Основи наБиблијата
Студија 3: Божјите ветувања
Вовед | Ветувањето во Едем | Ветувањето до Ное | Ветувањето до Авраам | Ветувањето до Давид | Цигресии (Пропаста на небесата и земјата, Тврдењата на ‘Британскиот Израелизам’) | Прашања

3.5 Ветувањето до Давид

Давид, како и Авраам и многу други приматели на Божјите ветувања, немаа лесен живот. Тој одрасна како најмлад син во големо семејство кое, во Израел од 1000 п.н.е., значеше одгледување овци и трчање по налог на своите прилично шефовски расположени постари браќа (1Цар.15-17). Во текот на ова време тој научи едно ниво на вера во Бога до кое малку луѓе од тогаш се приближиле.

Дојде денот кога Израел се соочи со крајниот предизвик од неговите агресивни соседи, Филистејците; беа предизвикани да одберат еден од нивните луѓе да се бори со Голијат, филистејски шампион, со договор дека било кој победник од борбата ќе владее над победените. Со Божја помош Давид го порази Голијата употребувајќи една прачка, и се здоби дури со поголема слава него нивниот цар (Саул). "Љубомората е лута како пекол" (Песна 8:6), зборови што беа докажани за вистинити со Сауловото прогонство на Давид за наредните 20 години, бркајќи го како стаорец низ пустината на јужен Израел.

Давид евентуално постана цар, и да го покаже своето почитување на Божјата љубов кон него за време на животната му пустош, одлучи да му изгради храм на Бога. Одговорот Божји беше дека синот на Давид, Соломон, ќе го изгради храмот и дека Бог сакаше да му подигне дом на Давид (2Цар.7:4-13). Потоа следеше детално ветување каде прилично се повторува она што му беше речено на Авраам, и кое содржеше уште некои други подробности:-

"А кога ќе завршат твоите дни, и ти ќе починеш кај татковците свои, Јас ќе го воздигнам по тебе твоето семе, што ќе произлезе од твоите бедра, и ќе го зацврстам царството негово. Тој ќе изгради дом на името Мое, и Јас ќе го утврдам престолот на царството негово засекогаш. Јас ќе му бидам татко, и тој ќе Ми биде син; и ако згреши, ќе го казнам со стап човечки и со удари на синови човечки; но милоста Своја нема да ја кренам од него, како што ја кренав од Саула, кога Јас го отфрлив пред лицето твое. И ќе биде непоколеблив твојот дом и твоето царство засекогаш пред лицето Мое, и престолот твој ќе остане засекогаш" (стихови 12-16).

Од нашите претходни студии би очекувале ‘семето’ да биде Исус. Неговиот опис како синот Божји (2Цар.7:14) го потврдува тоа, како и многу други препораки во други делови од Библијата:

-"Јас сум... род Давидов", рече Исус (Отк.22:16).

-Исус "по тело роден од семето Давидово" (Рим.1:3).

-"Од неговото потомство (Давидово) Бог, според ветувањето на

Израилот, Го издигна Спасителот Исус" (Дела 13:23).

-Ангелот и кажа на дева Марија во врска со нејзиниот син, Исус: "ќе Му го даде Господ Бог престолот на Неговиот татко (предок) Давида... и царството Негово нема да има крај" (Лк.1:32,33). Тука се применува ветувањето за семето Давидово во 2Цар.7:13 на Исус.

Со семето точно одредено како Исус, бројни поединости сега стануваат значајни:

1) СЕМЕТО

"Твоето семе, што ќе произлезе од твоите бедра... Јас ќе му бидам татко, и тој ќе Ми биде син". "Од плодот на твојата утроба ќе поставам на престолот твој" (2Цар.7:12,14; Пс.131:10,11). Исус, семето, требаше да биде дословно, телесен потомок Давидов, и сепак да го има Бога за свој Татко. Ова можеше да се постигне само со девственото раѓање опишано во Новиот завет; мајката на Исус беше Марија, потомок Давидов (Лк.1:32), но тој немаше човечки татко. Бог дејствуваше чудесно врз утробата на Марија, со Светиот Дух за да ја направи да го зачне Исус, и така ангелот коментира "па затоа и роденото ќе биде свето и ќе се нарече Син Божји" (Лк.1:35). Девственото раѓање беше единствениот начин на кој ветувањето до Давид можеше правилно да се исполни.

