Основи наБиблијата
Студија 3: Божјите ветувања
Вовед | Ветувањето во Едем | Ветувањето до Ное | Ветувањето до Авраам | Ветувањето до Давид | Цигресии (Пропаста на небесата и земјата, Тврдењата на ‘Британскиот Израелизам’) | Прашања

3.4 Ветувањето до Авраам

Евангелието кое го учеа Исус и апостолите не беше различно во основа од она што беше разбрано од Авраам. Бог преку Писмото "Однапред му благовести на Авраама" (Гал.3:8). Значењето на тие ветувања толку е важно што Петар ги почнуваше и завршуваше своите јавни објавувања за евангелието со препораката на нив (Дела 3:13,25). Ако ние разбереме што беше учено на Авраам, тогаш ќе имаме многу темелна слика за христијанското евангелие. Има и други показатели дека ‘благовестието’ не е нешто што тек почнало во времето на Исус:-

-"сега ви соопштуваме (благовестуваме- евангелие), дека ветувањето, дадено на нашите татковци (Евреи), Бог го исполни" (Дела 13:32,33).

-"Благовестието Божјо кое Он уште порано го беше ветил преку светите пророци (пр. Авраам- Бит.20:7), во светите Писма" (Рим.1:1,2).

-"Оти и на мртвите им беше проповедано Евангелието" (1Пет.4:6)-т.е. верниците кои живееја и умреа пред 1 век.

-"Оти и нам ни се соопшти, како и ним" (Евр.4:2)-т.е. Израелот во пустината.

Ветувањата кон Авраам имаат две основни теми:

1) работи за семето Авраамово (посебниот потомок) и

2) работи за земјата која беше ветена на Авраам.

Овие ветувања се коментирани во Новиот завет, и држејќи се на нашето правило да ја оставаме Библијата сама да се објасни, ќе ги составиме учењата од двата завета, да дадат целосна слика за заветот направен со Авраам.

Авраам потекнуваше од Ур, напреден град во денешен Ирак. Денешната археологија го открива високото ниво на цивилизација што била достигната во времето на Авраам. Имало банкарски систем, граѓанска служба и поврзана инфраструктура. Незапознат со друго, Авраам живееше во овој град; колку што знаеме, човек од светот. Но тогаш необичниот повик Божји дојде до него- да го напушти тој софистициран живот и се натовари на едно патување кон една ветена земја. Точно каде, и точно што, не беше целосно јасно. Сето речено, произлезе во 1500 милји патување. Земјата беше Ханан, денешен Израел.

Повремено за време на неговиот живот, Бог му се појавуваше на Авраам и повторуваше и ги прошируваше ветувањата на него. Тие ветувања се темелите на Христовото евангелие, а како вистински христијани истиот повик доаѓа и до нас, како што дојде до Авраам, да ги остави краткотрајните работи од овој живот, и оди напред во живот на вера да ги прифати Божјите ветувања со лична проценка, да живее по Неговото Слово. Многу добро можеме да замислиме како Авраам промислуваше околу ветувањата, за време на своето патување.

"Со вера Авраам, бидејќи повикан, послуша да појде до местото (Ханан), што сакаше да го добие во наследство, и тргна (од Ур), незнаејќи каде оди" (Евр.11:8).

Кога прв пат размислуваме за Божјите ветувања, и ние чувствуваме дека не знаеме точно каква би била ветената земја од Божјото царство. Но нашата вера во Божјото Слово треба да е таква да и ние со копнеж послушаме.

Авраам не беше никаков скитнички номад, па немаше ништо подобро да прави него да ја испроба приликата врз овие ветувања. Тој потекнуваше од средина која во основни термини, има доста сличности со нашата сопствена. Комплексот, агонијата при одлуките со кои се соочи биле слични со оние со кои би се соочиле и ние при размислувањето да прифатиме и делуваме по Божјите ветувања, чудните погледи од колегите на работа, потајниот поглед во окото на соседите ('тој има религија!')... тие нешта му биле познати на Авраам. Мотивацијата што му беше потребна на Авраам за да го преброди тоа, мора да била мошне јака. Единственото нешто што ја обезбеди таа мотивација низ годините на неговото долго патување беше зборот на ветеното. Тој морал да ги памети тие зборови и дневно медитирал околу тоа што точно значат за него.

