Основи наБиблијата Студија 3: Божјите ветувања Вовед | Ветувањето во Едем | Ветувањето до Ное | Ветувањето до Авраам | Ветувањето до Давид | Цигресии (Пропаста на небесата и земјата, Тврдењата на ‘Британскиот Израелизам’) | Прашања |
3.2 Ветувањето во ЕдемПатетичниот расказ за човечкиот пад се наоѓа во Бит.3. Змијата беше проколната за погрешно толкување на Божјото слово со што ја искуша Ева на непослушност. Мажот и жената беа казнети за својата непослушност. Но зрак надеж извира во оваа темна слика, кога Бог и вели на змијата: "ставам непријателство меѓу тебе и жената и меѓу родот твој и породот нејзин. Он (семето на жената) ќе ти ја гази главата; а ти ќе го каснуваш во петата" (Бит.3:15). Овој стих е високо збиен; треба внимателно да ги одредиме разните вмешани нешта. ‘Род’ значи потомок или дете, но исто може да се однесува и на луѓето здружени во тој ‘род’. Подоцна ќе видиме дека родот Авраамов беше Исус (Гал.3:16), но ако сме ние ‘во’ Исус со крстење, тогаш сме и ние во родот (Гал.3:27-29). Зборот ‘род’ исто така се однесува и на идејата за сперма (1Пет.1:23); па така вистинското семе би ги имало татковите одлики. Семето на змијата према тоа се однесува и на семејната сличност со змијата: - го искривува Божјото Слово - лаже - ги води другите кон грев Ние ќе видиме во студија 6 дека нема дословна особа која го прави тоа, туку дека внатре во нас го има -"нашиот стар човек" од месо (Рим.6:6) -"душевниот (природен) човек" (1Кор.2:14) -"стариот човек кој се распаѓа во измамливите желби" (Еф.4:22) -"стариот човек со неговите дела" (Кол.3:9). Овој ‘човек’ на гревот во нас е библискиот ‘ѓавол’, семето на змијата. Семето на жената требаше да е одреден поединец- "ти (семето змиино) ќе го каснуваш во петата" (Бит.3:15). Таа личност требаше постојано да го гази семето змиино, т.е. гревот- "Он ќе ти ја гази главата". Да се удри змијата по глава е смртоносен удар пошто мозокот и е таму. Единствената особа која е пригоден кандидат за семето женино мора да е Господ Исус:- "Исус Христос, Кој (преку крстот) ја уништи смртта (према тоа и силата на гревот –Рим.6:23) и го осветли животот и нераспаѓањето преку Евангелието (2Тим.1:10). "Бог, испраќајќи Го Синот Свој во тело, слично на телото од гревот, и поради гревот Он го осуди гревот во телото" т.е. библискиот ѓавол, семето змиино (Рим.8:3). Исус "се јави, за да ги земе гревовите наши" (1Јв.3:5). "Ќе Му ставиш име Исус (што значи ‘Спасител’), зашто Он ќе го спаси народот Свој од неговите гревови" (Мт.1:21). Исус беше дословно "роден од жена" (Гал.4:4) како син на Марија, иако Бог му беше Татко. Така во оваа смисла, исто така, тој беше семето на жената, иако направен од Бога на начин што ниеден човек не бил. Ова семе на жената требаше да биде привремено рането од гревот, семето змиино "ќе го каснуваш во петата" (Бит.3:15). Угриз од змија во пета е обично привремена рана, во споредба со трајноста од удирањето по глава на змијата. Многу фигуративни говори имаат библиски корени: "чукни го по глава" (т.