Основи наБиблијата Студија 1: Бог Постоењето на Бог | Личноста Божја | Божјото Име и карактер | Ангели | Цигресии (Бог е Дух, Употребата на Божјото Име, Божјо објавување) | Прашања |
1.2 Личноста БожјаТоа е величенствена, славна тема од Библијата дека Бог е откриен за стварна допирлива личност, со телесно постоење. Темелно начело на христијанството е дека Исус е син Божји. Доколку Бог не е телесно суштество, тогаш е невозможно за Него да има син кој беше "обличје на Неговото суштество" (Евр.1:3). Понатаму, станува тешко да се развива личен, животен однос со 'Бога', ако е 'Бог' само поим во нашата свест, сноп од дух некаде во празнината на просторот. Трагично е што повеќето религии ја имаат оваа нестварна, недопирлива концепција за Бога. Бог дека е бескрајно поголем од нас, разбирливо е што кај многу луѓе верата се препречила пред јасните ветувања дека конечно ќе го видиме Бога. Израел ја немаше верата да го види ‘обликот’ Божји (Јв.5:37), јасно покажувајќи дека Тој има вистински облик. Таква вера доаѓа од познавањето на Бога и верувањето во Неговото слово: -"Блажени се чистите по срце, зашто тие ќе Го видат Бога (Мт.5:8). -Божјите "слуги ќе Му служат и ќе Го гледаат лицето Негово, а името Негово (Божјото име- Отк.3:12) ќе им биде на челата нивни" (Отк.22:3,4). Ваква прекрасна надеж, ако навистина веруваме, ќе има темелно практичен учинок врз нашите животи:
"Грижете се да имате мир со сите и светост, без која никој нема да Го види Господа" (Евр.12:14). Ние не треба да се колнеме, зашто "кој се заколне во небото, се колне во престолот Божји и во Оној, што седи на него" (Мт.23:22). Ова е бесмислица ако Бог не е телесно суштество. "Ќе Го видиме каков што е (откриен во Христа). И секој, што ја има таа надеж во Него, се очистува самиот себе, како што е чист Он" (1Јв.3:2,3). Во овој живот нашето разбирање за Небесниот Отец е многу непотполно, но можеме да гледаме напред, низ густиот мрак на овој живот, кон конечната средба со Него. Нашето физичко гледање на Него несомнено ќе биде пропратено од нашето поголемо духовно разбирање за Него. Така од апсолутните длабочини на човечкото страдање, Јов можеше да се радува во целосниот личен однос со Бога кој, потполно ќе го доживее во последниот ден: "Иако после мојата кожа (т.е. смрт) црви го уништат ова тело, сепак во моето тело ќе го видам јас Бога: кого ќе го видам за себе, моите очи ќе го гледаат, а не на друг" (Јов 19:26,27 евр. текст). И апостол Павле извика од еден друг живот на бол и страдање: "Сега гледаме како низ стакло, темно; но тогаш лице во лице" (1Кор.13:12). СТАРОЗАВЕТНИ ДОКАЗИ Овие ветувања од Новиот завет се изградени врз значителен осврт на старозаветни докази за еден суштествен телесен Бог. Не може да се преистакне дека е основно да се сфати природата Божја ако сакаме навистина да разбереме што е тоа библиски темелена религија. Стариот завет постојано говори за Бога како за личност; лице-кон-лице однос со Бога, за кој говори и Стариот и Новиот завет, е единствен, на вистинската христијанска надеж. Следниве силни аргументи се во прилог на еден суштествен, телесен Бог: -"Рече Бог: Да создадеме човек според Нашиот образ и подобие како што сме ние" (Бит.1:26). Така човекот е направен по образот и подобието Божјо, како што е откриен низ ангелите. Јак.3:9 говори за "луѓето, создадени според подобието Божјо". Овие зборови не можат да се применат на човечкиот духовен лик, бидејќи по природа нашиот ум е потполно оддалечен од Бога и на многу начини битно спротивен на Неговата праведност: "Моите мисли не се ваши мисли, ниту вашите патишта се Мои патишта, вели Господ. Но, како што е небото повисоко од земјата, така се