Основи наБиблијата
Студија 3: Божјите ветувања
Вовед | Ветувањето во Едем | Ветувањето до Ное | Ветувањето до Авраам | Ветувањето до Давид | Цигресии (Пропаста на небесата и земјата, Тврдењата на ‘Британскиот Израелизам’) | Прашања

3.1 Божјите ветувања: вовед

Кај оваа точка во нашите студии, достигнавме широко разбирање за тоа кој е Бог и како Тој дејствува. При тоа разјаснавме бројни вообичаени недоразбирања околу овие работи. Сега сакаме да погледаме попозитивно на нештата што Бог ги "ветил на оние, кои Го сакаат" (Јак.1:12; 2:5) со пазење на Неговите заповеди (Јв.14:15).

Божјите ветувања во Стариот завет се она што ја сочинуваат вистинската христијанска надеж. Судејќи му се за неговиот живот, Павле говореше за идната награда за која беше подготвен да изгуби се: "Сега стојам пред суд поради надежта во ветувањето дадено од Бога на татковците наши... за таа надеж... ме обвинуваат" (Дела 26:6,7). Тој проведе многу од својот живот проповедајќи "дека ветувањето, дадено на нашите татковци, Бог го исполни... откако Го воскресна Исуса" (Дела 13:32, 33). Павле објасна дека верувањето во тие ветувања дава надеж на воскреснување од мртвите (Дела 26:6- 8 ср. 23:8), едно знаење за второто доаѓање на Исус во суд и за доаѓањето на царството Божјо (Дела 24:25; 28:20,31).

Сето ова го потопува митот дека Стариот завет е само историја на скитање на Израел кој не говори за вечен живот. Бог одеднаш не реши пред 2000 години дека ќе ни понуди вечен живот преку Исус. Таа намера беше со Него од почетокот:

"Со надеж за вечен живот, што го вети вечниот Бог, Кој не лаже- пред вечни времиња, и во свое време го јави словото Свое преку проповедта" (Тит 1:2,3).

"За вечниот живот кој беше во Отецот и нам ни се јави" (1Јв.1:2).

Бидејќи Божјата намера за давање вечен живот на Својот народ беше со Него од почеток, не приликува дека Тој би останал во молк, за тоа, во време од 4000 години на Своето справување со луѓето запишано во Стариот завет. Всушност Стариот завет е полн со пророштва и ветувања а со кои, поединечно дава повеќе детали за таа надеж, што Бог припремил за Својот народ. Затоа, разбирањето на Божјите ветувања до еврејските татковци е важно за нашето спасение: толку многу што Павле ги потсети верниците во Ефес дека пред да ги дознаат тие работи, биле "без Христа, отстранети од општеството на Израилот, без право на учество во заветите на ветеното, без надеж и безбожници во светот" (Еф.2:12), иако несомнено помислиле дека претходните пагански верувања им дале некаква надеж и знаење за Бога. Но тоа е сериозноста од непознавањето на ветувањата Божји од Стариот завет, навистина "без надеж и безбожници во светот". Припомнете како Павле ја опиша христијанската надеж како "надежта во ветувањето дадено од Бога на татковците наши" (Дела 26:6).

Жалосен е фактот дека малку цркви ги истакнуваат тие места во Стариот завет, а кои би требало. Христијанството се дегенерира во новозаветно основана религија, иако дури и тогаш употребувајќи неколку стихови од тоа. Исус јасно го истакна точно обратното:

"Штом Мојсеја (т.е. првите пет книги од Библијата кои што ги напиша) и пророците не ги слушаат, тогаш и да воскресне некој од мртвите, тие нема да му поверуваат" (Лк.16:31).

Природниот ум може да помисли дека верувањето во воскресението Исусово е доволно (ср. Лк.16:30), но Исус рече дека без солидно разбирање на Стариот завет, тоа не е сосема можно.

Колапсот на верата кај учениците по распетието беше проследено од Исус како заради недостиг на грижливо внимание кон Стариот завет:-

"Тогаш им рече: О, безумни и тврди по срце, да верувате (правилно) во се што рекле пророците! Не требаше ли така да пострада Христос и да влезе во Својата слава? Па како почна од Мојсеја и од сите пророци, им зборуваше што е кажано за Него во целото Писмо" (Лк.24:25-27).

Забележи го неговото истакнување дека целиот Стар завет говори за него. Не беше дека учениците никогаш не ги читале или слушале зборовите од Стариот завет, туку дека несоодветно ги разбрале па према тоа ниту можеле вистински да им веруваат. Значи точното разбирање на Божјото Слово, а не само читање, е неопходно за развивање вистинска вера. Евреите фанатично го читаа Стариот завет (Дела 15:21), но бидејќи не ги разбираа препораките на нештата за Исус и евангелието, тие ниту вистински верувале во тоа, па така Исус им рече:-

"ако бевте му верувале на Мојсеја, и Мене ќе Ми поверувавте, зашто тој пишуваше за Мене. Ако, пак, на неговите напишани работи не поверувавте, како тогаш ќе им поверувате на Моите зборови?" (Јв.5:46,47).

Во пркос сето библиско читање, тие едноставно не ја гледаа вистинската порака за Исус, иако тие сакаа да мислат дека се осигурани на спасение. Исус мораше да им каже:-

"Прегледајте го Писмото (т.е. исправно- ср. Дела 17:11), зашто вие мислите дека преку него ќе имате живот вечен; и тоа сведочи за Мене" (Јв.5:39).

Па така може да биде и со многумина кои имаат вонредно знаење за некои од настаните и учења на Стариот завет: тоа е само знаење што го собрале случајно. Прекрасната порака на Исус и евангелието за Божјото царство се уште им одбегнува. Целта на оваа студија е да ве извлече од таа положба со изложување на вистинската смисла на главните ветувања од Стариот завет:

- Во градината на Едем

- До Ное

- До Авраам

- До Давид

Информациите за нив се наоѓаат во првите пет книги на Библијата (Битие-1Мој) кои беа напишани од Мојсеј, и во старозаветните пророци. Сите елементи на христијанското евангелие се основани таму. Павле објасна дека неговата проповед за тоа евангелие говори "само за она, што беа го зборувале Пророците и Мојсеј, дека ќе стане: дека Христос ќе пострада и, откако, прв ќе воскресне од мртвите, на народот и на незнабожците ќе им проповеда светлина" (Дела 26:22,23), и во неговите последни денови песната остана иста: Павле "од утрото до вечерта со докази им го изложуваше учењето за царството Божјо и ги уверуваше за Исуса и од Законот Мојсеев и од Пророците" (Дела 28:23).

Надежта на Павле, тој врвен христијанин, треба да е надежта која и нас ќе не мотивира; како да беше тоа величенствено светло на крајот од тунелот на неговиот живот, така треба да биде за секој сериозен христијанин. Поттикнати со таа мотивација, сега можеме "да го пребаруваме Писмото".


  Back
Home
Next