е. целосно да се сопре или стави крај на нешто) е веројатно базирано врз ова пророштво на Исус да ја удри змијата по глава. Осудувањето на гревот, семето на змијата, беше првенствено преку жртвата Христова на крстот- забележи како стиховите цитирани погоре говорат за победата Христова врз гревот во минато свршено време. Привремената рана на петата претрпена од Исус се однесува, значи, на неговата тридневна смрт. Неговото воскреснување докажа дека ова беше само времена рана, споредена со смртоносниот удар што му го зададе на гревот. Занимливо е тоа што небиблиски историски записи покажуваат дека распнатите жртви биле заковувани со клинци низ петиците на дрвен столб. Така Исус беше "ранет во петата" преку својата смрт. Иса.53:4,5 опишува дека Христос бил 'изнаранет' од Бога преку својата смрт на крстот. Ова едноставно алудира на пророштвото од Бит.3:15 дека Христос ќе биде ранет од семето на змијата. Сепак, конечно Бог дејствуваше низ злото со кое се соочи Христос, Тој е опишан овде дека го врши ранувањето (Иса.53:10), преку управување на злите сили кои Му го ранија Синот. И така Бог, исто, дејствува низ лошите искуства од секое од Своите деца. ДЕНЕШНИОТ СУДИР Но можеби се прашувате: "ако Исус го уништи гревот и смртта (семето змиино), зошто тие работи се уште присутни денес?" Одговорот е дека на крстот Исус ја уништи силата на гревот во себе самиот: пророштвото од Бит.3:15 е првенствено за судирот помеѓу Исуса и гревот. Сега, тоа значи дека, тој не покани да ја делиме неговата победа, евентуално, и ние, исто можеме да ги совладаме гревот и смртта. Оние кои не се повикани да ја делат неговата победа, или ја отфрлат понудата, се разбира ќе доживеат грев и смрт. Иако гревот и смртта се исто доживувани и од вистинските верници, преку нивното здружување со семето на жената преку крштевањето во Христа (Гал.3:27-29), можат да добијат проштевање на своите гревови и така евентуално да бидат спасени од смрт, што е резултат на гревот. Така во перспектива Исус ја "уништи смртта" на крстот (2Тим.1:10), сепак нема тоа да биде се додека Божјата намера со земјава не се заврши на крајот од милениумот кога луѓето навистина ќе престанат да умираат- кога смртта никогаш веќе нема да биде видена на земјава: "Бидејќи Он треба да царува (во првиот дел од Божјото царство) додека не ги стави под нозете Свои, сите непријатели. А најпоследниот враг за уништување е смртта" (1Кор.15:25,26). Ако сме ние "крстени во Христа" тогаш ветувањата околу Исус како она во Битие 3:15, постануваат лични до нас; не се повеќе интересни делови на Библијата, тие се пророштва и ветувања кои се направени директно до нас! Како и семето на жената, и ние, исто, ќе ја доживееме победата на гревот врз нас во краток рок. Освен ако Господ се врати за време на нашиот живот, ние исто, ќе бидеме ранети во петата како што беше и Исус, па така, исто ќе умреме. Но ако сме вистинско семе на жената, тогаш таа ‘рана’ ќе биде привремена. Оние кои се правилно крстени во Христа со потопувањето под вода, се поврзуваат со неговата смрт и воскресение- симболизирано со изронувањето од вода (види Рим.6:3-5). Ако сме вистинското семе од жената, тогаш нашите животи ќе ги одразуваат зборовите од Бит.3:15- ќе има постојано чувство на судир (‘непријателство’) во нас помеѓу исправното и погрешното. Големиот апостол Павле опишува речиси шизофреничен судир помеѓу гревот и неговото вистинско јас што беснееше во него (Рим.7:14-25). После крштевањето во Христа, овој судир со гревот кој е природно во нас треба да нарасне- и да продолжи со тоа, сите наши денови. Во една смисла е напорно, бидејќи моќта на гревот е силна. Но во друга смисла и не е, бидејќи сме во Христа, кој веќе се бореше и го победи конфликтот. Забележи како се верниците опишани како жена во Еф.5:23-32, дека ако сме семето женино како да сме исто така и жената. Исто како што семето на жената ги претставува на Исус, и оние кои се обидуваат да ги имаат неговите особини, и семето на змијата говори за гревот (библискиот ѓавол) и оние кои слободно ги пројавуваат особините на гревот и змијата. Тие луѓе не го почитуваат или погрешно го претставуваат Божјото Слово, што евентуално ќе ги одведе во грешен срам и оттуѓување од Бога, што им се случи на Адам и Ева. Бидејќи Евреите беа луѓето кои всушност го одведоа Исус во смрт- т.