Основи наБиблијата
Студија 3: Божјите ветувања
Вовед | Ветувањето во Едем | Ветувањето до Ное | Ветувањето до Авраам | Ветувањето до Давид | Цигресии (Пропаста на небесата и земјата, Тврдењата на ‘Британскиот Израелизам’) | Прашања

Осврт 10: Тврдењата на 'Британскиот Израелизам'

Оваа идеја беше претставена од видот на H.W. Armstrong-ова 'Plain Truth' организација, дека ветувањата до Авраам беа исполнети во британските и американските народи, кои, се тврди, се племињата на Ефрем и Манасиј. Членовите на движењето 'Британски Израелци', веруваат дека кралевите и кралиците на Англија се потомството преку линијата од Јуда, која што почна од цар Давид. За да ги оправдаат своите теории, мораа да заклучат дека Евреите беа како Божји народ отфрлени и британскиот народ избран наместо нив.

Ако разлагањето во студија 3 беше следено, треба да е јасно дека библиски тие тврдења никако не се оправдани. Наредниве се само неколку од многуте додатни точки кои би можеле да се направат:

-Сите човечки суштества се подеднакво под проклетството на гревот (Рим.3:23), и затоа Христос умре да им овозможи на луѓето од сите нации прилика за спасение. Од било која национална позадина да сме е неважно ако сме крстени во Христа и постанеме дел од духовниот Израел (Гал.3:27-29). Нам ни беше заповедано да го проповедаме евангелието до сите нации, крштевајќи ги оние поединци кои ќе поверуваат (Мк.16:15,16); така новиот Израел е составен од луѓе од сите нации, не само британската.

-Многу е тешко да се докаже потеклото на британскиот и американскиот народ; тие се мешани луѓе од многу делови од светот. Само затоа што некои биле родени во тие земји, не значи дека се Божји избран народ.

-Британските Израелци тврдат дека благословите ветени на Авраамовото семе се исполнети во британските народи, без оглед на нивната покорност на Бога. Тоа е спротивно на повторуваното начело дека благословите Божји се условени со покорност. Цела Лев.26 и 5Мој.28 ги назначува благословите кои би дошле врз Израел кога тие би биле покорни на Неговото слово, и клетвите кои би исходиле од нивната непокорност. Да се тврди дека Бог им ги дал тие благослови на Британија, без оглед на нивната покорност на Неговото слово, и во очи на нивната јасно одредена непокорност не него, сигурно врши насилство на условите под кои Бог ги нуди тие благослови.

-Импликацијата дека Бог ги отфрлил Своите луѓе од Израел и ги заменил со Британците им пркоси на пасуси како Рим.11:1,2: "Зар Бог го отфрли Својот народ? Никако! Оти и јас (Павле) сум Израилец, од семето Авраамово... Бог не го отфрли Својот народ, кој однапред Го разбра".

-Божјото царство беше царството на Израел во минатото (2Лет.9:8). Беше превртено поради нивната непокорност, но царството ќе биде преуредено (Јез.21:25-27). Царството ќе биде вратено во Ерусалим (Мих.4:8) кога Исус ќе владее таму на престолот Давидов (Лк.1:32).

-Сегашниот растурен народ на Израел, ќе биде присобран од разни делови на земјата каде што е растурен. "Еве, Јас ќе ги земам синовите Израилеви меѓу народите... кај кои се наоѓаат... и ќе ги доведам во нивната земја. Во таа земја по планините Израилеви, Јас ќе ги направам еден народ" (Јез. 37:21,22). Тоа се исполнува во облик на природните Евреи, кои се враќаат во својата земја; целосното исполнување ќе биде во царството, со кое што, израелското сегашно враќање во земјата навестува дека наскоро ќе биде.


  Back
Home
Next