Со покажување слична вера и делување по неа, ние можеме да се здобиеме со истата чест како и Авраам, да се наречеме пријатели Божји (Иса.41:8), да ја најдеме науката Божја (Бит.18:17) и да имаме сигурна надеж за вечниот живот во царството. Повторно истакнуваме дека евангелието Христово е темелено на овие ветувања до Авраам. Без нив нашата вера не е вера. Со нестрпливи очи, би требало да ги читаме и повторно да ги читаме дијалозите помеѓу Бога и Авраама.

ЗЕМЈАТА

1) "Излези од земјата своја... во земјата што ќе ти ја покажам Јас" (Бит.12:1).

2) Авраам "отиде, од каде што појде...се до Ветил (централен Израел); му рече Бог на Авраама... Крени ги сега очите свои, па погледни од местото, каде што си, на север и на југ, на исток и на запад, зашто целата земја, што ја гледаш, ќе ти ја дадам тебе и на потомството твое довека... изоди ја оваа земја... зашто ќе ти ја дадам тебе" (Бит.13:3, 14-17).

3) "Господ направи завет со Авраама, велејќи, На потомството твое му ја давам оваа земја од реката во Египет до големата река Еуфрат" (Бит.15:18).

4) "И ќе ти ја дадам тебе и на потомството твое по тебе земјата, во која си придојден, целата земја Хананска во вечно владеење" (Бит.17:8).

5) "Ветувањето кон Авраама... да биде наследник на светот" (Рим.4:13).

Овде гледаме напредно откривање до Авраама:-

1) 'Има една земја во која сакам ти да одиш'.

2) 'Ти сега пристигна во таа област. Ти и твоите деца ќе живеете овде засекогаш'. Забележи како ова ветување за вечен живот е запишано без гламур или истакнување; човечки автор несомнено би го осветлил.

3) Областа од ветената земја беше поодредено дефинирана.

4) Авраам не беше за да очекува да го прими ветувањето во овој живот тој ќе беше ‘придојден’ во земјата, иако потоа тој ќе живее тука засекогаш. Импликацијата на ова е дека тој би умрел и потоа би бил воскреснат како би му се овозможило да го прими тоа ветување.

5) Павле, под вдахновение, очевидно го сфати значењето, на ветувањата до Авраам, како негово наследување на целата земја.

Писмото излегува од својот ред, да не потсети дека Авраам не го прими исполнувањето на ветувањата за време на својот живот:-

"Со вера се пресели (овде се имплицира привремен начин на живот) Авраам во ветената земја, како во туѓа, и се настани под шатори" (Евр.11:9).

Живееше како туѓинец во земјата, можеби со истото скриено чувство на несигурност и неспоредивост, кое го чувствува и еден бегалец. Тешко дека живееше со своето семе во своја земја. Покрај своите потомци, Исак и Јаков, (на кои ветувањата беа повторени), тој умре "со вера, не добивајќи ги ветувањата, а само оддалеку ги видоа и се уверија, и ги поздравија признавајќи дека се гости и придојдени" (Евр.11:13). Забележи ги 4 етапи:

-Познавање на ветувањата- како што правиме преку оваа студија.

-Да сме "уверни во нив, ако требаше процес на уверување со Авраам,

колку ли повеќе со нас?

-Да ги прифатиме со крштевањето во Христа (Гал.3:27-29).

-Признавајќи на светот со нашиот начин на живот дека тој не е наш

вистински дом, и дека живееме во надеж за тоа идно доба на земјата.

Авраам постанува наш голем херој и пример, ако ги почитуваме овие нешта. Крајното препознавање дека исполнувањето на ветувањата лежи во иднината, дојде за уморниот старец кога умре неговата жена; тој всушност мораше да купи дел од ветената земја во која ја погреба (Дела 7:16). Навистина Бог "во неа не му даде наследство ни стапка, но вети дека ќе му ја даде на потомството негово и нему во држење" (Дела 7:5). Сегашното семе Авраамово можеби ја чувствува истата несогласност при купување или најмување имот, на земја која им беше ветена во лично, вечно наследство!