е. го ранија семето женино во петата- се подразбира дека тие беа главни примери за семето од змијата. Ова е потврдено од Јован крстител и Исус:- "А штом виде Јован дека при него доаѓаат мнозина фарисеи и садукеи (групата Евреи кои го осудија Исуса) за да се крстат, им рече: Породи змиини, кој ви кажа да бегате од гневот што иде?" (Мт.3:7). "Но Исус, знаејќи ги (фарисејските) помисли... рече: Породи змиини! Како можете да говорите добро, кога сте лоши?" (Мт.12:25,34). Светот- дури и религиозниот свет- ги има истите овие змиски одлики. Само оние крстени во Христа се здружени со семето женино; сите други се, до променливи степени, семе змиино. Како Исус се однесуваше према луѓето кои беа од семето на змијата, мора да ни е пример:- -Им проповедаше во духот на љубов и вистинско грижење, сепак -Не дозволи нивниот начин и мислење да влијаат врз него, и им -Го покажа прекрасниот карактер Божји, со начинот на кој живееше. Сепак заради сето тоа тие го мразеа. Неговиот сопствен напор за послушност кон Бога ги направи љубоморни. Дури и неговото семејство (Јв.7:5; Мк.3:21) и блиски пријатели (Јв.6:66) воспоставија бариери а некои и физички го напуштија. Павле го искуси истото кога оплакуваше по оние кои еднаш стоеја крај него во добро и лошо:- "И така, непријател ли ваш ви станав, кажувајќи ви ја вистината?" (Гал.4:14-16). Вистината никогаш не е славна; да се знае и да се живее со неа, како што треба, секогаш ќе ни создава некој вид проблеми, кои исходуваат дури и со прогонување:- "како тогаш, оној што се роди по плот, го гонеше родениот по дух (со вистинско знаење на Божјото слово- 1Пет.1:23), така и сега" (Гал.4:29). Ако сме навистина соединети со Христа, мораме да искусиме и некои од неговите страдања, така да и ние ја поделиме неговата величенствена награда. Повторно Павле ни поставува неспоредлив пример во ова:- "Верни се зборовите: Ако со (Христа) сме умреле, со Него и ќе живееме. Ако трпиме, со Него и ќе царуваме... затоа се трпам (2Тим.2:10-12). Исус: "ако Мене Ме гонеа, и вас ќе ве гонат... Но, сето ова ќе ви го прават заради Моето име" (Јв.15:20,21). - т.е. бидејќи сме крстени во името на Исус (Дела 2:38; 8:16).
Соочени со стихови како овие, се доаѓа до искушение да се помисли, "ако тоа значи да се биде здружен со Исус, во семето на жената, јас подобро не би". Но се разбира никогаш од нас не би се очекувало да поднесуваме нешто со што не би можеле да се справиме. Додека за пожртвуваноста дефинитивно има потреба за да се соединиме потполно со Христа, нашата поврзаност со него ќе исходи во таква величенствена награда "што страдањата од оваа сегашност не се вредни за споредба со славата, која ќе ни биде откриена". Па дури и сега, неговата жртва овозможува нашите молитви за помош, низ животните трауми, да се нарочито силни пред Бога. Да го додадеме кон тоа и следново величенствено уверување, силно подвлечено во многу христаделфијански Библии:- "Верен е Бог, Кој нема да позволи да бидете искушувани повеќе од силата ваша, а заедно со искушението ќе ви даде и излез, за да можете да трпите" (1Кор.10:13). "Ова ви го реков, за да имате мир во Мене. Во светот ќе имате маки; само не бојте се, зашто Јас го победив светот" (Јв.16:33). "Што да речеме, пак, на ова? Ако е Бог со нас, кој ќе е против нас?" (Рим.8:31). |