Основи наБиблијата
Студија 3: Божјите ветувања
Вовед | Ветувањето во Едем | Ветувањето до Ное | Ветувањето до Авраам | Ветувањето до Давид | Цигресии (Пропаста на небесата и земјата, Тврдењата на ‘Британскиот Израелизам’) | Прашања

Осврт 9: Пропаста на небесата и земјата
(Отк.21:1; 2Пет.3:6-12).

Божја намера е да го воспостави Своето царство овде на земјата (види студија 5), непоимливо е дека Тој би ја уништил буквално оваа планета, и студија 3.3 покажа дека Тој има постојано ветувано дека нема да стори такво нешто. Горните препораки за уништувањето на небесата и земјата, према тоа мора да се земаат фигуративно.

Пасусот од Петар ги покажува сличностите помеѓу пресудите на земјата во времето на Ное и она што ќе се случи во "денот Господов" во иднина, "тогашниот свет загина потопен од вода. А сегашните небеса и земјата...се чуваат за оган во денот на судот" (2Пет.3:6,7).

Петар посочува еден контраст помеѓу водата која беше застапник на уништувањето во времето на Ное, и огнот кој ќе се употреби во второто доаѓање. "Небесата и земјата" во времето на Ное не беа буквално уништени, "секоја плот", што беше грешна беше уништена (Бит.7:21 ср. 6:5,12). Према тоа 'небесата и земјата' говори за еден систем на работи или за човечка организација. Оние кои погрешно го разбираат овој пасус се склони да не го забележуваат уништувањето на 'небесата' за кое се говори исто. Ова не може да се земе буквално, таа е Божјо место на живеење (Пс.122:1), каде што нема никаква грешност (Авак.1:13; Пс.64:4), и која ја објавува Божјата слава (Пс.18:1). Ако таа е фигуративна, и ‘земјата’ исто така мора да е фигуративна.

Наредниве пасуси покажуваат како 'небесата и земјата' во други делови на Библијата не се земени дословно, но се однесуваат прилично, на еден систем на нешта на земјата:

-"Ја гледам земјата- и ете, таа е разорана и пуста, - небесата, и нема на нив светлина... Зашто вака рече Господ:- целата земја (на Израел) ќе биде опустошена... ќе заплаче земјата поради тоа, и небесата ќе се затемнат" (Јер.4:23-28). Ова е пророштво за судењата што ќе дојдат врз 'небесата и земјата' за земјата и народот на Израел, за што тие (не дословно небесата и земјата) ќе оплакуваат.

-Мојсеј порано се обрати до сиот Израел: "Внимавај, небо, јас ќе говорам; и нека ги слуша земјата зборовите од устата моја" (5Мој.32:1). Е истакнато дека имаше две групи на народ до кои говореше: 1)"Началници на племињата" и 2)"целото израилско собрание" (5Мој.28:30). Началниците би биле тогаш еднакви со 'небото' и обичниот народ со 'земјата'.

-Исаија го почна своето пророштво во сличен стил: "Чујте, небеса, и слушај, земјо... Чујте го словото Господово, кнезови... вслушај се во законот на нашиот- Бог, народе" (Иса.1:2,10). Повторно имаме паралела помеѓу небесата и владарите; и помеѓу земјата и народот.

-"Он ќе ги повика небото и земјата, за да му суди на Својот народ" на Израел (Пс.49:4) ). Тоа говори само за себе.

-"ќе ги стресам сите народи... ќе го затресам небото и земјата" (Агеј 2:7,21) ова исто така.

-"Зашто мечот Мој се опи на небото: ете, за суд слегува тој над Едом... Мечот Господов ќе се насити со крв... зашто Господ има... голем колеж во земјата Едомска" (Иса.34:5,6). 'Небото' е овде изедначено со Едом; претходното пророштво дека "сета небесна војска... ќе падне" (Иса.34:4) према тоа се однесува на разурнувањето на Едом.

-Небесата и земјата спомнати како разурнати во Иса.13 се однесува на народот вавилонски. Во серија на изјави за Вавилон читаме "ќе го затресам небото, земјата ќе се помести од местото свое... секој како подгонета срна и како напуштени овци ќе се обрне кон народот свој, секој ќе избега во земјата своја" (Иса.13:13,14). Бегањето од небесата и земјата е паралелно со она на луѓето. Евр.9:26 говори за "крајот на светот" како да настанува во 1 век н.е., во смисла дека еврејскиот свет завршуваше тогаш.

Со сето тоа при памет, за очекување е дека препораките од Новиот завет за едно ново небо и нова земја по враќањето Христово, се однесуваат на новиот систем на работи, кои ќе бидат видени кога царството Божјо ќе биде уредено.

Поблиското проучување на 2Пет.3 го потврдува тоа. Опишувајќи како сегашните 'небеса и земја' ќе завршат, стих 13 продолжува: "Но ние, според Неговото ветување, очекуваме ново небо и нова земја, на кои ќе настани правда". Ова го цитира Божјото ветување од Иса.65:17: "Оти, ете, Јас создавам ново небо и нова земја". Останатото од Иса.65 продолжува со опис на новиот поредок на нештата кои ќе се во совршената состојба овде на земјата:

"ете, Јас ќе го создадам Ерусалим за веселба... Нема да градат, за да живее друг... стогодишникот умира како момче (т.е. животниот распон ќе биде зголемен)... Волк и јагне ќе пасат заедно" (Иса.65:18-25).

Овие благослови се јасно применливи на Божјото идно царство на земјата, новото 'небо и земја' што ќе ја заменат сегашнава бедна постава.


  Back
Home
Next