Но Бог ги одржува Своите ветувања. Мора да дојде ден кога Авраам и сите оние на кои се направени тие ветувања ќе бидат наградени. Евр.11:13,39,40 посочува кон ова:-

"Сите тие умреа со вера, не добивајќи ги ветувањата, Бог за нас предвиде нешто подобро, та тие без нас да не постигнат совршенство".

Сите вистински верници, према тоа, ќе бидат наградени истовремено, т.е. при судот во последниот ден (2Тим.4:1,8; Мт.25:31-34; 1Пет.5:4). Следува дека да бидат во постоење за да бидат судени, Авраам и другите кои ги знаеја тие ветувања мора да се воскреснат тек пред судењето. Ако тие не ги примиле сега ветувањата тоа ќе го сторат по своето воскресение и судење при враќањето Христово, нема друга алтернатива него да се прифати дека сличните на Авраам се сега без свест, и го чекаат доаѓањето на Христа; сепак стаклени мозаици во боја во црквите ширум Европа, е познато дека го прикажуваат Авраама сега во рајот, каде ја ужива ветената награда за животот во вера. Илјадници луѓе за стотици години во колона поминале крај тие слики, религиозно прифаќајќи такви идеи. Дали ќе ја имате библиски-основаната храброст да отстапите од колоната?

СЕМЕТО

Како што е објаснато во студија 3.2, ветувањето за семето се однесува првенствено до Исус и второ, до оние кои се "во Христа" и према тоа исто се сметаат за семе Авраамово:-

1) "А од тебе ќе направам голем народ, и ќе те благословам... и преку тебе ќе бидат благословени сите родови на земјата" (Бит.12:2,3).

2) "Ќе го умножам потомството твое да биде колку што е песокта на земјата; ако некој може да ја изброи песокта на земјата, тоа ќе може да го изброи и потомството твое. Зашто целата земја, што ја гледаш, ќе ти ја дадам тебе и на потомството твое довека" (Бит.13:15,16).

3) "Погледни на небото, и изброј ги ѕвездите, ако можеш да ги изброиш... Толкаво ќе биде потомството твое... На потомството твое му ја давам оваа земја" (Битие 15:5,18).

4) "И ќе... ја дадам... на потомството твое по тебе... целата земја Хананска во вечно владеење; и ќе им бидам нивни Бог" (Бит.17:8).

5) "И потомството твое ќе го умножам и преумножам како ѕвездите на небото и како песокта на морскиот брег! А потомците твои ќе ги завладеат градовите на непријателите свои. И ќе бидат благословени преку потомството твое сите народи на земјата" (Бит.22:17,18).

Авраамовото разбирање за ‘семето’ пак беше напредно проширено:-

1) Прво му беше речено само, дека некако ќе има необичен број на потомци, и дека преку неговото ‘семе’ целата земја ќе биде благословена.

2) Подоцна му беше речено дека ќе има семе кое ќе дојде да содржи многу луѓе. Овие луѓе би имале вечен живот, покрај него, во земјата во која пристигна, т.е. хананска.

3) Му беше речено дека неговото семе ќе биде толку колку ѕвездите на небо. Ова можеби му сугерираше дека ќе има многу духовни потомци (ѕвезди на небо) како и многу природни (песокот на земјата).

4) Претходните ветувања беа подвлечени со дополнителното уверение дека многуте луѓе кои би постанале дел од семето, би имале личен однос со Бога.

5) Семето би извојувало победа против своите непријатели.

Забележи дека семето би донело ‘благослови’ на располагање до луѓето ширум целата земја. Во Библијата идејата за благослов е често поврзана со проштевање на гревови. Најпосле, тоа е најголемиот благослов, што еден Божји љубител некогаш би посакал. Така читаме работи како "Блажени се оние чии беззаконија им се простени" (Пс.31:1); "Чашата на благословот" (1Кор.10:16), опишувајќи ја чашата со вино што ја претставува Христовата крв, преку која проштевањето е можно.