и Моите патишта повисоки од вашите патишта, и мислите Мои- повисоко од вашите мисли" (Иса.55:8,9). Према тоа образот и подобието кое што го делиме со Бога мора да е физичкиот лик. Кога и да се ангели пратени на земјата се опишани дека имаат облик на луѓе- пр. Авраам нагости ангели несвесно, мислејќи дека се обични луѓе. Нашето создавање по образот Божји сигурно значи дека можеме да заклучиме нешто за вистинскиот објект од кој сме тек еден образ. Така Бог, кого ние го одразуваме, не е нешто небулозно за кое што не можеме да замислиме. -Самите ангели се еден одраз Божји. Така Бог може да каже за Мојсеј, "Со него Јас ќе говорам уста со уста, и јавно... и сличноста Господова ќе биде видена" (Бро.12:8 евр. текст). Ова се однесува за Мојсеј кој добива инструкции од ангел кој го носи името Господово (Исх.23:20,21). Ако ангелот беше сличен на Господа следува дека Бог е во истиот облик како ангелите- т.е. во човечка физичка појава, иако со бескрајно повисока природа него крв и месо: "Господ зборуваше со Мојсеја лице в лице, како што човек зборува со пријател свој" (Исх.33:11; 5Мој.34:10). Господ беше објавен во Својот ангел чие лице и уста ги одразуваа оние на Самиот Бог. -"Он го знае нашиот состав (Пс.102:14); Тој посакува да размислуваме за Него како за суштествена особа. Тоа би ги објаснало многуте препораки на Божјите дланки, раце, очи и.т.н. Ако Бог беше еден животен сноп некаде на небото, што треба да биде нашето поимање за Бога ако отфрлиме дека е суштествен, тогаш овие препораки погрешно не водат и не служат на никаква намена за учење. -Описите за Божјото место на живеење јасно покажуваат дека ‘Бог’ има лична локација: "Бог е на небото" (Проп.5:1); "се јави од светата Своја височина, Господ од небесата погледна на земјата" (Пс.101:19); "чуј од небото, од местото на Твоето живеалиште" (3Цар.8:39). Сепак поодредено од ова, ние читаме дека Бог има "престол" (2Лет.9:8; Пс.10:4; Иса.6:1; 66:1). Ваков јазик е тешко да се примени на неодредена суштественост која постои некаде во небесното подрачје. За Бога се говори дека се ‘симнува’ кога Се објавува. Тоа ја сугерира Божјата небесна локација. Невозможно е да се разбере идејата за 'Божјо објавување' без почитувањето на особната, телесна природа Божја. -Исаија 45 е исполнет со препораки од Бога за Неговата лична вклученост во аферите на Својот народ: "Јас сум Господ, и нема друг... Јас, Господ, го вршам сето тоа... Јас Господ, го правам тоа. Тешко му на оној, кој се расправа со Создателот свој... Јас- Моите раце ги простреја небесата... Кон Мене обрнете се, и ќе бидете спасени, сите краишта земни". Оваа последна реченица посебно го покажува личното постоење на Бога, Тој посакува луѓето да Го погледнат, да замислат за Неговото дословно постоење со окото на верата. -Бог ни е откриен како Бог кој простува, кој говори зборови до луѓето. Сепак простување и говорење можат да произлезат само од особа, тие се душевни дела. Така Давид беше човек по срцето Божјо (1Цар.13:14), покажувајќи дека Бог има свест (срце), кое е способно да се реплицира до некаде кај човекот, сепак човекот по природа не е по срцето Божјо. Пасуси како "се покаја Бог што го беше создал човекот, па се разжалости во срцето Свое" (Бит.6:6), го откриваат Бога како чувствително свесно суштество, повеќе отколку некој замислен здив од дух во атмосферата. Тоа ни помага да сфатиме како навистина можеме да Му угодиме или не угодиме, како што може дете на својот природен татко. АКО БОГ НЕ Е СУШТЕСТВЕН... Ако Бог не е едно вистинско, суштествено битие, тогаш концептот за духовноста е тежок за поимање. Ако Бог е потполно праведен но не е материјално суштество, тогаш не