2) ДОМОТ

"Тој ќе изгради дом на името Мое" (2Цар.7:13) покажува дека Исус ќе изгради храм за Бога, дословно и духовно. Језекија 40-48 опишува како во милениумот (првите 1000 год. на царството Божјо по враќањето Исусово на земјата) ќе биде изграден храм во Ерусалим. Божјиот ‘дом’ е таму каде што Му е волја да живее, и Иса.66:1,2 ни кажува дека Тој ќе дојде да живее во срцата на луѓето кои Му се покорни на словото. Исус према тоа гради духовен храм за Бог да престојува во него, изграден од вистински верници. Опишувањата за Исус, како камен темелник на Божјиот храм (1Пет.2:4-8) и за христијаните како камења на храмот (1Пет.2:5) сега доаѓаат на место.

3) ПРЕСТОЛОТ

"Јас ќе го утврдам престолот на царството негово (Христово) за секогаш... твојот (Давидов) дом и твоето царство... престолот твој ќе остане за секогаш" (2Цар.7:13,16 ср. Иса.9:6,7). Христовото царство ќе биде према тоа основано на царството Давидово во Израел; тоа значи дека идното Божјо царство ќе биде преуредба на царството израелско, види студија 5.3 за повеќе од ова. Да се исполни тоа ветување, Христос мора да владее на ‘престолот’ Давидов, или место на владеење. Тоа беше дословно во Ерусалим. Ова е уште еден доказ дека царството мора да биде уредено овде на земјата, за да се исполнат тие ветувања.

4) ЦАРСТВОТО

"Твојот дом и твоето царство ќе бидат воспоставени за секогаш пред тебе" (2Цар.7:16 евр. текст) сугерира дека Давид би сведочел на уредувањето на Христовото вечно царство. Ова беше према тоа индиректно ветување дека тој би бил воскреснат при враќањето Христово, па ќе може да го види со сопствени очи уредувањето на царството ширум светот, со Исус како владее од Ерусалим.

Овие нешта кои беа ветени на Давид се апсолутно важни да се сфатат, Давид радосно говореше за овие работи како за "завет вечен... сето мое спасение и сета моја желба" (2Цар.23:5). Овие работи се поврзани и со нашето спасение исто; да се радуваме во нив би требало, исто така да е сета наша желба, И така повторно е посочено дека овие учења се важни. Трагично е што христијанството научува учења кои се рамно спротивни на овие чудесни вистини:-

-Ако Исус физички ‘постоеше’ како особа пред да се роди, тогаш тоа ги прави бесмислени ветувањата дека Исус би бил Давидово ‘семе’, или потомок.

-Доколку Божјото царство би било на небо, тогаш Исус не може да го преуреди Давидовото израелско царство, ниту ќе може да владее од ‘престолот’ Давидов или место на владеење. Овие нешта, беа дословно на земјата, па така нивната преуредба мора да биде на истото место.

ИСПОЛНУВАЊЕТО ВО СОЛОМОН?

Давидовиот дословен син, Соломон, исполна некои делови од ветувањата до Давид. Тој изгради дословно храм за Бога (3Цар.5-8), и имаше многу напредно царство. Народи од секаде праќаа претставници да му оддадат почит на Соломон (3Цар.10), и имаше голем духовен благослов од употребата на храмот. Соломоновото владеење така посочи напред кон многу поголемото исполнување на ветувањата до Давид кои ќе бидат видени во царството Христово.

Некои тврдеа дека ветувањата до Давид биле целосно исполнети во Соломон, но тоа не е дозволено од следново:-

-Многу новозаветни докази покажуваат дека ‘семето’ беше Христос, не Соломон.

-Давид изгледа ги поврза ветувањата што му ге даде Бог со оние на Авраама (1Лет.17:27 = Бит.22:17,18).

-Царството од ‘семето’ требаше да е вечно, што од Соломон не беше.

-Давид увиде дека ветувањата се однесуваа на вечен живот, што не допушташе никакви препораки до неговото непосредно семејство: "Иако мојот дом не е толку со Бога; сепак Тој направи со мене завет вечен" (2Цар.23:5 евр. текст).

-Семето Давидиво е Месија, Спасителот од грев (Иса.9:6,7; 22:22; Јер.33:5,6,15; Јв.7:42). Но Соломон подоцна се одврати од Бога (3Цар.11:1-13; Неемија 13:26) поради своите бракови со оние надвор од надежта на Израел.


  Back
Home
Next