Единствениот потомок Авраамов кој донесе проштевање на гревовите во светов е, се разбира Исус, и коментарите во Новиот завет за ветувањата до Авраама обезбедуваат солидна поткрепа:-

"Не е речено (од Бога): 'и на семињата', како за мнозина, а за еден: 'и на семето твое', кое е Христос" (Гал.3:16).

"...заветот, што Бог им го беше ветил на вашите татковци, велејќи му на Авраама: 'И во потомството твое ќе бидат благословени сите народи на земјата'. Бог, откако Го воздигна Својот Син Исуса, најнапред вам ви Го прати, за да ве благослови, та секој од вас да се одврати од своите злобни работи" (Дела 3:25,26).

Забележи овде како Петар го цитира и толкува Битие 22:18:-

Семето = Исус

Благословот = проштевање гревови.

Ветувањето дека Исус, семето, би имал победа врз неговите непријатели сега се вклопува попрецизно во место, ако се чита со препорака на неговата победа врз гревот, најголемиот непријател на Божјиот народ, и према тоа исто и на Исус.

ПРИДРУЖУВАЊЕ КОН СЕМЕТО

До сега треба да е јасно дека основните елементи од христијанското евангелие беа разбрани од Авраама. Но овие важни ветувања беа до Авраам и неговото семе Исус. Што со другите? Дури ни физичкото потекло од Авраам не би го направило некого автоматски дел од тоа одредено семе (Јв.8:39; Рим.9:7). Некако ние треба да постанеме интимен дел од Исус, за да споделуваме во ветувањата до семето. Тоа е со крштевањето во Исус (Рим.6:3-5); често читаме за крштевањето во неговото име (Дела 2:38; 8:16; 10:48; 19:5). Гал.3:27-29 не можеше да посочи појасно:

"Сите (само сите!), што се крстивте во Христа, во Христа се облековте. Нема веќе ни Јудејци, ни Елини (неЕвреи), ни роб ни слободен; нема машки пол, ни женски; зашто сите вие сте едно во Христа Исуса (со крштевање). А, ако сте, пак, вие Христови (со крштевањето во него), тогаш сте Авраамово семе, и по ветување наследници"

-Ветувањето за вечен живот на земјата, преку примањето ‘благослов’ на проштевање преку Исуса. А тоа е со крштевањето во Исус, семето, за да ги поделиме ветувањата до него; така Рим.8:17 (грч. текст) не нарекува здружени "сонаследници со Христа".

Запомни дека благословот требаше да дојде врз луѓе од сите страни на светот, преку семето; а семето требаше да постане световно пространа група на луѓе, како песокта на морскиот брег и ѕвездите на небото. Следува дека ова се должи на нивното прво примање на благословот, како би постанале семето. Така семето (еднина) "ќе Му служи и ќе се нарече Господово до века" (Пс.21:30). Можеме да ги сумираме двата страка од ветувањата дадени на Авраам:

1) ЗЕМЈАТА

Авраам и неговото семе, Исус, и оние во него ќе ја наследат земјата хананска и проширувањето на целата земја, ќе живеат таму за секогаш. Во овој живот тие нема да ја примат, туку во последниот ден, кога Исус ќе се врати.

2) СЕМЕТО

Ова беше првенствено Исус. Преку него, гревовите (‘непријателите’) на човечкиот род ќе бидат совладани, така да благословите за проштевањето би биле достапни ширум светот.

Со крштевањето во името на Исусово постануваме дел од семето.

Овие две исти врски се појавуваат во новозаветното проповедање, и што не е за изненадување, е често запишано дека штом луѓето го слушнаа нивното учење, беа потоа крстени. Тоа беше и е, начинот преку кој овие ветувања можат да важат за нас. Сега можеме да сфатиме зошто, како старец соочен со смртта, Павле ја опиша нивната надеж како "надеждта на Израилот" (Дела (28:20): вистинската христијанска надеж е изворната еврејска надеж. Христовиот коментар дека "спасението е од Јудејците" (Јв.4:22) мора да се однесува исто и за потребата да постанеме духовни Евреи, па така да ползуваме од ветувањата за спасение преку Христа, кои беа дадени на еврејските татковци.