можеме стварно да ја замислиме Неговата праведност откриена на луѓето. Двата апостати христијанството и еврејството појмуваат дека Божјата праведност влегува во нашите животи преку еден небулозен 'свети Дух' кој некако не претвора во Божјиот душевен лик, и прифатливи за Него. Напротив, еднаш кога ќе сфатиме дека има суштествена особа наречена Бог, тогаш можеме да работиме на нашиот карактер, со Негова помош и влијанието на Неговото слово за да ги одразиме Божјите карактеристики во нас. Божјата намера е да Се открие во мноштво прославени особи. Неговото спомен име, Јехова Елохим, го покажува тоа ('Тој кој ќе бидат моќните', е приближен превод). Ако Бог не е телесна особа, тогаш наградата на верниците е да имаат нефизичко постоење како Бог. Но описите за наградата на верниците во Божјото царство кое доаѓа на земјата покажуваат дека тие ќе имаат допирливо, телесно постоење, иако не повеќе подложни на слабостите на човечката природа. Јов копнееше за "последниот ден" кога ќе добие воскресение на своето тело (Јов 19:25-27); Авраам мора да е еден од "многумина од оние што спијат во земниот прав (кои) ќе се разбудат... за вечен живот" (Дан.12:2) за да го прими ветувањето за вечно наследство на земјата ханаанска, една физичка локација на земјава (Бит.7:8). "Светците радосно ќе воскликнуваат... нека пеат гласно врз леглата свои... и извршат пресуда врз безбожниците" (Пс.131:16; 149:5,7 евр. текст). Еден неуспех и од Евреин и од безбожник да сфатат пасуси како овие, како и битниот дословен, физички увоз на ветувањата кон Авраама, довеле до погрешното мнение за една "бесмртна душа" како вистинска форма на човечкото постоење. Таа идеја е потполно лишена од библиска поддршка. Бог е едно бесмртно, славно битие и Тој ја изработува Својата цел за луѓето да можат да бидат повикани да живеат во Неговото идно царство на земјава, да ги делат Неговите својства, изразени во еден телесен облик. На верниците им е ветено дека ќе ја наследат Божјата природа (2Пет.1:4). Ако Бог не е особа, тогаш тоа значи дека ние би живееле вечно како нематеријални духови. Но тоа не е библиско учење. Нас ќе ни се даде тело како она на Исус (Филип.3:21), и ние знаеме дека ќе имаме буквално тело во царството, кое ќе има раце, очи и уши (Зах.13:6; Иса.11:3). Доктрината за личноста Божја е према тоа поврзана со евангелието на царството. Треба да е јасно дека не може да има стварен концепт на обожавање, религија или личен однос со Бога додека не се сфати дека Бог е личност, дека сме ние по Неговиот физички образ, иако многу несовршан образ и треба да го развиваме Неговиот душевен лик за да можеме да ја преземеме полноста на Неговиот физички облик во царството Божјо. Многу повеќе смисла и утеха сега може да се извлече од пасусите кои говорат за Бога како за Отец кој љуби, не казнува како човекот својот син (пр. 5Мој.8:5). Во контекст на Христовите страдања читаме дека на "Господа му беше угодно да Го бие" (Иса.53:10 евр. текст), иако тој "извика кон Бога: тој го слушна мојот глас... и мојот плач дојде до него, дури до неговите уши" (Пс.7:6) евр. текст). Божјото ветување до Давид за семето кое ќе биде Божји син, го побаруваше чудесното раѓање на едно човечко битие; ако Бог не беше личност, не ќе можеше да има таков син. Правилното разбирање за Бога е клуч кој отвара многу други важни подрачја од библиското учење. Но како што една лага води кон друга лага, така и едно лажно поимање за Бога го замрачува системот на вистина која Писмото ја нуди. Ако го најде овој оддел убедлив, или барем делумно, се поставува прашањето: 'дали навистина го познаваш Бога?' Сега понатаму ќе го иследуваме библиското учење за Него. |