Основи наБиблијата
Студија 3: Божјите ветувања
Вовед | Ветувањето во Едем | Ветувањето до Ное | Ветувањето до Авраам | Ветувањето до Давид | Цигресии (Пропаста на небесата и земјата, Тврдењата на ‘Британскиот Израелизам’) | Прашања

3.3 Ветувањето до Ное

Како што човечката историја напредуваше по времето на Адам и Ева, човекот дојде до зголемена расипаност. Работите стигнаа до стадиум кога цивилизацијата беше толку морално очајна, што Бог одлучи да го уништи тој систем на работи, со исклучок на Ное и неговото семејство (Бит.6:5-8). Му беше речено да направи ковчег во кој тој и претставници од сите животни би живееле за времетраењето на уништувањето на светот со потоп. Патем кажано, има обилна научна причина да се верува дека овој огромен потоп дословно настанал, покрај јасните прикази во Писмото! Забележи дека земјата (т.е оваа планета дословно) не беше уништена, само расипаната човечка постава, што беше врз неа: "Тогаш го изгуби животот секоја плот, што се движеше по земјата" (Бит.7:21). Исус (Мт.24:37) и Петар (2Пет.3:6-12) двајцата видоа дека пресудата врз светот на Ное има сличности со тоа што ќе настане при II Христово враќање. Така очајната расипаност на човекот во времето на Ное е споредена со нашиов сегашен свет, кој ќе биде казнет при враќањето Христово.

Заради големата грешност човечка и програмата на самоуништување што се натовари врз планетава, појавено е верување, дури и меѓу христијаните, дека оваа планета ќе биде уништена. Оваа идеја јасно покажува целосен недостиг на разбирање на основната библиска порака, дека Бог Е активно загрижен со аферите на оваа планета, и дека наскоро Исус Христос ќе се врати да го воспостави Божјото царство на земјатава. Ако на човекот му се дозволи да ја уништи планетава, тогаш овие ветувања едноставно не можат да се одржат. Значителен доказ дека Божјото царство ќе биде на земјава, се наоѓа во студија 4.7 и 5. Во меѓувреме, следново треба да е достатен доказ дека земјава и соларниов систем нема да бидат уништени:-

-"Земјата ја утврди засекогаш" (Пс.77:69)

-"Земјата си постои секогаш" (Проп.1:4).

-"Сонце и месечино... ѕвезди... небеса... ги постави засекогаш и за вечни времиња; даде наредби кои нема да се нарушат" (Пс.148:3,6).

-"Земјата ќе биде полна со познавање на Господа, како што водите го полнат морето" (Иса.11:9; Бро.14:2)- тешко, ако Бог дозволи земјата да се уништи. Ова ветување се уште не е исполнето.

-"Он, Бог, Кој и даде облик на земјата и Кој ја создаде; Он ја зацврсти, не ненадејно (залудно) ја создаде; Он ја создаде за живеење" (Иса. 45:18). Ако Бог ја создаде земјата само да ја види уништена, тогаш Неговата работа беше залудна.

Но веднаш назад во Битие Бог го вети сето тоа на Ное. Како што почна да живее наново во новиот свет создаден од потопот, можеби стравуваше Ное дека би имало и друго целосно уништување. Кога и да почнело да врне по потопот, таа мисла мора да му паѓала на памет. Така Бог направи завет (серија на ветувања) дека тоа никогаш повторно нема да се случи:-

"А Јас, еве, го поставувам заветот Мој со вас и со вашето потомство по вас (забележи го истакнувањето на ‘Јас’-чудото, за Бога кој се одлучил да прави ветувања на смртен човек!), дека отсега нема веќе ниедна плот да загине од потоп и дека повеќе не ќе има потоп да ја запустува земјата!" (Бит.9:9-12).

Овој завет беше потврден со виножитото:-

"Па кога облак ќе навеам на земјата, ќе се види божилакот во облакот, и ќе си спомнам за заветот Мој, кој е меѓу Мене и вас... за вечниот завет меѓу Бога и меѓу секоја душа, што живее во секоја плот, која е на земјата... (виножитото) нека е знакот на заветот" (Бит.9:13-17).

Бидејќи е вечен завет меѓу Бог и луѓето и животните од земјата, следува дека земјата мора да има луѓе и животни да живеат на неа засекогаш. Ова само по себе е доказ дека Божјото царство ќе биде на земјата а не на небо. Така ветувањето кон Ное е засновањето на евангелието за царството; тоа покажува како Божјото внимание е восредоточено на оваа планета и дека Тој има вечна цел со неа. Дури и во гнев Он помни милост (Авак.3:2) и таква е Неговата љубов што се грижи дури и за Своето животинско создание (1Кор.9:9 ср. Јона 4:11).


  Back
Home
Next