Ние читаме дека раните христијани проповедале за:

1) "Евангелието за царството Божјо и

2) за името на Исуса Христа" (Дела 8:12).

Овие беа двете суштествени работи објаснати на Авраам под малку различни наслови:

1) Ветувања за земјата и

2) Ветувања за семето.

Патем забележи дека ‘Евангелието’ (множина (‘нештата’ грч. текст)) за царството Божјо се сумирани како "благовестување за Христа" (Дела 8:5 ср. v.12). Премногу често тоа е земено со значење "Исус ве љуби! Само кажи дека веруваш оти умре за тебе и ќе си спасен!" Но фразата "Христос" јасно го сумира учењето на одреден број работи за него и неговото идно царство. Благовестието за тоа царство што беше проповедано на Авраама играше голема улога во раното проповедање на евангелието.

Во Коринт, Павле "преку три месеци ги уверуваше за царството Божјо" (Дела 19:8); во Ефес одеше наоколу и го проповедаше "царството Божјо" (Дела 20:25), и неговата лебедова- песна во Рим беше иста, "со докази им го изложуваше учењето за царството Божјо и ги уверуваше за Исуса и од Законот... и од Пророците" (Дела 28:23,31). Дека имаше толку многу за говорење околу тоа покажува дека основната порака на евангелието за царството и Исус не беше тек предмет на велење: "Верувај во Исус". Божјото откровение на Авраам беше многу подробно од тоа, и нештата ветени нему, се основата на вистинското христијанско евангелие.

Ние покажавме дека крштевањето во Исус не прави дел од семето, и према тоа овозможува наследство на ветувањата (Гал.3:27-29), но самото крштевање не е доволно да ни го заработи ветеното спасение. Ние мора да останеме во семето, во Христа, за да ги примиме ветувањата направени до семето. Крштевањето е према тоа тек почеток; ние тогаш влегуваме во трка која треба да ја трчаме. Не заборави дека да се биде само технички Авраамово семе, не значи дека сме прифатливи за Бога. Израелците се Авраамово семе на некој начин, но тоа не значи дека можат да бидат спасени без крштевање и без прилагодување на своите животи на Христа и на примерот Авраамов (Рим.9:7,8; 4:13,14). Исус им рече на Евреите: "Знам дека сте семе Авраамово, но сакате да Ме убиете... Ако бевте чеда Авраамови, ќе ги вршевте делата Авраамови" (Јв.8:37,39), а тоа беше да се живее живот на вера во Бога и Христа, ветеното семе (Јв.6:29).

"Семето" мора да ги има особините на својот предок. Ако ние би биле вистинското семе Авраамово, мораме према тоа, не само да бидеме крстени, туку и да имаме стварна вера во Божјите ветувања, исто како што имаше и тој. Тој е затоа наречен "татко на сите што веруваат... кои исто врват по стапките на верата од нашиот татко Авраам, кој ја имаше" (Рим.4:11,12). "Знајте пак, (т.е. примите при срце!) дека оние, што се потпираат на верата, се синови Авраамови" (Гал.3:7).

Вистинската вера мора да се покаже во некој вид дело, иначе, пред Бога, не е вера (Јак.2:17). Ние го покажуваме нашето верување во тие ветувања кои ги проучивме со прво, да се биде крстен, па да можат тие да се однесуваат и на нас (Гал.3:27-19). Па дали навистина се верува во Божјите ветувања? Тоа треба постојано да се прашуваме целиот наш живот.

СТАРИОТ И НОВИОТ ЗАВЕТ

Досега треба да е јасно дека ветувањата до Авраам се сумирани во евангелието Христово. Другата главна постава на ветувања што ги направи Бог беа со Евреите во контекст на законот Мојсеев. Овој изјавуваше дека, ако Евреите беа послушни на овој закон, дека ќе бидат физички благословени во овој живот (5Мој.28). Немаше никакво директно ветување за вечен живот во оваа серија на ветувања, или ‘завет’. Па така гледаме дека имало два ‘завета’ кои беа направени:-

1) До Авраама и неговото семе, ветувајќи проштевање и вечен живот во Божјото царство кога Христос ќе се врати. Ова ветување беше исто така дадено во Едем и до Давид.

