Основи наБиблијата
Студија 1: Бог
Постоењето на Бог | Личноста Божја | Божјото Име и карактер | Ангели | Цигресии (Бог е Дух, Употребата на Божјото Име, Божјо објавување) | Прашања

1.1 Постоењето на Бог

"Бидејќи оние, кои доаѓаат при Бога, треба да веруваат оти Он постои и дека ги наградува оние, кои Го бараат" (Евр.11:6). Целта на овие студии е да им помогне на оние кои сакаат да дојдат при Бога, кои прво поверувале дека "Он постои"; затоа нема да се грижиме за докази кои ја потврдуваат вербата во Неговото постоење. Испитувајќи го заплетканиот состав на нашите тела (Пс.138:14), јасниот облик на цветот, гледајќи горе во огромната пространост на ведрата ноќ, и безброј други внимателни одрази на животот сигурно го прават атеизмот невозможен. Верувањето дека нема Бог сигурно бара повеќе вера отколку да се верува дека постои. Без Бога нема никаков ред, причина или крајно објаснување во универзумот, и тоа секако ќе се одрази во животот на атеистот. Имајќи го тоа во предвид, не е ни чудо дека мнозинството луѓе признаваат до некој степен верба во Бога- дури и во општества каде материјализмот е 'бог' кој преовладува во животот на народот.

Но има голема разлика меѓу имањето бледа претстава дека има повисока сила, и всушност да се биде сигурен во она, што Тој нуди за возврат на верно служење. Евр.11:6 го посочува тоа, ние треба да веруваме дека

"Он постои И дека ги наградува оние што Го бараат".

Многу од Библијата е на сметка од историјата за Божјиот народ Израел; повремено се посочува дека нивното прифаќање за Божјото постоење не беше соодветно на нивната вера во Неговите ветувања. Им беше кажано од нивниот голем водач Мојсеј "така, знај сега и вразуми се, дека Господ... е Бог на небото горе и на земјата долу, и нема друг освен Него; и пази ги наредбите Негови и заповедите Негови" (5Мој.4:39,40).

До нас се посочува исто- свесност во нас дека има Бог не значи дека сме автоматски прифатливи за Бога. Ако сериозно се согласиме дека стварно имаме Создател, треба да ги пазиме "заповедите Негови". Намера на оваа серија на студии е да објасни кои се тие заповеди и како да се запазат. Со наше пребарување на Писмото по тоа, ќе откриеме дека нашата вера во Неговото постоење се зајакнува:

"Верата иде од слушање, а слушањето- од словото Божјо" (Рим.10:17). Слично Иса.43:9-12 покажува како разбирањето на Божјите пророштва за иднината не прави да знаеме "Јас сум тој" (Иса.43:13)- т.е. дека Божјото име 'Јас сум Оној кој сум' е совршено вистинско (Исх.3:14). Апостол Павле пристигнал во месноста Бер, сега северна Грција. Како и обично тој го проповедаше евангелието (‘добри вести’- 'благовестие') од Бога; но наместо народот да го прифати само Павловиот збор "го примија словото (од Бога не од Павле) со голема усрдност и секој ден го испитуваа Писмото, дали е тоа така. И мнозина од нив поверуваа" (Дела 17:11,12). Нивното верување се должеше на нивната отвореност редовно (‘секој ден’) и систематски да пребаруваат низ Библијата. Здобивањето вистинска вера значи не се должеше на Бога одеднаш да ги направи да ја имаат со некаков духовен хируршки зафат на срцето несвојствено со словото Божјо. Па како луѓето од светот кои ќе влезат во од Billy Graham крстоносница или пентекостален состанок излегуваат повторно како 'верници'? Колку дневно пребарување на Писмото е внесено во тие случаи? Овој недостиг на вистинска библиски- заснована вера несомнено се должи на празнината која многу вакви ‘преобратеници’ ја откриваат во подоцнежното христијанско искуство, и затоа толку многу се одвраќаат од евангелиското движење.

Целта на овој курс од студии е да даде работна рамка за сопствено ваше систематско пребарување на Писмото, па да исто "така и вие поверувате". Врската помеѓу слушање на вистинското евангелие и имањето вистинска вера е често истакнувана во записот на евангелиското проповедање:

-"Мнозина Коринтјани, слушајќи поверуваа и се покрстија" (Дела 18:8)

-Луѓе "да го чујат словото евангелиско и да поверуваат" (Дела 15:7)

-"така проповедале и вие така поверувавте" (1Кор.15:11)

-‘Семето’ во параболата со сејачот е словото Божјо (Лк.8:11); додека во онаа со синаповото зрно е верата (Лк.17:6), бидејќи верата доаѓа од прифаќање на "словото на верата" (Рим.10:8), "зборовите на верата и на доброто учење" (1Тим.4:6), во една отвореност кон вера во Бога и Неговото слово (Гал.2:2 ср. Евр.4:2)

-Апостол Јован вели за пишаниот запис за животот на нашиот Господ дека "кажува вистина, за да поверувате вие" (Јв.19:35). И така Божјото слово е наречено "вистина" (Јв.17 :17) за да поверуваме.

  Back
Home
Next