ова прави збир на нашите предлози- дека молитвата ("молбите") го доведуваат дарот на духот во смисла на проштевање, и дека ова давање на духот да одговори на молитвата е објаснато со пример во еврејското покајание во 1 век и последните денови. Во истиот контекст Павле говори за "даровите Свои и призовувањето (на Бога)" покајание и проштевање (Рим.11:29).

УТЕШИТЕЛОТ

Истиот пристап може да се примени и на ветувањето на Утешителот во Јован 14 и 16. Тоа првенствено се однесува на чудесните сили дадени на учениците, према кои ветувањето и беше прво дадено, и може да се применува и врз нас во нечудотворувачка смисла. Даровите беа за да им се "напомни за се што сум ви зборувал" (Јв.14:26), веројатно да им го овозможи пишувањето на евангелиските записи. Зборот "напомни" во себе го ограничува чудотворниот елемент на Утешителот ветен на учениците, кои живееја со Исус за време на неговата служба. Само тие можеа да ги добијат зборовите на Исус во поврат на своето помнење од Утешителот. Јазикот на ветувањата за "Утешителот" е исто применлив и на силата на завршената Библија. Према тоа, можеме да заклучиме дека тие и други ветувања од духот беа исполнети во чудесна форма во 1 век, но сега се применуваат на нас во објавата на духот преку пишаното Божјо Слово во Библијата.

Секако е вистина, дека Божјиот дух беше откровен преку пишаниот збор во минатото, но тоа беше само делумно откровение во споредба со потполноста (‘совршеното’) која сега ја имаме во завршеното Божјо Слово (1Кор.13:9-13). Следува од ова дека не можело да има друго пишано откровение од Бога после повлекувањето на даровите по завршувањето на Новиот завет. Тврдењата на Книгата мормонска и други слични производи, имплицираат дека Библијата не е целосното откровение- која отсутност на духовните дарови денес, докажува дека е. Ако сакаме целосно да ја употребуваме потполноста на Божјото откровение во Библијата, мораме да го употребуваме секој нејзин дел- и Стариот и Новиот завет, само тогаш може Божјиот човек да почне да станува толку совршен, колку потполноста Божја, откровена во Словото.


   Back
Home
Back