2) До Евреите во времето на Мојсеј, ветувајќи им мир и радост тогаш ако го извршуваат законот кој Бог му го даде на Мојсеј.

Бог вети на Авраам проштевање и вечен живот во царството, но тоа единствено беше можно преку жртвата на Исус. Затоа ние читаме дека смртта Исусова на крстот го потврди ветувањето до Авраама (Гал.3:17; Рим.15:8; Дан.9:27; 2Кор.1:20), према ова е неговата крв наречена "крвта на новит завет" (Мт.26:28). За да се спомнуваме на ова, ни рече Исус редовно да ја земаме чашата вино, што ја симболизира неговата крв, да не потсети на тоа (види 1Кор.11:25): "Оваа чаша е Новиот Завет во Мојата крв" (Лк.22:20). Нема никаква смисла во "кршењето леб" во спомен на Исус и неговото дело ако не ги разбираме тие работи.

Жртвата на Исус го направи проштевањето и вечниот живот во Божјото царство можно; тој значи ги осигура ветувањата до Авраам; тој беше осигурувањето на еден подобар завет (Евр.7:22). Евр.10:9 говори за Исус како го "премавнува првото (заветот), за да го постави другото". Ова покажува дека кога Исус ги потврди ветувањата до Авраам, го одложи другиот завет, тоа беше заветот даден преку Мојсеј. Стиховите, веќе цитирани, околу Исус потврдувајќи го новиот завет со неговата смрт, имплицираат дека имаше еден стар завет, кој тој го одложи (Евр.8:13).

Тоа значи дека иако заветот кој се однесува за Христа беше прво направен, не дојде до потполно дејство се до неговата смрт, према тоа е наречен ‘нов’. Намената на ‘стариот’ завет даден преку Мојсеј, беше да насочи према делото Исусово, и да ја осветли важноста на верата во ветувањата кои се однесуваа за Христос (Гал.3:19,21). Обратно, верата во христос ја потврдува вистинитоста на законот даден на Мојсеј (Рим.3:31). Павле необично го сумира: "Законот беше за нас воспитувач во Христа, за да се оправдаме преку верата" (Гал.3:24). Заради таа намена беше законот преку Мојсеј, сочуван, и се уште е корисен за нас за проучување.

Овие работи не се лесни за разбирање на прво читање: ние можеме да го сумираме следново:-

Ветувања кои се однесуваат за Христа дадени на Авраам- Нови завет.

Ветувања до Израелот поврзани со законот на Мојсеј- Стари завет.

Смртта Христова. Завршувањето на Стариот завет (Кол.2:14-17). Новиот завет влезе во дејство.

Затоа, нештата како давачки, држењето на саботата и.т.н., кои беа дел од Стариот завет, сега не се потребни- види студија 9.5. Новиот завет ќе биде направен со природниот Израел кога ќе се покајат и го прифатат Христа (Јер.31:31,32; Рим.9:26,27; Јез.16:62; 37:26), иако, се разбира, било кој Евреин, кој ќе го направи тоа и се крсти во Исус, може веднаш да влезе во Новиот завет (каде нема разлика за Евреин/неЕвреин- Гал.3:27-29).

Вистинското разбирање на тие работи не прави да ја сфатиме сигурноста на Божјите ветувања. Скептиците неправедно ги обвинуваа раните христијански проповедници за недавањето позитивна порака. Павле реплицираше велејќи дека, заради Божјото потврдување на Своите ветувања на сметка од смртта на Христа, надежта за која зборуваа не беше допри-и-оди работа, него крајно сигурна понуда: "Бог е сведок дека нашиот збор (на проповед) до вас не беше да и не. Зашто Синот Божји, Исус Христос, Кого Го проповедаме меѓу вас... не беше да и не, туку во Него беше да, бидејќи сите ветувања Божји во Него се да, и во Него амин" (2Кор.1:17-20). Тоа сигурно го минира ставот, "па, претпоставувам дека би можело да има некоја вистина во сето тоа..."?


  Back
Home
Next